Некои едноставни прашања заслужуваат едноставни одговори.
Еден од повеќето точни одговори на прашањето што му фали на нашиот Устав може да се изрази мошне едноставно: Основниот правен акт на нашата држава не овозможува ефективни механизми за заштита на сите човекови права за сите.
Токму затоа, постојниот Устав претставува кочница на нашиот пат кон ЕУ, каде што ефективната заштита на човековите права од страна на стабилни институции претставува нужен предуслов за едно демократско општество.
(дел од колумната што не ми ја објавија во Дневник. Уште се чудам зошто: дал з'ш го критикувам светиот ни Устав, дал з'ш го спомнувам „случајот Јован“, дал з'ш не сум политичар, партиски и владин советник во предизборие, дал з'ш сум почнал да тресам глупости од мал мозок?)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
(Еве го и остатокот на колумната, кој сака да чита)
Веќе наслушувам како бранителите на нашиот Устав го оптегнуваат лакот, подготвувајќи се, како убоита стрела, да го упатат следниов ноторен противаргумент: Една од основните цели на Уставот е „да се гарантираат човековите права“, и затоа најголем дел од Уставот опфаќа токму поглавјето за „Основни слободи и права на човекот и граѓанинот“ (од чл. 9 до чл. 60). Оттаму, тврдењето дека Уставот не овозможува ефективни механизми за заштита на човековите права потекнува или од незнаење или од несериозност. Имено, Уставот дава гаранции на основните слободи и права, и „Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.“ (чл. 50 ст. 1).
Сепак, стрелата ја промашува метата. И не само тоа, туку стрелците лесно можат да станат жртви на „бумеранг ефект“. Фактот дека само „секој граѓанин“, а не секој човек може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот, говори токму во прилог на тезата дека Уставот не гарантира судска заштита на човековите права (воопшто), туку само на слободите и правата на граѓаните (утврдени со Уставот). Имено, можеме ли да зборуваме за уставна заштита на човековите права, ако според Уставот само граѓаните можат да поведуваат постапки пред судовите, пред Уставниот суд, и пред Народниот правобранител? Можеме ли да зборуваме за заштита на човековите права, кога Уставот прави нешто експлицитно забрането со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права - дискриминација врз основа на националност/државјанство? Ако на оние кои не се граѓани на Република Македонија им е оневозможено правото на уставна заштита на нивните човекови права, тогаш дефинитивно нашата држава не обезбедува почитување и заштита на правата на сите индивидуи кои се во рамките на нејзината територија.
На пример, според Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, сите лица се еднакви пред законот, и имаат право на еднаква заштита од законот, без каква и да е дискриминација (чл. 26). Меѓутоа, кај нас правото на еднаквост пред Уставот и законите, како и правото на еднаквост во слободите и правата (чл. 9), е редуцирано на граѓанско право. Покрај тоа, Уставот ги редуцира и основите за дискриминација експлицитно наведени во пактот. Така, од чл. 54 ст. 3 од Уставот неоправдано отсуствуваат „политичко или секое друго убедување“ и „друг статус“ како основи за дискриминација, што исто така претставува арбитрарно стеснување на поимот на дискриминацијата. На тој начин, оние кои не се граѓани се уставно оневозможени да го остварат правото на ефективен правен лек во случај на повреда на правото на еднаквост пред законот. Притоа, и самите граѓани се оневозможени да се заштитат од дискриминација по било кој основ. На пример, ако некој ги ограничи моите слободи и права по основ на изглед (затоа што му изгледам сомнителен), затоа што по политичко убедување сум либерал, анархист или комунист, или врз основа на тоа што сум по националност/државјанство Македонец, јас како граѓанин немам можност да побарам уставна заштита заради дискриминација во вакви случаи.
