Аферата „Бучковски“

8/04/2007

Аферата „Бучковски“ може да биде погубна за политичкиот имиџ на Република Македонија како кандидат за НАТО и ЕУ. Се зависи од тоа каков ќе биде нејзиниот исход. На удар се:

1) Независноста на судството („Постои раширено мислење за судијката дека е позната како марионета...“; Маневски „...диригира со марионетите во правосудството“; „во вторникот вечерта успеав да ја добијам судијката Катица Јовановска и да пријавам дека сум надвор од државата, но и дека сум подготвен да дадам исказ доколку има потреба. Таа рече дека ќе се договориме, ако тоа биде неопходно. Во средата, кога и' се јавив, судијката веќе донела пресуда за мене.“ (Ќе докажам дека сум невин во наместената афера)

2) Законитоста на полициското постапување („По петнаесет минути задржување, ми пукна филмот, и бидејќи повеќе години наназад контактирам со директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, со кого имав релации од времето уште кога беше и прв воен разузнавач, а потоа бизнисмен, му се јавив по телефон и луто побарав објаснување. Тој ми рече: „Веднаш ќе бидеш ослободен“ и навистина за една минута дојде службеникот што ме задржа, го прашав дали се појавил нивниот командир на полицијата, но тој ми рече: „Не, по нова наредба морам веднаш да ве пуштам“; „...одговорно тврдам дека мојот телефон се прислушува“.)

3) Демократичноста и уставноста на собраниските процедури за одземање имунитет („...беше испланирано во 19,30 часот седницата веќе да заврши на истиот начин како што заврши со поставување на предлогот и да бидам приведен на границата кога ќе влезам во државата“)

4) Работата на јавното правобранителство („Јавното правобранителство има дадено сигнал дека се губи спорот и дека не треба да се оди на второстепен суд за да се спори одлуката и случајот да оди на Апелација.“)

5) Политичката непристрасност во борбата против корупцијата

Ако судот законито пресуди дека Бучковски сторил кривично дело, тоа ќе бидат големи меѓународни поени за политиката на Груевски, но, само во случај доколку докаже дека борбата против корупцијата не е партиски селективна. Затоа, воопшто не би ме изненадило ако деновиве се покрене и обвинение против некој висок поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако „аферата Бучковски“ не исходува брзо со правосилна судска одлука, и ако притоа се покаже дека биле загрозени демократските принципи, работата на државните институции, и човековите права, тоа би можело да доведе до продлабочување на политичката криза во Македонија.

Во секој случај, неизвесноста продолжува.

Наместо Собранието да расправа за донесување на реформските закони, пак ќе се потроши залудно огромна енергија и време на „аферата Бучковски“.

7 коментари:

Анонимен рече...

Еј Жарко, чекав да пишеш за ова. :)

Ме интересира нешто повеќе за ова како функционира имунитетот на пратенициве, па можеби ти знаеш нешто повеќе?

Unknown рече...

Еве што вика Уставот:
„Пратениците уживаат имунитет. (...)
Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.“ (чл. 64 од Уставот)
Еве што вика Деловникот на Собранието:
„ 7. Имунитет на пратеници
Член 50
Пратеникот ужива имунитет од денот на верификацијата до денот на престанокот на мандатот.
Барањето за одобрување на притвор на пратеник односно известувањето дека пратеникот е притворен се поднесува до претседателот на Собранието
Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и кога тој не се повикал на имунитетот.
Претседателот на Собранието, барањето односно известувањето го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна на Собранието да му поднесе извештај, на првата наредна седница.
За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето, односно известувањето.

Член 51
Собранието, врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, одлучува дали ќе даде одобрение за притвор на пратеникот.
Собранието по известувањето за притворање на пратеник кој не се повикал на имунитетот, може да одлучи да се примени имунитетот над пратеникот, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
Ако Собранието не одобри притвор пратеникот веднаш ќе биде пуштен на слобода.
Ако Собранието не одржува седница, односно ако седницата не се предвидува да се одржи во рок од 15 дена, по барањето за одобрување на притвор, одлучува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е должна за тоа да го извести Собранието.
Собранието на првата наредна седница одлучува дали ќе ја потврди или укине одлуката на Комисијата.“

Анонимен рече...

Уставот вели „освен ако е затечен во вршење“....

Што значи ова, т.е. како се поврзува со ова со Бучковски (и Бошковски додуше). Колку ми се чини тие не се „затечени во вршење“.

До сега мислев дека имунитетот ги штити пратениците за дела кои ги прават додека се пратеници. Но, изгледа ги штити и за минати дела?

Unknown рече...

Toa „освен ако е затечен во вршење...“, важи и во случај кога нема „одобрување на Собранието“.
За конечната одлука се битни прашањата: дали судиј(к)ата има определено притвор, дали Бучковски се повикал на својот имунитет, и дали Собранието одобрило притвор.
Имунитетот е врзан за притворот.

Анонимен рече...

Хм, не ме интересира толку конкретниов случај, колку што ме интересираат вредностите за кои се залага нашиот Устав.

Значи, ако добро разбирам, имунитетот ги штити пратениците за време на нивниот мандат за дела кои настанале било кога.

Во некое замислено сценари јас може денес да направам неколку престапи, потоа да станам пратеник и, ако мојата партија остане доволно долго на власт или пак едноставно такви теми не се интересни, да се спасам од било каква казна бидејќи делата застаруваат после некое време? Ако ова е вака, тогаш гледам полно плодна почва за различни злоупотреби...

Unknown рече...

Практично, така испаѓа, затоа што Уставот не одредува дека имунитетот важи само за дела сторени во време на врешење на пратеничката функција.
Деловникот уточнува дела „Пратеникот ужива имунитет од денот на верификацијата до денот на престанокот на мандатот“, но тоа е само време кога важи имунитетот - а не и кога се наводно сторени делата.
Ова е едната страна на приказната. затоа треба да внимаваме кого избираме.
:)

игор рече...

Токму така.

Еве вакво нешто во пракса после неодамнешните избори во Турција.

Види тука :)

Тоа е тоа. Hacking the system.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week