ГЕМ во Кичево: (с)илеџиите ја напуштија трибината!

2/21/2009

По силеџискиот инцидент во Струга, Граѓани на Европска Македонија (ГЕМ) продолжија со одржување на трибина во Кичево. Еве како поминавме вчера, од моја гледна точка.


Пред трибината, имав чувство дека ќе се појават малкумина граѓани, од страв да не бидат жртва на силеџиски изживувања. Се излажав – салата се исполни до последно место. Им благодарам на храбрите Кичевчани.


Но, и оваа трибина не беше лишена од инциденти. Кога му дојде редот на Мерсел Биљали, една мала група граѓани почна да го прекинува, барајќи говорниците да бидат пократки, за да можат што побргу да поставуваат прашања. Мерсел џентлменски прекина, иако си ја немаше довршено мислата. Откако набргу заврши и последниот говорник, модераторот Героски го отвори дијалогот со граѓаните од Кичево.
Првиот Кичевчанец што се јави го постави следново прашање: „Ај прво да ми кажете, кој е постар – Исус или Александар Македонски?“ Геро му направи ќеф и му кажа дека е постар Александар. Веднаш потоа беше изведен „логичниот“ заклучок дека Македонија е пред-библиска земја (наспроти постојаните
укажувања на нашиот премиер дека Македонија е библиска земја). Говорникот продолжи со куп лични навреди и клевети кон секој од говорниците. Таков говор на омраза одамна немав почуствувано во живо (освен на блоговите од анонимните „борци за идентитетот“). Модераторот љубезно кажа дека ќе одговараме само на аргументи и конкретни прашања, и продолживме.
И следните неколку прашања беа преполни со навреди и клевети од страна на група од петнаесетина граѓани сосредоточени во средината на салата. По секое навредливо прашање следеше аплауз од групата, со залудна надеж дека ќе биде прифатен и од остатокот од салата. Клеветата дека сме предавници на името и идентитетот решително ја одбивме, укажувајќи дека и ние, како и нашиот премиер Груевски, сме за достоинствен компромис кој нема да ги загрози нашите национални интереси и идентитетот.
Откако ја отфрливме инсинуацијата дека доаѓаме на трибини зар
ади високи хонорари, ни беше забележано дека сега ни дошло до поставување прашања, иако на времето „Сорос“ имал кампања дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“. Милчин демантираше дека фондацијата стоела зад кампањата пред референдумот од 2004. На прашањето каде сме биле кога се донесе Законот за територијална поделба, одговорив дека во 2004 работев во Хелсиншкиот комитет, кој побара да се повлече законот, затоа што се прекршува Европската повелба за локална самоуправа.


Не ни беше тешко да ги отфрлиме и клеветите дека јавно сме критикувале само кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Коља укажа како на времето јавно пишувал дека културната политика спроведувана од СДСМ е дно, но дека сегашнава културна политика отишла уште подолу. (На трибината немаше многу простор за изразување, па еве на блогов да си се доискажам: Поскоро можете да ме обвините дека по 2002 сум работел за ВМРО-ДПМНЕ, отколку за кој и да е друг! Зошто? Па, тогаш ја пишував првата верзија од месечните извештаи на Хелсиншкиот комитет. Токму делови од тие извештаи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги преобјавуваше како дел од партиската кампања против СДСМ!?!).
Нејсе, малата препознатлив група не успеа да ја минира трибината со лични навреди, клевети и подмолни инсинуации. Најсмешно беше кога Роберто Беличанец беше лажно наклеветен дека бил син на комунистички арамија (парафразирам). Тогаш Роберто го праша провокаторот: „Дали знаеш како се вика татко ми?“ Овој му одговори дека знае, и го спомна името на еден поранешен функционер. Тогаш Роберто му одговори дека тоа е клевета, и дека татко му е обичен работник од Прилеп.
Откако неколку граѓани и граѓанки на Кичево се дистанцираа од групата, давајќи подршка и критички забелешки кон Манифестот за Европска Македонија, групата гласни провокатори го направи последниот очајнички обид: Уште еднаш не прекинаа додека одговаравме на прашањата и, со гласни извици, навреди и негодувања излегоа од салата. Очекуваа дека другите граѓани ќе ги подржат. Се надеваа дека трибината ќе биде прекината откако мнозинството на граѓани ќе ја напуштат трибината. Но, тоа не се случи. Убедливо мнозинство од присутните остана, и прашањата и коментарите продолжија во смирена атмосфера откако групата провокатори ја напушти салата (Нивните гласови уште неколку минути се слушаа во ходникот, каде што неуспешно се обиделе да се пресметаат со еден нивни сограѓанин, навредувајќи го „Со тебе ли во Европа?“). Ем илеџии, ем силеџии!
По трибината добивме искрени честитки од повеќемина љубезни граѓани на Кичево, кои не охрабруваа да продолжиме со нашиот „февруарски поход“ за Европска Македонија, без оглед на насилството и провокациите.
И ќе продолжиме, следната недела. Искрено се надевам, дека дури и Груевски можеби еден ден ќе го потпише нашиот Манифест за Европска Македонија. Има надеж и за такво нешто, особено по неговата последна изјава: „Спремни сме на компромис, но таков што нема да го загрози идентитетот на македонската нација и нашето достоинство.“
Добредојде во нашето „предавничко“ друштво, почитуван премиеру!

