Продолжувајќи ја традицијата на Тито и Колишевски, и Бане почна да дели лекции по историја во своето обраќање на Пелинце:
„Историјата не познава чуда и ништо не е случајно. За се и зад се постои одредена причина, претходен процес, логичен редослед. Ако Илинден 1903та е Македонскиот национален мит и духовно извориште; ако АСНОМ 1944та е моментот на реализирана државотворност и македонската историска победа; ако 8ми Септември 1991та е раѓање на македонската независност и целосната меѓународна еманципација, тогаш сите треба да бидеме свесни дека немаше да има независност без АСНОМ-ската победа. Немаше да се случи победа без Илинденскиот мит.“
Демек, што е поентата? ВМРО-вците се љубители на „митови“ и на „лузерите“ од Мечкин камен, а „државотворните“ СДСМ-овци се љубители на реалноста и на „историските победници“ од АСНОМ?
Со библиски патос, Бане ја продолжува својата лекција:
„Тоа сме што сме, како резултат на се што било и на сите што биле пред нас. И затоа секој обид, а денес за жал повторно ги има за фалсификување и ново пишување на историјата е штетен, антинационален и каков таков однапред осуден на неуспех.“
Секој обид за ново пишување на историјата е штетен и антинационален?
Не да смрди на тоталитаризам, туку базди. Бане радо би ги забранил историчарите, оти според него, секое ново пишување на историјата е „штетно и антинационално“.
Ова не е гаф – ова е невиден скандал! Ова е и отворена закана против секој кој сака да даде нов придонес за македонската национална историја. Претседателот на државата ме прогласува за „штетник“ и противник на нацијата затоа што сакам да дадам поинаква историска приказна?
„Историчарот“ Бане сака да ја претвори македонската национална историја во постојана „музејска“ поставка која никогаш веќе нема да се менува:
„Македонската национална историја не е продавница во која можеш да влезеш и да го купиш само она што ти се допаѓа, уште помалку да ја менуваш цената и вредноста на артиклите по сопствена волја.“
Ех, Бане, Бане. Како што си тргнал, може да си отвориш и една историска пиљара, па таму да ги шиткаш своите историски гачки.
Уште сум шокиран од тоа што и го сторија на македонската историја...
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
Ова нешто од далеку да не зборува тој (и) за лустрацијата? Пошто не е баш пријатно половината твои пионерски идоли и политичари на векот да ти ги нарекуваат шп(и)ончиња и кодоши.
Инаку да ти честитам, ти си меѓу последните Македонци кои екшли ги читаат или слушаат, а богами и анализираат говорите на (као) Бане.
Nashata istorija e edna golema cenzura za nashiot narod, nametnata od avetite na neokomunizmot vo demokratski manir. Stavovite na BC ne se stavovi na negoviot narod! Na negovite istorichari koi pishuvaat vo mrak vakvi grozni govori i totalitarni sebevosfalbi, mozebi!
Има нешто од тоа goodbytes. Можда алудира и на новиот музеј што ќе се гради, а можда и на веќе изградениот музеј во владата, и официјалната историска (ди)верзија на Паско Кузман која става акцент на сосема други историски периоди.
Историјата-цензура; да, ама имало и многу авто-цензура од страна на историчарите.
Бане, кој очај, пази молимте..
за жал, наш очај.
Oчај наш, кој си во фотелјата,
Нека е проклето името твое
Објави коментар