Илинденски гафови и проблесоци на Љубиша Георгиевски

8/01/2007

Ваков македоноцентризам не се пропушта:

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите! Така зборуваше Георги Делчев. Ова е најчесто цитираната негова мисла, но за жал, најмалку реално прифатена. Оваа визија за светот, барем кога се работи за Делчев најнапред е визија за Македонија, зашто за него Македонија беше светот, а светот беше Македонија.“

За Делчев светот ти бил Македонија? Дал да плачам, ил се смеам...?

А само неколку реченици подоцна:

„Денес најхрабрите македонски мажи војуваат на страната на слободата во Ирак и Авганистан, војуваат на страната на 21-от век против средниот век таму!“

А што стана со „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, г-не Георгиевски? Кутрите ние, што војуваме „на страната на слободата во Ирак“. Зошто почнува да ми се блуе?

Сепак, не е се толку црно – има и некои светли моменти:

„...големиот Британски државник Гледстон ќе рече: "Македонија на Македонците"! И веднаш да сме начисто - под поимот Македонци тој, имено исто како Илинденците од Крушево како и Илинденците од Прохор Пчински, ги подразбира сите жители на Македонија, во која рамноправно и слободно живеат.“

Пеки, денеска и еден семкар на Гумења прекрасно се изрази: „Јас сум прво Македонец, а дури потоа Ром. Тука сум се родил, тука и моите се родени. Немам друга татковина освен Македонија. Немам друга грутка земја...“
Но, зошто толку упорно продолжуваме да ги изневеруваме Илинденците и АСНОМ-ците г-не Георгиевски? Зошто сеуште граѓаните на Македонија и во Уставот се делат на Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и „други“?

Веќе ни свечените говори не се можни без цитати од Фуере:

"Беа потребни речиси сто години да се оствари визијата на творците на Крушевскиот манифест, што преставува очигледен потсетник за тоа колку историјата на балканскиот регион оставила неизбришива трага во историјата на Европа како целина."

Кутрата „Европа“ (читај ЕУ) – да се надеваме дека ќе трае многу, многу подолго од „Крушевската Република“.

За крај, оригиналниот поздрав до сите „...граѓани на Македонија и наскоро граѓани на Европа“ (очигледно, Љубиша мисли дека сега сме граѓани на Азија или Африка):

„Ако Крушевскиот манифест завршува со поздравот "Ура за Автономна Македонија" денеска благодарејки на сите илинденци на сите борци и сонувачи за слободна и самостојна Македонија ние имаме можност со гордост да речеме "Ура за Европска Македонија"“

Е, најпосле да се согласиме.

Ура за Република Европска Македонија.

Поарно Евромакедонци отколку Славомакедонци.

И, нека ни е честит празникот. И првиот, и вториот Илинден. А за 8-ми септември ќе почекаме уште еден месец.

5 коментари:

redfinger рече...

Право во целта! Особено со пасусот за Гледстон и семкарот од Гумења... поставуваш вистинско прашање, ама се се плашам на погрешен човек.
Ај нека ни е честит двојниот празник и нека ни е за многу векови единствената Македонија.

Unknown рече...

Поставеното прашање под итно заслужува одговор - и реконституирање на македонската држава, ако сакаме да не биде.

redfinger рече...

Дали мислиш дека навистина Melting pot операцијата има шанси да успее кај нас? При тоа особено мислам на албанскиот фактор, кој за жал не покажува ни некоја желба за такво нешто. А ако сме реални и објективни и сакаме оваа држава да успее, тоа е можеби единствениот излез, за разлика од сегашната „племенска“ демократија.

Unknown рече...

Немам предвид „Melting pot“.
Има и други начини за изградба на граѓанска националност.
Идентитетот „Македонец“ е етнички „окупиран“, и тоа е исто толку дел од проблемот колку и употребата на „Албанец“ за граѓанин на Република Македонија.
Мора да се изнајде друго решение, оти постојново води кон етнички распад на македонскиот „систем“.

Анонимен рече...

Идентитетот „Македонец“ е етнички „окупиран“
Значи треба да го промениме името на државата или етничките македонци името на етносот?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week