Изјави за Глобус, во темата Молитва на античките копачи, каде што бев промовиран како „социолог“:
„Социологот Жарко Трајановски, националистичката политика и одењето кон минатото ги смета за инструмент за создавање конфузија, односно нејаснотии кои ќе им остават простор на политичарите да ловат во матно. Што е најлошо, вели Трајановски, не се запира кај античките Македонци, туку се оди и чекор понатаму, па се прави врска со каменото доба, со неолитот, со Пелазгите, Пајонците. “Ние немаме повеќе проекција за библиска, туку за препотопска Македонија“.
Тој не гледа ништо возвишено во копањето по античките корени и менувањето на идентитетот на Македонците. „Можеме сега јасно да видиме дека таа националистичка, букефалистичка политика е всушност димна завеса низ која ние не можеме да ги видиме вистинските потези. Од една страна имаме огромна механизација вклучена во перење на мозоци, а истовремено се перат и огромни пари преку кампањи. Во име на Македонија можеш било што да сториш и во таа ситуација се' е оправдано“, објаснува Трајановски.
Во актуелниот процес на редефинирање на македонскиот етнички и идентитетски код, според соговорниците, државата се откажува од словенското минато, преку кое македонската етничка нација е легитимирана. „Некои антрополози и историчари сметаат дека изградбата на нашата нација било како резултат на негација на бугарската. Сега имаме друг процес- ние градиме нација како резултат на негација на Грција. И се гради некаков идентитет кој што ќе биде негација на грчкиот идентитет, односно се користи како основа некаков античко македонски идентитет. Ако Груевски успее да го убеди мнозинството тука дека тие се антички Македонци, со тоа ќе ја докаже тезата на најголемите негатори на посебноста на Македонците- дека Македонците се некоја аморфна маса, која со извесна сума на пари можеш да ги претвориш во било што“, оценува Трајановски. (...)
„Трајановски предупредува на последиците. „Се плашам дека ако продолжи вака за десетина години можат да се создадат два тотално различни етноси, кои би биле целосно нетолерантни меѓу себе и ваквата расколничка политика може да доведе до граѓанска војна помеѓу современите антички Македонци и луѓето кои не сакаат да се поведат со таква една проекција, затоа што не сакаат да бидат предмет на подбивање и понижување на целата светска јавност“.“ (...)
„Целите на политиката на Груевски се краткорочни- да се остане на власт. Едноставно, оваа димна завеса овозможува покривање на сите политички глупости, неуспеси и овозможува лесно да се владее, со тоа што дури истата стратегија ја спроведува и грчката Влада. Груевски и Караманлис фактички се стратегиски партнери за остварување на една иста цел, а тоа е како да се остане на власт со максимално искористување на потенцијалите на етно- национализмот и омразата кон другиот. Во таа омраза, механизмите им се исти или паралелни, затоа што ако ги споредите изјавите на Бакојани и на Милошоски, ќе видите дека тие се исти. Тие го наметнуваат тоа танго на омразата коe овозможува нивен опстанок.“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
Социологот Трајановски прогнозира дека за десетина години ќе се создадат два тотално различни етноси??? Навистина не ми е јасно како си успеал да стигнеш до диплома... Тотален аматеризам и политизрање на една племенита научна дисциплина...
Исто така ако некој од надвор ги чита твоите изјави и текстови ќе си помисли дека само Груевски владее во државава. Прво фрустрации со Боцевски сега со Груевски, кој е следниот???
„ако некој од надвор ги чита твоите изјави и текстови ќе си помисли дека само Груевски владее во државава.“
А кој друг владее?!?
Влада во која учествуваат повеќе партии? Која има повеќе министерства, секое задолжено за различни сектори? Претседател? Собрание?
И размислете убаво пред да реагирате со анти-Груевски реторики. Македонија е далеку од Свазиленд, колку и да не им се допаѓало тоа на одредени „експерети“.
Ако продолжи со исто темпо „тангото на омразата“ и етничко-политичкото диференцирање помеѓу се побројните „современи Антички Македонци“ и другите етнички Македонци кои не се гледаат како потомци на „Александар (Би)Македонски“; ако продолжи процесот на десловенизација на етничките Македонци, тогаш една од можните последици на расколот е граѓанска војна.
Реално стравувам од таквата можност, зашто кај „современите Антички Македонци“ е видлива желбата да не сакаат да имаат ништо заедничко со Словените.
Жарко, понякога си мисля как още не си ял бой (кьотек) за тези ти идеи и мисли.
Респект и Господ да те пази!
Poveke pati ti imam napisano i pak ke ti napisam iako odnapred znam deka ne vredi,posto ti si ziv primer deka na nekoj poprvo zadnikot ke mu go napolnis otkolku glavata,no sepak vredi bidejki i drugi ke go citaat tvojot biser........stom vidis deka nekoj "bugarin" te komentira da znaes deka si ja zaebal rabotata.Karakteristicno e vo ovoj slucaj da "bugarceto" e potpolno vo pravo koga se cudi kako do sega nemas jadeno "boj" a si go zasluzil i si go baras so borince.inace ti si dokaz i toa jak dokaz deka vo Makedonija ima demokratija,sto na sekoja budala mu dozvoluvaat da pisuva sto saka,neli?Edno samo ke ti kazam batka,veruvam deka majka ti e ziva i siguren sum deka koga bi go procitala ova sto si go napisal,se pokajala sto ne te abortirala.......nema ama bas nikakva potreba od analiza na toa sto si go napisalne vredi a i ti batka si gola voda...........dzabe treskas gluposti....r e j t i n g o t batka, vidi go rejtingot,bidi mi pozdraven......jas te imav za popameten, ama jebi ga.
Одличен пост, искрено се радувам дека имате доблест на вистинољубиеи но пред се и критичка мисла во однос на табуата во однос на постоењето на македонска нација
Е па сега со кандидатот за претседател Љубомир Фрчковски ќе видите сите убаво што значи танго на омразата :)
Cestito koleshka
Објави коментар