По оддржаната дебата во „Точка“ на тема „Дали воведувањето на веронаука како изборен предмет ќе придонесе за унапредување на човековите права?“, дадов и изјава за BBC на мекедонски. Изјавата е пренесена во текстот „Расправа за веронауката“, каде што можат да се прочитаат изјави и на другите учесници на дебатата.
За време на дебатата се повикував на заклучоците на Европскиот суд за човекови права од пресудата HASAN AND EYLEM ZENGİN v. TURKEY:
„...државата, при исполнувањето на преземените функции во врска со образованието и учењето, мора да се грижи информациите или знаењето вклучени во наставните програми да бидат пренесувани на објективен, критички и плуралистички начин, овозможувајќи им на учениците да развијат критички ум кон религијата (...) во смирена атмосфера лишена од каков било прозелитизам. На државата и е забрането да спроведува цел на индоктринација кој може да се смета како непочитување на религиозните и философските убедувања на родителите.“
Дали нашата веронаука ќе им помогне на учениците да развијат критички ум кон религијата?
Дали веронауката поттикнува прозелитизам (преобратување)?
Дали со веронауката државата спроведува цел на индоктринација?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
5 коментари:
Еве ја и изјавата од BBC, оти има некој проблем со линковите:
„Жарко Трајановски, магистер за човекови права се сомнева дека на часовите по веронаука, освен елементи на учење ќе има и елементи на проповедање и верско дејствување :
-„Од она што го видовме од настапите на вероучителите во кампањата која што беше насочена кон родителите, видовме дека всушност она што е основната цел е децата да се подготвуваат за вечен живот, како што кажаа дел од нив."“
Oh kao samo sum im samo ljubomoren na denesive petoodelencinja, vecen zivot (pa makar samo podgotovka) - vistinski mevlem za luznite na sekojdnevieto! Aj jas kutriot edinstveno sto docekav vo 5-to beshe kvazi-socijalisticka ideologija vo faza na trulez, raspagjanje, nepodnosliva rea ...! :-(
Pretpostavuvam gi podgotvuvaat za vecen zivot vo raj(h)ot, ne sakam ni da pomislam deka vladinite laboratorii rabotat ne vecen zivot vo kutrive ni i slabicki zemski tela. :-)
„Во рајот, божји чеда, ќе ве примат како Македонци, оти доаѓате од библиска земја“.
Ova za vo rajot kako Makedonci ne bi smeelo cesto da se povtoruva, moze 'nekoj' da dobie ideja za poinakvi integracii od evro-atlantskite. :-)
Објави коментар