Македонците и пандите

2/11/2009

Недостигот од сексуален ентузијазам кај кинеските панди се смета за една од главните причини за постојана опасност од изумирање на овој егзотичен животински вид. Повеќе од 60 отсто од заточените панди во зоолошките градини не пројавувале никаква сексуална желба. Сите обиди на зоолозите да побудат сексуален интерес кај пандите биле неуспешни. Дури ни употребата на вијагра не помогнала, па конзервативните зоолози почнале да прибегнуваат кон методите на вештачкото оплодување.

Сепак, некои проникливи научници од Тајланд најпосле смислиле мошне оригинален начин за сексуално стимулирање на незаинтересираните панди. Согледувајќи дека проблемот е во недостигот од елементарно сексуално образование, тие почнале да им прикажуваат експлицитни видеоснимки со „панда секс“! Дури тогаш осамените панди, лишени од „улично“ сексуално образование, сфатиле од своите колеги и колешки како се прави „онаа работа“. Воведувањето нов предмет по сексуално образование, со користење современи нагледни средства, се покажало како мошне успешна стратегија во битката со „белата чума“ кај пандите. Само по десет месеци, бројот на новородени панди се зголемил неколкукратно. Сексуалната преродба на пандите и сега продолжува, благодарение на примената на современи научни методи за сексуално образование. Сексуалните зоолози од Тајланд научно докажаа не само дека сексуалното образование е моќ туку и вистинска преродба!

Е каква врска имаат сега Македонците со пандите? Прашањето е сосем на место. Па и ние како и пандите сме заточени во егзотичната зоолошка градина „Западен Балкан“ опколена со високи шенгенски ѕидишта. И македонските заробеници се' помалку пројавуваат сексуална желба, особено откако асексуалните религиозни проповедници ги окупираа училиштата и ТВ-екраните, вгнездувајќи се и во „совеста“ на нашите политички проповедници. Сите досегашни обиди на нашите политички зоолози да побудат сексуален интерес во име на „преродбата“ и борбата против „белата чума“ останаа безуспешни. Не помага ниту финансиската поддршка за „живородени деца“ во општините со низок природен прираст, ниту пак кампањите за „многудетно семејство“ што почнаа да ги водат нашите малкудетни (или бездетни) министри и министерки. Во ветер одат и празничните посланија од религиозните пастири кон послушното „стадо“ верници, во кои абортусот се осудува како убиство и главна причина за „белата чума“. Како што асексуалната веронаука не може да биде достојна замена за сексуално образование, така и кампањата за бесплатно вештачко оплодување не може да биде супститут за посакуваниот секс и посакуваната бременост.

Признавам, се израдував како кинеска панда кога ја чув добрата вест дека една од партиите што учествуваат во нашата конзервативна влада понудила проект за задолжително сексуално образование. Но, почна да ме фаќа страв кога прочитав дека „со овој проект ќе се обезбеди здрава младина“ и дека се планира да се воведе кај петтоодделенците што веќе „доброволно“ посетуваат веронаука.

Зошто ме фаќа страв? Па, христијанските вероучители што читаат „Премин“ веќе се освестени дека децата не треба да се едуцираат за сексот затоа што тој ја уништува човечката личност, ја ослабнува човековата волја и го прави роб на страстите. Една од пораките на Архимандрит Рафаил (Карелин), кога ја толкува седмата Божја заповед „Не прељубодејствувај!“ е дека „Во сексот нема ништо благородно и радосно, туку напротив, има толку многу понижувачко и вулгарно!“. Еве уште неколку христијански пораки со кои се задоени нашите вероучители: „сексот и развратот се сила што го демонизира светот“; „крајниот резултат од блудочинството е т.н. несакана бременост, чија крвава завршница претставува абортусот, односно чедоубиството“; „оној што гледа со желба, веќе прави прељуба“; „сексот е зависност, исто како алкохолизмот и наркоманијата“.

Дали е можна толеранција и „соживот“ помеѓу асексуалната веронаука и сексуалното образование? Според препораките на Светската здравствена организација, правото на образование за сексуалноста е дел од сексуалните права како човекови: „Сексуалното здравје налага позитивен и почитувачки пристап кон сексуалноста и кон сексуалните врски, како и кон можноста за угодни и безбедни сексуални доживувања, ослободени од присила, дискриминација и од насилство.“

Ако сакаме да воведеме сексуално образование што успешно ќе превенира несакана бременост и сексуално преносливи инфекции, тогаш треба да си одговориме на следново прашање: Ќе ги учиме децата дека изразувањето на сексуалноста е смртен грев, блуд, разврат или зависност или ќе ги учиме на нивните сексуални права и одговорности (вклучително и на вештини како да го зачуваат сексуалното и репродуктивното здравје)?

Ако се одлучиме на првото, тогаш залудни се сите политички декларации дека „Унапредување на адолесцентното, сексуалното и репродуктивното здравје се дел од главните здравствени приоритети на Министерството за здравство и Владата.“ Оти, сексуалното и репродуктивното здравје не се унапредува со веронаука која проповеда „безгрешно зачнување“ и апстиненција пред брак, со полициско одземање кондоми на сексуалните работнички и присилно тестирање, ниту, пак, со демохристијанска кампања за „објаснување на последиците од абортусот“.

Ако сакаме да го унапредиме сексуалното и репродуктивното здравје, тогаш мора да воведеме родово-чувствително сексуално образование што ќе промовира сексуална слобода, сексуална автономија, сексуална еднаквост, сексуална различност.