11 коментари:

Photo Volan рече...

Вака така - по мене најубаво сте поминале во Кичево ... најпрвин заради тоа што конечно на самата трибина сте имале противници на вашата идеја - кои пробале да ви појасната дека сте во заблуда а они во право ...

Од твојот пост дознав неколку нови работи ...

поздрав.

п.с. кој може и сака нека се приклучи утре на протест против сечењето на дрвјата на Илинденска ... Протестот почнува утре во 13 часот пред аптеката Оскар, тоа е малку понакај влада од карши пионерскиот дом Карпош.

Анонимен рече...

Zarko, decko borecu za evropska makedonija,Februarskiot pohod e ocigledno so cel da setas po gradovi i sela i da go ubedis narodot(koj ete imal hrabrost i ne se uplasil da ve slusne-kakov nonsens,si pravis filmcinja batka)) deka e krajno vreme da go smenime imeto,dobar si vo duet so Bakojani i koga veke jades burek i ja opravduvas promenata na imeto objasni im ja i kurvinskata politika na tvojata EU pa i NATO kon Makedonija.Za kakva kulturna politika zboruvas decko,pa covece bozji juzniot sosed ako e vo moznost ke ne izbrise od zemjinata topka kako Makedonci,pa celo vreme se bara od nas da popustime sto i go pravime i objasni im ja tvrdata,ne tvrdata tuku nacional-sovinistickata politika na Grcija kon nas,objasni im deka grcite imaat napraveno cist g e n o c i d nad makedoncite vo Egej,bez da im trepne oko i den denes.....koga ke go objasnes, ama ubavo da go objasnis seto toa na tribina so tvoite ostanati petmina velicestveni,koj sekoj za sebe e posebna prikazna,togas pobaraj razbiranje od obicniot narod za promena na imeto.Ke ti treba mnogu vreme da gi nabrois zlostorstvata na Grcite nad Makedoncite,neli?Koga ke gi poglednes site istoriski fakti,koi na nasa zalost gi ima premnogu......treba da si navistina maloumen pa da se sloziz so baranjeto na grcive.......druga e realnosta sto ne prinuduva da bideme maloumni.......no sepak ako veke mora da se sluci takvo nesto(sto ne e moe mislenje) a za toa narodot ke se prasa,neka bide po nas terk.A za toa Gruevski da go potpise vasiot manifest........daj ne se zanesuvaj ziti majka,bidi realen.

Unknown рече...

Имавме противници, и тоа организирани. Не се обидоа да ни појаснат - не се обидоа да ни докажат дека сме во заблуда.
Се обидоа преку микрофон да не навредат, да не испровоцираат, да не наклеветат, да не омаловажат. Се обидоа да ја минираат трибината, па и да ги подисплашат граѓаните кои сакаа да го кажат своето мислење за проблемите што ги мачат.
Но, за среќа, во Кичево не успеаја. Ми остави посебен впечаток поентата на една граѓанка, која укажа дека е надвор од умот да се арчат толку пари на споменици, кога станува се поголем бројот на граѓани кои бараат храна по контејнери.
Граѓаните сакаат да ги кажат јавно своите проблеми, ама „Гласот на народот“ е глув.
Поздрав и до тебе Волане, и фала за информацијата за протестот, веќе прочитав на едно плакатче залепено на „Илинденска“.

Unknown рече...

Пријателе, знам дека сум реален - токму затоа го барам невозможното :)

Некни беше објавен многу интересен извештај за малцинствата во Грција, тема за која сум пишувал и претходно, за која што ќе пишувам и во иднина, со аргументи и докази.

Еве ти, специјално за тебе, цел пост што сум го објавил во јули летоска: „Македонското малцинство во Грција“

Џабе толку негирања - Караманлис: Нема македонско малцинство во Грција.

Според некои релевантни извори, има помеѓу 100.000-200.000 етнички Македонци во Грција.

