Бушисти и букефалисти

1/14/2009

Во САД постои убава традиција, наместо грандиозни споменици, за минатите претседатели да се градат големи библиотеки, кои ќе го носат нивното име. Уште пред истекот на неговиот мандат, шегобијците веќе смислија како ќе изгледа претседателската библиотека „Џорџ Буш помладиот“ (ќе „проголта“ околу половина милијарда долари!). Библиотеката ќе има „Гвантанамо читалница“ (од каде што нема да те пуштат да излезеш) и „Читалница за оружје за масовно уништување“ (која никој не ќе може да ја пронајде). Во секоја читалница ќе има и електронски микроскоп, за посетителите да можат да ги видат добрите дела што ги направил „омилениот“ американски претседател. Разбира се, читателите во бушистичката библиотека ќе мора да ги читаат книгите свртени наопаку.

Едно академско списание објави дури и конкурс за дизајни на идната библиотека. Од 120-те пристигнати нацрти, посебен впечаток ми оставија предлозите библиотеката да биде во форма на непристапен подземен бункер (во кој ќе има кино за филмови со мачење), во форма на веце-шолја, во форма на крст (со статуа на слободата, која го покажува средниот прст), во форма на „дупка со лаги без дно“ покрај гробишта, а најмногу ме бендиса комплексот згради што ќе испишуваат порака „I am Liar“ („Јас сум лажго“).

Додека светот се забавува правејќи топ-листи со највпечатливите „бушизми“ (гафови) и најсмешни фотографии и видеа со политичкиот шегобиец Џорџ Буш, Македонија полека се претвора во оаза на буш(ов)измот. Еден од ретките натпартиски консензуси кај нас беше за поддршката на идиотската политика на Буш во Ирак, кој требаше да не внесе во НАТО наспроти противењето на Грците. Дури и сега како да постои натпартиски консензус дека никој не треба де се шегува со докажаниот македонски пријател Буш, кој вечно ќе ни остане во паметењето по двата фамозни македонски бушизми.

Првиот бушизам го чувме еден ден по 1 април во Букурешт: „Утре НАТО ќе донесе историска одлука за прием на трите балкански нации: Хрватска, Албанија и Македонија“. И навистина донесе, ама утре сабајле. Вториот бушизам го чувме во Загреб откако Македонија извиси поради тоа што македонските политичари искрено му веруваа на претседателот Минхаузен: „За мене, Македонија е веќе во НАТО“, изјави Буш по Букурешт, порачувајќи им на нашите политички наивковци да ги финализираат преговорите со Грција. Наместо да му верува на НАТО, нашиот премиер изгледа продолжи да му верува на Буш, па почна „победнички“ да се однесува како Македонија навистина да успеала да стане членка на НАТО.

И покрај поразот на светската политичка сцена, буш(ов)измот се' уште владее во Македонија. Една од најтешките задачи во работата на Буш беше „да се поврзе Ирак со војната против теророт“. Една од најтешките задачи во работата на Груевски е да ги поврзе сопствените политички неуспеси со „борбата за уставното име“. Како што Буш не престана да смислува нови начини како да и наштети на сопствената земја, така и нашите политички лидери не престанаа да смислуваат нови начини за минирање на политичкиот дијалог, за подривање на демократијата и владеењето на правото, и за ограничување на човековите права. Поверојатно е врбата да роди грозје, отколку македонските политичари да се откажат од автодеструктивната мисија на меѓусебно убедување кој политичар и која партија и' направиле најмногу штета на Македонија.

Напоредно со буш(ов)измот, владата упорно форсира погубна букефалистичка политика на перење мозоци со големи пари. Почна да ги обистинува стиховите од неофицијалната химна на ВМРО-ДПМНЕ „Народе македонски“ („...свести се не спиј ти. Не знаеш кој си, што си, други тебе знаат...“) До вчера сме спиеле како македонски Словени, денес се будиме како антички Македонци, а утре кој знае како ќе се разбудиме.

Сепак, најтрагикомична ми е „карневалската“ конотација што почна да му се припишува на зборот „европски“. Дури и славната изрека на нашиот „пастир“ - Не сме ние тиква без корен! - неодамна доживеа „европско-карневалска“ интерпретација во МАНУ од страна на неговиот „шарпланинец“: „Во 21 век, во ерата на глобализација и во ерата на европската интеграција за Македонија успешни ќе бидат само оние народи со најдлабоки утврдени корени и тоа е мислата водилка на актуелната Влада.“

Ех, Боцевски, Боцевски... Ако успехот на еден народ се мереше со „најдлабоки утврдени корени“, тогаш на српскиот „библиски“ и „небески“ народ во времето на Милошевиќ слободно можеш да му доделиш награда ем за најуспешен, ем за најевропски народ! Очигледно, Македонија не треба да се плаши за својата „европска“ иднина, се додека нашите „европски“ политичари (со преродбенички чекори „а ла глупи Август“) упорно ни шиткаат тикви и корени наместо ЕУ-реформи. И ете така, и предизборната кампања ни почна со „европски“ слоган „Да живее карневалот!“ Ем бушистички ем букефалистички. „Има една стара изрека во Вевчани - знам дека е во Мариово, ама веројатно е во Вевчани - која вели, ме измамиш ли еднаш - срамота, срам да ти е. Ме измамиш ли - не можеш пак да бидеш измамен“.