Ако направиме една мала паралела со Уставот на ЕУ, најдобро ќе можеме да согледаме колку всушност нашиот Устав е рестриктивен во однос на човековите права. Повелбата за фундаменталните права на Унијата започнува со гаранција на човековото достоинство како основна претпоставка на концептот на човековите права: „Човековото достоинство е неповредливо. Тоа мора да биде почитувано и заштитено.“ Во нашиот Устав, достоинството е маргинализирано како „привезок“ на граѓанското право на приватност: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“ Тоа значи дека Република Македонија уставно не им го гарантира на странците ниту достоинството, ниту угледот, ниту пак правото на приватност. Тоа значи, на пример, дека Ел-Масри нема можност да побара уставна заштита заради повреда на неговото достоинство и углед. Ниту пак било кој друг странец може да побара уставна заштита заради повреда на правото на приватност, доколку биде, на пример, самоволно прислушкуван од страна на полицијата (а во отсуство на закон, секое полициско прислушкување е самоволие).
Бранителите на Уставот можат повторно да го оптегнат лакот, и да се обидат да возвратат со уште една аргументативна стрела: Дури и сите човекови права да не се конкретно наведени во Уставот, факт е дека темелна вредност на нашиот уставен поредок се и „основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право“. Судовите не судат само според Уставот и законите туку и според ратификуваните конвенции за човекови права, така што Уставот посредно овозможува заштита на сите човекови права на сите индивидуи.
За жал, и оваа теоретска стрела практично ја промашува метата. Заштитата на човековите права не смее да остане само на декларативно и теоретско ниво. За заштита на човековите права можеме да зборуваме само кога постојат непосредни институционални механизми кои обезбедуваат ефикасна примена на одредбите од ратификуваните конвенции. На пример, нашите судови имаат обврска непосредно да ги применуваат сите одредби од Европската конвенција за човекови права и да ги применуваат домашните закони во духот на Конвенцијата. Самиот факт што не го прават тоа, претставува прекршување на Конвенцијата.
Така, нашите судови ја прекршија Конвенцијата со тоа што не ги зедоа предвид одлуките на Европскиот суд за човекови права, релевантни за слободата на религијата, во судскиот процес против Јован Вранишковски за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Судовите не ја зедоа предвид оценката на судот во Стразбур дека улогата на властите во ситуација на конфликт помеѓу религиозни групи „не е да ја отстранат причината за тензијата елиминирајќи го плурализмот, туку да овозможат толеранција помеѓу соперничките групи“. Апелациониот суд Битола утврди дека во „случајот Јован“ „преземени се дејствија спротивни на Уставот, кои што значат воспоставување на паралелен свет Архиерејски синод, кој што не може како таков да постои, бидејќи постапувањето на обвинетиот е спротивно на уставните одредби за постоење на една Македонска Православна црква на територијата на РМ, на кој начин е предизвикан револтот кај граѓаните, односно верниците.“ Со тоа, судот не само што фаворизираше одредена религиозна заедница (што претставува ограничување на религиозните слободи, според Судот во Стразбур) туку погрешно се повика на Уставот, каде што нема конкретна одредба за „постоење на една Македонска Православна црква на територијата на РМ“.
За да не ни се случуваат вакви судски „ујдурми“ неопходно е да воспоставиме недвосмислени уставни механизми за заштита на сите човекови права, што налага донесување на нови уставни амандмани, и создавање на институционални претпоставки за непосредна примена на ратификуваните конвенции за човекови права. Во спротивно, наместо билет за возот наречен ЕУ, ќе продолжиме да се клацкаме во смрдливиот градски автобус (наместо во чист трамвај) - наречен пуста желба!
islam i terorizmot del 1
ISLAMOT NAOJOSTRO GO OTVRLA TERORIZMOT prevzemeno od knigata na procueniot naucnik Dr. Harun Yahya(Jahja) http://www.harunyahya.com/terrorism1.php
na http://islam.blog.com.mk/
i dole ima komentar:
# Па исламот е тероризам бре! (Јанко Јади Б… 25 Февруари, 2006 - 14:37 | одговори)
i što sea?
Супер што не му го избришал коментарот - да сведочи за глупоста! Пред некое време, во „Форум“ прочитав интересен аргумент - зошто Европа толку се бори против антисемитизмот, но не и против исламофобијата?
Некои ЕУ држави ги судат оние што јавно го негираат холокаустот, а други ги бранат оние што јавно го поистоветуваат исламот со тероризам. Малку лицемерно, нели?
