Грандиозните знамиња

2/23/2009

Изјава за А1, Гигантски знамиња за подигање на националната свест:
„Знамињата се да обединуваат, а не да делат. Доколку под подигање на национална, Владата не подразбира само етничка свест, тогаш проектот е легитимен, вели колумнистот Трајановски.
„Овој потег на Владата, грандиозноста на знамињата, укажува на тоа дека за некого сепак големината е битна. За жал, ова знаме се повеќе почнува да се употребува како тотемски и племенски симбол, наместо како национален и граѓански симбол“, изјави Жарко Трајановски, колумнист.“
Еве и едно потсетување од лани:
„Како и претходната влада, и владата на Груевски не успеа да организира избори на кои ќе се вее државното знаме на целокупната територија на Република Македонија. Џабе е грандиозното државно знаме во скопската сала, кога истото знаме го немаше на скопските улици во населбата Чаир на денот на изборите.“ (Македонското знаме).
Што мислите, дали за овие избори државното знаме конечно ќе почне да се вее на целата територија на Република Македонија?

8 коментари:

Анонимен рече...

Sto bese ova crnilo vo dusata abe poln si so pakost i negativna energija i da znaes ke te fati nekoj rak zimi sve,sve nesto tebe ti smeta te ova te ona........mnogu tropas gluposti batka isto kako i so granicite taka i so znaminjata ...... tie nikogas i nikogo ne povrzuvale vo istorijata....a odi kaj grcite pa reci im deka nivnoto zname e kako totemski ili plemenski simbol pa ke vidis kako ke ti skrsat toa glavata.....a toa sto ti falat znaminja vo Cair i vo delovi od zapadna Makedonija...pa tie ne falat od sega,neli? A odgovorot na tvoeto prasanje e 100% -da-Odi na banja,bilo koja gi ima kaj nas mnogu,odi i olabavi se malku poveke...

Unknown рече...

А зошто малку и ти не отидеш на бања? Ем ќе се олабавиш, ќе не олабавиш. :)
Некој да ми кажуваше дека ќе имам олку упорен блог-обожавател, немаше да му верувам.

Анонимен рече...

Овој Anonymous е опседнат со тебе или го плаќаат да тресе партиски зелени од штабот на Гуевски, само дебилни коментари испраќа како да си прави муабет на пазар, а не да води културна дискусија. Не знам зошто воопшто обрнуваш внимание на коментари во кои нема ни тронка култура.

За знамињата, нема што да се коментира, наместо да му дадат работа и перспектива на народот тие го залажуваат со партали покажувајќи му колку бил „голем народ“. Така ги залажуваа албанските партии своите гласачи до пред неколку години, а сега почнаа и нашите да ја пеат истата песна. Колку сме голем народ се гледа од тоа до каде можеме да стигнеме со нашиот биометриски пасош - до Албанија и Србија само, а некои немаат ни пари да појдат од провинција до главниот град.

Unknown рече...

„а некои немаат ни пари да појдат од провинција до главниот град“
Познавам и луѓе од приградски населби кои многу ретко одат во центарот на Скопје, затоа што не можат да си дозволат 60 до 100 денари за автобуска карта во два правца.

Анонимен рече...

He,he zakon ste i dvajcata a toa za platen,da go prasas podobro Zarko,verovatno ke dobies interesen odgovor,daleku sum jas od toa nekoj da me plaka a da si legnevte podobro ke vi e,nego da visite nad tastaturata i da cekate nekoj da ve uvazi so komentar,neli podobro e....a toa sto nekoi nemaat pari batka tuka sigurno ne ti e kriv Gruevski,"tranziciskata krazba" e napravena odamna a kumot valjda ne si go zaboravil,no tuka ti e zarko,prasaj si go.

отпишан рече...

штета што толку пари ќе се арчат кога за година дена ке мора да се веат нови знамиња од -федеративна бивша југословенска република Македонија-F.F.Y.R.O.M.(без географска одредница)
замислете знаме со двоглав орел како лета а позади него зајди...сонце!

Анонимен рече...

Во секој случај некој е добро платен, Жарко штанца како да е на норма (веројатно е).

Анонимен рече...

Ne bre druze,toa se evtini lugje,sitna dusa se,se sitnale za sitna para..........a ti otpisani epten zabega i pazi ima i srpski orel,za koj srbite vikaat deka ima pogolemi madinja.....pa sega ti vidi.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week