И покрај негирањата на Караманлис, македонско малцинство се признава во извештајот на ECRI за Грција, каде што има посебно поглавје „Македонците и другите малцински групи“. На Грција и се препорачува да „ги продолжи напорите за подобрување на ситуацијата со членовите на другите малцински групи, вклучувајќи го муслиманското малцинство во Западна Тракија, македонската заедница, малцинските религиозни групи, како и имигрантите, бегалците и барателите на азил.“

Наведен е и следниов пример за дискриминација:

“For example, in 1982 a regulation permitted the return to Greece of people having fled the country during the 1946-1949 civil war, together with their families. However, this regulation applied solely to persons "of Greek origin", thus excluding persons of non-Greek, and particularly Macedonian, origin who had nonetheless left Greece under the same conditions.”

Потсетено е и на следнава пресуда на Европскиот суд за човекови права:

„In the Sidiropoulos and others v. Greece judgment of 10 July 1998, the European Court of Human Rights found that the refusal to register the association "Home of Macedonian Civilisation" constituted an interference with the freedom of association as guaranteed by Article 11 of the European Convention on Human Rights. ECRI deplores the fact that, five years after the decision of the European Court of Human Rights, this association has still not been registered despite the repeated applications made by its members.“ (За повеќе - A Decade After ECHR Judgment, Greece Continues To Refuse Registration Of The Home Of Macedonian Culture)

Инаку, интересен параграф за последиците од граѓанската војна во Грција може да се прочита тука: „Following the civil war in Greece (1946–9), 35,000 Communist ethnic Macedonians went into exile and were stripped of citizenship; land was distributed to ‘nationally minded’ Greeks who were resettled in Macedonia. Those who continue to assert a Macedonian identity still cannot return. These rapid demographic changes were complemented by compulsory assimilation, including name changes, school closure and the prohibition of the Macedonian language in public and in the home. Greek control of education and job discrimination have encouraged assimilation, making the Macedonian minority increasingly difficult to define.“

Еве и дел од аргументите на „Виножито“:

„Виножито“ прашува кои се оние лица кои во официјалните пописи во Грција до 1951 година се попишувани под графите „Мекдофони“, „Славофонски Македонци“, „Словени“ или „не-Грци“ и што се случило со нив по таа година. “ (...) „...зошто во 60-те години на минатиот век населението на цели села било присилувано да се заколне дека ќе престане да го користи „проклетиот словенски идиом““ (...) „Како е можно Грција, која постојано се фали дека е „колевка на цивилизацијата и демократијата“, во исто време де факто да ги негира основните фундаментални човекови права на овие граѓани, како што се правото на самоопределување и на сите права што прозлегуваат од него на образовно и културно поле?“. (Каде исчезнаа Македонците во Грција, прашува „Виножито“)
И, кој е сега малоумен?

Анонимен рече...

Mene ne treba da mi objasnuvas druze,kako sto ti rekov raskazi im na lugjevo za celata genocidna politika na Grcija kon nas,pa stavi gi argumentite na masa pa vidi ja reakcijata........pa togas vidi koj e maloumen........no prvo objasni toa sto ti rekov pa posle propagiraj za promenata.......inace samata inicijativa na Grcija da go promeni imeto i identitetot na nekoj narod e predovolna da i objavat vojna.......zamisli si samo da e Turcija na nase mesto,do sega ke gi udavea vo more........pa sega ti vidi koj e maloumen, ama dobro razmisli.....za tebe izgleda vazi onoj vicot so Makedonecot i Turcinot.....koga na nasiot mu padnale kuburite.....oroginal si kako nego,ti teknuva?Nema omraza od mene kon tebe .....omraza ima samo koga e nekoj nemoken kon nekogo a vie ste daleku od toa,bidi ni pozdraven....

Анонимен рече...

Еден упад само да си прашам:
- Зашто нема извештаи на блогот од трибините во Струмица, Битола и Куманово?

Unknown рече...

Фала за поздравите. Една од моите поенти во Кичево: Кога лутите непријатели Германија и Франција решиле на времето да не арчат повеќе политичка енергија на омраза и војни, тогаш почнала да се остварува идејата за обединета Европа.
Не треба повеќе да трошиме енергија на омраза и делби, туку да ја сосредоточиме енергијата кон единствена цел - Европска Македонија.
Тоа е она што не обединува и нас, и Албанците, и Турците... Обединета Европа (со Турција), без граници, ќе значи остварување на сонот границите повеќе да не бидат симбол за поделба, туку за обединување.
Нема извештаи за Струмица, Битола и Куманово, затоа што досега немав време - напорно е секојдневното патување.
И во Битола имаше спротиставени гледишта од страна на некои граѓани, впрочем, на секоја од трибините ги покануваме присутните да ни се спротистават со аргументи. Без тоа нема критичка дебата.
Салата во Куманово беше претесна да ги прими сите заинтересирани.
Немаше никакви инциденти ниту во Струмица, и покрај тоа што беа изнесени најразлични мислења од страна на присутните.