ја одамна го дрвев за ислам/исламизам.
бев на една интересна.. хм.. трибина да ја наречам у белиот свет.
ај ако не ме мрзи ќе пишам.
Ni jas ne razbiram zashto ne ti go objavile tekstot... Vo Utrinski, pak, na Robert ne mu go objavija odgovorot na Venko koj vo nekolku navrati licemerno pekashe deka na zemjava i' trebaat polemiki, debati itn. Ne razbiram shto se sluchuva, no deka e trevozhno - e, poprilichno... Bashka, frka golema e i panika od izborive, site se pozicioniraat i si gi chuvaat gzovite...
Nego drugo sakav da kazham: premnogu veruesh u normativni reshenija, prijatele, pa duri i koga tie go dopiraat najvisokoto mozhno nivo - Ustavot... Mozhe ova e bezvezno snizhuvanje na eden razgovor za legalizmot&pravata, no mislam (ko Frchkovski, ebate!) deka kluchniot problem na nashevo raspagjachko opshtestvo ne e Ustavot... Koga nema pari (sluzhbi, mehanizmi, institucii) da se zashtitat pravata - kako mozhe da ti pomogne zakonot?! I mozhebi pred parite: koga nema dovolno razviena opshtestvena&kulturna svest?! Okej, taa se razviva i so ustavnite reshenija... No: na sekoj chekor ogromni se ponizhuvanjata, prijatele... I pravoto na zhivot e zagrozeno, kako ni zabegue opshtestvovo, a ne pak pravoto na dostoinstvo... Sluzhbite, na primer, glavno ne ebavaat zakoni (duri ni ustavni!), oti si imaat interni uredbi, razbirash (prislushuvanje itn.) Mislish deka ochajot vo socijalnata sfera (prostitucija, droga, razbojnishtva, kriminal, zastrashuvachka siromashtija) imaat vrska so ustavot? Se razbira, so ova ne mislam deka ne se umesni tvoite zabeleshki za Ustavot, no ne sum siguren deka toa e visok prioritet...
Уставот на ЕУ е едно од приоритетните прашања на Унијата.
Уставот е израз на одредени вредности и принципи, на една философија која го обликува општествениот живот.
Бедната јавна расправа за козметичките измени на Уставот од минатата година, и форсирањето на „рамковниот“ во сите сфери, се симптоми колку немаме поим од демократија и владеење на право.
Уставот дава подлога за градење на демократски механизми за заштита на човековите права. Ако нема подлога, нема можност за никакви механизми. На што ќе градиш ако немаш цврст темел?
За жал, дебатите околу Уставот бараат демократско предзнаење кое недостасува во нашиот јавен простор, особено кај новинарите.
Отсуството на јавни дебати околу Уставот е индикатор за тоталитарен режим или режим со мошне низок степен на демократска култура.
Ај, да не го тупам веќе - далеку сме ние од Уставна и парламентарна демократија!
Отсуството на јавни дебати околу Уставот е индикатор за тоталитарен режим или режим со мошне низок степен на демократска култура.
Ај, да не го тупам веќе - далеку сме ние од Уставна и парламентарна демократија!
Dobar ti e krajot, vo taa tochka vishe-manje se soglasuvame. No, totalitaren rezhim e malku prejako, ne kje e da e bash taka... Deneshniov globalen totalitarizam, prijatele, chesto se iscrpuva niz edna ekstatichna komunikativnost (mozhebi nalik na blogashkava:) i niz chesto beskrajnoto debatiranje i mediumskata seprisutnost... A za toa vreme se' pogolemite pari gi pribiraat se' pomalku lugje, i toa na eden prosto dramatichen nachin! (Bash go chitam Ulrih Bek, kaj nego seto toa e potkrepeno i so alarmantni brojki, no da ne optovaruvam...:)
That's a great story. Waiting for more. reviews for acuvue 2 colours Orange backpacks Bentley hotel new york ny
Keep up the good work Brake kits for chevrolet truck Boating daily zithromax treat gum infections Experience phendimetrazine Part of a microscope 2 acuvue Hiking in oahu dr. patricia fox ny plastic surgeon Baccarat hennessey
Објави коментар