Неколку километри од Македонски Брод, покрај патот за Самоков, може да се види од автомобил влезот на пештерата Пешна. Пештерата е прогласена за споменик на природата: „Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.“
Мистеријата на реката - За локалните мештани „врутокот“ е реката Пешна, понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри“.
Мистеријата на тврдината - Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“
Енигмата за отворот - Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина. Според проектот „природно наследство“, „нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м.“
11 коментари:
Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна. Мислам дека има и други наоди, но податоков кој го поседувам е од 1997 година, така да би требало да го апдејтувам.
Го имам одено тој крај кој е фантастичен. Долго време бев дел од Спелеолошкото Друштво Пеони. Дури имам и нуркано во Слатинско врело, зошто тоа е единствениот начин да се влезе во таа пештера.
Инаку се надевам дека убаво сте си поминале ,,по риболов". :)
Археолошки дневник vol.1
Жарко, айде напиши нещо повече за тия красоти - и ще го качим на блога "Пътуване до" http://stojtscho.blogspot.com
„Дури имам и нуркано во Слатинско врело...“ :) мора да било доживување!
Стојчо, следува цел серијал за Порече и други места во Западна Македонија.
E jebiga Жаре мој.
Да сме ние некои блог - пријатели, па да разменевме телефони, ке се видевме во ресторанот на пастрмка. Сме биле скоро истовремено.
Се радувам што си успешен на повеке “полиња“.
Мислам повремено на тебе и сакам да поделиме животни радости и по некој чај.Се освен жени. Може и жени, ама не и неа.
Неа може да ја поделам само на - парчиња, засега. Се правам фраер.
Фотките од Поречијата се преубави. Пешна посебно.
Имам кључ од една од куќите.
Што велиш да си однесеме се од Скоппје.
Може да ги пробаме и автохтоните кози.
Белки не читаат Тие, што не треба.
Пак планирам да одам во Септември - но не заради козите :)
Бујрум ако има некој за шетање :)
Жарко ајде тогаш да прибереме една мала блог трупа за во Септември. Многу сакам пештери.
Јас и онака планирам пак да патувам за Порече во Септември. :)
Жарко - да разбирам ли че мога да качвам пътеписите ти на "Пътуване до.."? (моя блог, де:-)
Poveli...
фала, фала :)
Model za IMETO vo OON shto go predlozil Igor Janev (a bese prihvaten za srpskiot slucaj vo OON): Request for an advisory opinion of the International Court of Justice on whether the unilateral declaration of independence of Kosovo is in accordance with international law. The General Assembly, Mindful of the purposes and principles of the United Nations, Bearing in mind its functions and powers under the Charter of the United Nations, Recalling that on 17 February 2008 the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo declared independence from Serbia, Aware that this act has been received with varied reactions by the Members of the United Nations as to its compatibility with the existing international legal order, Decides, in accordance with Article 96 of the Charter of the United Nations to request the International Court of Justice, pursuant to Article 65 of the Statute of the Court to render an advisory opinion on the following question: "Is the unilateral declaration of independence by the Provisional Institutions of Self-Government of Kosovo in accordance with international law?". 29.09.2007. Belgrade.
Објави коментар