Анонимен рече...

Ti batka si unikat,jas ti pisuvam edno so zabeleskite moi,ti si teras po svoe,kako nikoj da ne ti zabelezal nisto(sto ne ti e prv pat)ja ante,ti antekurela.....si teras ti so taa tvoja "Evropska Makedonija"...pa povtorno istoto i se taka........samo edno ne mi e jasno koi ti se argumentite da spasot na Makedonija e vo EU i NATO.NATO zaboravi go,zasto clenstvoto vo NATO blage veze nema so ekonomijata i investiciite,dodeka za EU i toa e malku diskutabilno iako se slozuvam deka ke e podobro za poveke segmenti na ekonomijata.....no,stranskite investitori ne gi interesira dali nie sme vo NATO ili vo EU.....za niv e najvazno evtina rabotna sila,oslobodeni ili pak minimalen danok,da nema ili da go ima samo na hartija rabotnickiot sindikat.....kako bi napravile pogolem profit za pokratko vreme,odnosno,drzavata da gi napravi rabotnicite moderni robovi,sto mislis zasto Kina ima tolku golem i dolg ekonomski "bum",si gi videl kako i kolku rabotat nivnite rabotnici.....isto i vo Indija.....pogledni malku sto se slucuva vo Rumunija i Polska a vo EU se,pa i vo Spanija.........posebno pak sega so ovaa ekonomska kriza,malku ke ja podzaboravime EU.....decko, bez perenje mozok...open your fucken eyes....engleska izreka e.....a toa za granicite da ne se simbol na podelba....he,he batka daj ne zaebavaj,pa zasto se staveni.....za da ni go podelat i Ohridskoto i Prepanskoto i Dojranskoto ezero....ti teknuva,za da Grcite go zemat najubaviot del od Makedonija i t.n i t.n.A toa za obedinuvanjeto megju siptarite i makedoncite.......pa eve imas eden vid na albanizacija na evrosongot.......pa sega ti vidi.Inaku da te prasam dali bese na panihida za zrtvite na decata begalci,za egejcite de,vo Stip......garantirano ne si bil nitu pak od onie tvoite petmina 'braka".........abe lepota ste site.

Анонимен рече...

А ти анонимусу сали беше на панихидата на жртвите од владеењето на ДПМНЕ, на илјадниците стечајци, невработени и прегладнети кои секојдневно умираат од стрес и глад. Егејците кои денес живеат во Грција земаат 10 пати поголеми плати од нашите, не се тие загрозени воопшто, а ако се самите ќе си се борат за нивните права таму. Ние треба да се бориме за нашите права овде кои комуњарското копиле наречено ДПМНЕ и нивните претходници ни ги одземаат. Ни го забрануваат пшравото на говор и што е најстрашно, ни го забрануваат правото на живот со тоа што не тераат да питачиме за леб. Илјадници луѓе секојдневно остануваат без работа и парче леб, а само еден мал круг локални и државни моќници си ги полнат џебовите и изигруваат бранители на името. На кое име, на FYROM? Нашето меѓународно ием сега е БЈРМ, пшод тоа име и на Евровизија ќе настапиме. И некој сака да не убедува дека името БЈРМ било подобро од Северна Македонија. И додека не убедува (читај: лаже) ги полни сопствените џебови, а простиот народ се однесува како овци.

Unknown рече...

„...si teras ti so taa tvoja "Evropska Makedonija"...“
Не си терам само јас. Ако си гледал вести на „Сител“, ќе забележеше дека дури и Латас зборува позитивно за „Европска Македонија“.
А само до вчера се шегував „Јас не сум со Сител!“ :)

„clenstvoto vo NATO blage veze nema so ekonomijata i investiciite“
Ај прошетај малку до Албанија, па после ќе праиме муабет.

„decko, bez perenje mozok...“
И јас сум против перење мозок (и пари), ама оваа забелешка треба да им ја упатиш на преродбениците со кампањи, споменици и восочни фигури.

Анонимен рече...

.. Друже да ти кажам нешто за Струга .

Еднаш Черчил мудро рекол .... Можеш да ги лажеш некои луѓе некое време , но неможеш сите луѓе цело време ...

Неможете да ги лажете сите цело време ....

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week