Просто ме вади од такт рамнодушноста на европските медиуми во однос на хуманитарната катастрофа во Ирак. На пример, Ирак речиси го нема во топ вестите на BBC (главни вести се Иран, Либан и кутрата озонска дупка која од мака престанала да се шири).
Уште полошо, во единствената споредна вест која се однесува на Ирак, во фокусот се повторно „кутрите“ маринци на САД, а не секојдневните жртви од неуспешната операција „Слобода“ за Ирак.
Ќе речете: трупите на САД не се одговорни за сите жртви: најголемиот број луѓе гинат во граѓанска војна („меѓуверски судири“), а не од оружјето на маринците и нивните калфи и чираци.
Ќе ви одговорам: За мирот и безбедноста во окупираната земја одговорен е оној што ја окупирал! (вклучително и ние како Соучесници во злосторот!)
Што станува со нас кои уште со консензус, без јавна дебата, праќаме војници во „мировни“ мисии? Имаме ли шанси барем тука да ја пробиеме медиумската Окупација на разумот? Еве што цитира А1:
„Мислам дека имаме нешто што во најдобар случај е граѓанска војна на мал простор“, рече Фрај.
Веста е од типот - „Колумбо ја откри Америка“ - ни збор за истребувањето на локалните култури - Инките, Маите, „500-те нации“...
Се чудам само, што стана со новинарската етика? Каде е другата страна и нејзе да ја чуеме? Зошто новинарите од BBC не отидат во некоја Ирачка Шипковица и не направат репортажа со тамошните „Учки“, да ги прашаат зошто зеле оружје во рака?
И кај се македонските левичари (и хуманите блогери - секоја чест на исклучоците) да кренат глас против ужасната војна?
Никој не ги чита веќе постовите на тема Ирак, па бесмислено е да се пишува на таа тема?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Никој не сака да слуша - да овозможува да се слушаат “вести“ кои се лоши и уште предизвикани од нив...
“..Лажи лажи лажи ме, ти ме лажеш најбоље..“
Ова се однесува на Англиското и УСА новинарство .... она “независното де“
........................
Ирак е земја во која сум бил барем 50 пати - и ако ги бројам деновите на престој сигурно ке ми се соберат добри 5 посто од мојот живот (или три години и јаче) ...
Што да се каже за тој напатен народ таму....
Изгледа најдобро е да не си богат .. нема да си интересен за светските сили и поредоци ...
Се избаци податок дека во Ирак - одкога се “ослободени“ од режимот на Садам - дневно гинат над 50 цивили ...
Ова ке испадне како оној вицот ... те молам немој да ме браиш ...
Ирак сега стана и легло на неконтролиран - тероризам од исламистите ...
Со еден збор контролиран хаос - во кој страда со децении Ирачкиот народ - а сите други профитираат ...
......................
Војниците велиш - порано се испраќаа само со одлука на парламент - сега мислам тоа право со закон е пренесено на министерот за одбрана ...
Братче ние имаме сега Војска само за меѓународни мисии - тоа е доктрината ...
Професионална војска - која не смее да се употребува за внатрешни цели - и служи само за професионални мисии ....Буџетот на војската е неколкупати зголемен за последниве години ...
Ке погодиш од три пати каде одат парите?
„Војниците велиш - порано се испраќаа само со одлука на парламент - сега мислам тоа право со закон е пренесено на министерот за одбрана ...“
Не сум сигурен, ама мислам дека таа одредба ќе важи само откако ќе не примат во НАТО.
Велиш - „...контролиран хаос - во кој страда со децении Ирачкиот народ - а сите други профитираат ...“
Ако некој режи да прави „контролиран хаос“ во Македонија (скраја да е), дали и другите ќе бидат толку рамнодушни кон нашите страдања колку што сме ние рамнодушни кон страдањата на Ирачаните?
Е мое пријателче.
Ние сме у втората фаза на контролираниот хаос...
И мислам дека сите однадвор само сеир си гледаат.
На оние кои го прават хаосот - не им требаат луѓе ( не има неколку милијарди и бројката е во прогрес) ... но затоа територија им треба ... по можност чиста без луѓе ....
Објави коментар