Се разбира, доколку не сакаме да си останеме затворени како кинески панди, во егзотична античкомакедонска зоолошка градина.

8 коментари:

Анонимен рече...

Уште една одлична тема за дискусија која за жал се користи за дневнополитички цели. Авторот на блогот треба да има доблест и јавно да се изјасни која е целта на текстовиве и чии ставови впрочем застапува.
Колку за негова информација, проблемите со недостаток на сексуален ентузијазам меѓу Македонците има се јавуваат многу пред таа фамозна 2006та. Долги години (до нешто пред 22 години) мојата фамилија живееше во ист стан со бабата и дедото, при што бевме 4 души во една соба. Повели најди тука момент и простор за сексуални активности. До денешен ден јас во моите триесетина години живеам во ист стан со моите родители и во иста соба со сестра ми. Повели и тука најди момент и простор за сексуални активности.
Поврзувањето на оваа проблематика само и исклучиво со актуелната власт е кусогледа и крајно контрапродуктивна за оваа дискусија која заслужува навистина темелна анализа. А ако е целта повторно да се нападне власта за сите нејзини киксови и глупости... па мислам дека е човечки да се признае тоа уште на почетокот на текстот, да знаат луѓето во што се впуштаат...

И повторно ќе го повторам моето жалење што авторот на блогот одбива да одговори на креативна критика во предходните теми...

Развигор рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Развигор рече...

Препорака: Македонците и пандите (+ Симпсонови) - потенцијално место за дополнителна дискусија на темава

Renamed рече...

Генијално, фантастично, прекрасно..
ама има мал проблем. Овие методи ос старт се „неуспешни“ поради резултат кој го даваат, а е неподобен за нашиот контекст. Имено, пандите се македонегриди (според боја на кожа), а тоа е недозволиво денес и овде!
Фемгерила

Анонимен рече...

Decki,avtorot na blogot e Slavo-makedonec koj voopsto ne saka da ima nikakvi "genetski"vrski so ovie drugive Makedonci,antickive de,prosto se zgrozuva od taa pomisla i toa stvarno,so zakrvaveni oci gi gleda i prosto da moze ke gi "delite" ama tuka se zaebal gadno he,he.........sto se odnesuva do tekstot toa e mlatenje prazna slama t.e. sakam kazam neznam recam,tresenje gluposti,deckovo ima problem i ne moze da si go resi,pa poln e so frustracii ali koj go e.e .........zamislete do kade odi negovata odbojnost kon ovaa vlast pa ne sporeduva so pandite.Pando edna,ke te narecam taka bidejki i ti si del od makedonskiot narod(za zal) koga ke sakas da dades nekoj sovet,tvoe mislenje ili kritika kon nekogo, pravi go toa so pomalku negativna energija,sekako ako mozes,bidejki si batka stvarno otiden u kurac.

Развигор рече...

Сител даваат придонес со тоа што прикажуваат исечкани сцени од порно филмови секоја вечер по полноќ на тој нивниот нов канал С3.

Unknown рече...

На анонимниот критичар - „Авторот на блогот треба да има доблест и јавно да се изјасни која е целта на текстовиве и чии ставови впрочем застапува.“
Целта на текстовите, пријателе, е да си ги изразам личните ставови и аргументи. И тоа го правам веќе три години на мојот блог и пошироко.
А која е целта на твоите неаргументирани „критики“? Чии ставови ти застапуваш анонимусу?
Ете, тоа се прашања кои означуваат крај на секаква критичка расправа.
А кому му одговара да нема никаква критичка расправа?

Анонимен рече...

Јас ги застапувам ставовите на еден најобичен читател на Дневник; партиски необоен и тотално незаинтересиран тоа да го стори; кој веќе подолго време е крајно иригиран од едностраните текстови кои редовно се сервираат секоја среда. Не можам да ги прескокнам зашто самиот поглед на фотографијата и воведот кој се наоѓа на насловната страница ми ја доведува крвта во состојба на вриење и ме провоцира барем да се обидам да го прочитам текстот. А текстовите се такви какви што се, строго и исклучиво еднострани, но напишани под некаков параван на „независност“. Ај од другите барем знам што да очекувам (веќе сите останати колумнисти се партиски војници, помина времето кога имаше навистина интересни текстописци...) ама од еден НЕЗАВИСЕН експерт очекувам да пишува НЕЗАВИСНИ текстови, но тоа што го добиваме е се само не независно. Ниту еден текст за сите скандали што ја потресуваа опозицијата, за нивното однесување на последните избори, за нивните внатрепартиски проблеми итн. Ниту еден текст за случувањата во албанските партии итн. Колумната се користи исклучиво за плукање по една партија и (во поголемиот дел од времето) една (до две) личности. Толку. Затоа велам, авторот треба да се има доблест да се искаже чии ставови застапува, како што е случајот со сите останати колумнисти во Дневник. А дека се застапуваат нечии ставови е јасно и од последните случувања со „походиве“ и со времето на постоење на блогов. Сосема случајно тој е креиран пред 3 години, сосема случајно се поклопи со доаѓањето на ВМРО повторно на власт (и пред да кажеш дека си го почнал пред изборите, уште одамна беше јасно кој ќе победи на тие избори, исто како и во 1998), исто како што тогаш а и на времето кога предходно беа на власт одеднаш се појавуваа „независни“ експерти и се покренуваа нови весници, политички магазини итн. Провидно, мошне провидно.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week