Граѓани за Европска Македонија

2/16/2009

Движењето граѓани за Европска Македонија, од утре (вторник), 17 февруари 2009 година, ќе ја продолжи серијата средби и разговори со граѓаните за состојбите и перспективите на Република Македонија. Трибините ќе започнуваат во 17 часот, и ќе се одржат во следниве градови:

17.02.2009 (вторник), Битола, Младински културен центар
18.02.2009 (среда), Куманово, сала на Совет на Општина Куманово
19.02.2009 (четврток), Струга, Дом на културата
20.02.2009 (петок), Кичево, Дом на културата

Иницијаторите на ова граѓанско движење и авторите на Манифестот за европска Македонија: Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Жарко Трајаноски, Владимир Милчин и Роберто Беличанец, досега се сретнаа и дебатираа со граѓаните на Скопје, Велес, Штип и Струмица.

Граѓаните масовно присуствуваа на трибините и нагласија дека се загрижени за иднината на својата држава. Наместо експлозија на националистички страсти, поделба на патриоти и предавници, глорификација на античката историја и букефализација, тие бараат нормален живот и европска иднина за себе и за идните генерации.

Според нив, Македонија е држава која се повикува на Европската унија, но се движи во спротивна насока односно во самоизолација. Државата тоне во тоталитаризам, корупција, сиромаштија и ги губи сите позиции за скорешно вклучување во европското семејство. Преговорите со Грција за името се исполнети со манипулацијата дека борбата за името е всушност борба за нашиот идентитет. Промената на уставното име, според нив, не значи и промена на идентитетот. Затоа, компромисот со Грција и борбата за ЕУ всушност претставуваат влог во иднината.

За многумина граѓани одлуката на надлежните институции за посебни „етнички“ смени на струшките средношколци и молкот на политичарите (и од власта и од опозицијата) претставува пораз за демократијата во Македонија. Но едновремено и и показател за тоа дека политичарите во оваа држава повторно сакаат да ги поделат граѓаните по етничка линија и со тоа полесно да владеат.

Движењето за европска Македонија е граѓанска иницијатива која сака да го поттикне и охрабри граѓанскиот индивидуализам наместо се поприсутниот колективизам. Оттаму, Манифестот за европска Македонија досега го поддржаа над 500 индивидуалци.

Сите граѓани кои сакаат да го стават својот потпис на овој граѓански манифест тоа можат да го направат на e-mail: gem@sonet.com.mk или на интернет страната:www.gem.org.mk.

Движењето за европска Македонија ќе организира трибини и настани до 1 март. За време на изборната кампања активностите ќе запрат и ќе продолжат по завршувањето на изборите.


8 коментари:

Анонимен рече...

Кога доаѓате во Прилеп!?

Анонимен рече...

Pak treses zeleni bre covece bozji,ti si eden onie na koj poprvo supakot ke mu se napolni otkolku glavata......mene mi izgleda ke si go dobiete u Prilep a i treba, go preteravte so taa tvoja evropska Makedonija......ete tvojot "milenik" Gruevski koj ne ti dava da spies,ti objasna za site tvoi obvinuvanja,posebno za tvojata omilena "bukefalizacija" tolku omrznat del od makedonskata istorija,ti teknuva? Mizerija ste ziva........neznam kako ne vi e neprijatno da kazete deka 500 individualci ve podrzaa do sega,uste ne ti jasno deka nikoj ne ve e.e ni recka ne vi udira.....

Анонимен рече...

Жаре бе, објасни ми, како тоа сите фрикови што се јавуваат во коментариве се анонимуси, а сите нормални имаат име и презиме?

Unknown рече...

Геро, што да ти одговарам, кога и сам знаеш дека прашањето ти е реторичко.
Ете, таква ни е „борбата“. Најголемите „борци за името и идентитетот“ немаат име и презиме.

Unknown рече...

На крајот од неделата ќе има распоред кога ќе организираме дебата и во другите градови - вклучително и во Прилеп - градот херој.

Анонимен рече...

Повелете во Прилеп, не се сите прилепчани со испрани мозоци... а во Прилеп дури ќе видите колкаво е незадоволство на прилепчани.. .во „најпатриотскиот“ град има најголемо незадоволство и револт кон власта...

Анонимен рече...

Жарко, те молам објасни му го концептот на интернет и анонимност на господинот Героски, очигледно не го разбира медиумот на кој се одлучил да го објавува своето мислење.

Анонимен рече...

И ова ми се виде многу интересна реченица: „Граѓаните масовно присуствуваа на трибините...“. Како во старите добри времиња! :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week