Е, тука си „прав“ пријателе Буш Македонски. Ако можеа Американците да бидат двапати измамени, зошто да не бидеме и ние? Затоа, наместо библиотека, ќе ти изградиме уште еден споменик сред Скопје. Има и ти да јаваш на Букефал.

16 коментари:

Анонимен рече...

Zhare,batka dzabe jades burek......povtorno pogledni go rejtingot,zarem ne ti e dovolno toa.......i zamisli onoj tvojot strumicanecot,ziva gluperda so cel pamet izjavuva...dvete najgolemi makedonski partii da zastanat zad eden kandidat.......pa koi dve partii bre majmun eden,toj uste ja zamisluva sdsm partija...pa DUI uste od lani gi shie vo popularnost,a kazi kakov biser.........pa ni manje ni vise turcinot Srgjan Kerim,demek potpolno se poklopuvale nivnite razmisluvanja i resenia za sporot so imeto.......abe vie site ste otideni u tri p...e materine,abe kakov Kerim kakvi bakraci sikter tamu.........Zaev vi e zakon,unikat.....kaza nesto i ostana ziv.........he,he,he..mi go razubavuvate denot koga ve citam.

Анонимен рече...

Kade e rubrikata прдеж-коментари?!?
Ja se ponadevav deka so nejzinata inauguracija ke citame poveke komentari-biseri ko od ovoj anonimusov, sho razubavuvat ni go d'n! ;)

Unknown рече...

Ете се покажува, прдеж-коментарите се смрт за критичката дискусија.

Анонимен рече...

Cela tragedija e toa sto imas i istomislemici,kolku i da se sobirate ve ima samo 7%,sega za sega,za sreka.Vo sekoj slucaj "dobri ste".

Анонимен рече...

Дали господинот Трајаноски ќе напише некој збор за последниот предлог на СДСМ да се оди на избори (која иронија!) со еден заеднички кандидат?

Анонимен рече...

Eden sovet za tebe druze,namesto da se glupiras so tvoite navistina beskorisni postovi,mnogu mnogu,mnogu popametno ke ti bide da mu se pridruzis na povikot na GLOBAL VOICES na makedonski........posto neli "bloger" si bil. Bidi malku koristen i so pozitiven.......i od mene veke nema da cues zborce,posto ne si veke interesen pa moze i da se kaze i vreden..... a..za na kraj....r e j t i n g o t be batka,sto pravime so nego,A??????????????

Анонимен рече...

Mene mi se cini deka kritickata diskusija ne dopira do 'sferite' kade operira sovremenata parlamentarna 'demokratska' politika, pa i makedonskata groteskna varijanta. Da se posluzam so citat od Slavoj Zizek, ne dopira do ironijata i sarkazmot na popularniot kinizam, a uste pomalku do moralnata amoralnost na vladeackiot cinizam.
Sho neznaci deka kritickata diskusija ne osvetluva ponesto za onie koi uspevaat nekako da se dvizat pod (ili nad) kinizmot/cinizmot, samo sho nema politicki efekti.
Prdez komentarite imaat bar za mene edna mnogu bitna funkcija - me teraat da se smeam ko lud, bar onie sho se 'dobri' (iako gi ima se pomalku, se istrosija avtorite, ili mozebi prdezot ko instrument gi ogranicuva, ima ogranicena ekspresivnost). A denes slusnav na A1 deka edan saat smeenje ti bilo isto ko saat ipol fitnes vo teretana! Koj provel dovolno vreme vo teratana (ko ja na primer, a so minimalen uspeh), mnogu brzo ke prepoznae kakov blagodet ni nosat od vreme na vreme 'prdacite'. :)

Анонимен рече...

Do Sashko,batka,tvojata kriticna diskusija ne dopira do tamu kade ja adresirate zatoa sto ste na dve sosema razlicni frekfencii,ti teknuva i neli kritikata ne mora da bide sekogas negativna,pa ovoj kolegata tvoj neznam od kade najde tolku plukanka,ispluka sve zivo i divo,kriticnata diskusija ne dopira batka zasto ste epten malku i zasto od sosema drug aspekt gi gledate rabotite taka da ic ne ve stavaat nitu na k.. ete zasto ne dopiraat "vasite" diskusii i epten ste daleku od narodot a ti prodolzi da si se smees samo sto smeenjeto ti e se pokiselo i pokiselo.I ne se pravi mnogu pameten,se precenuvas.

Анонимен рече...

Upravo to! :} (kisela nasmevka, od srceto na narodot)

Анонимен рече...

Rejtingot, pa rejtingot. A be i Hitler imal rejting, duri i koga bil piknat u bunkero :)
I Kerim ima najgolem rejting ko kandidat za pretsedatel, pa nikoj ne go shljivi, so oproshtenie, go lizgaat ko malo dete.
A za rejtingot na Gjorgje Ivanov da ne praime muabet - probiva plafon :)

Анонимен рече...

Сосема различен момент е високиот рејтинг на Керим за разлика од високиот рејтинг на душманите. Некој вреди повеќе од другите, некои принципи се исправни некои не. Идејата на СДСМ сигурно ќе биде поддржана од страна на „независните“ блогери како единствена исправна, нешто невидено и ултранапредно за овие простори!
Инаку Зарко, што се фрустрацииве со Боцевски? Од уста не го вадиш последно време. Да не ти ги згазил мравките или нешто слично?

Unknown рече...

„што се фрустрацииве со Боцевски?“
Нема никакви фрустрации, само многу повеќе очекував од него.
Не очекував дека среде МАНУ ќе застане во одбрана на нашите „најдлабоки утврдени корени“.

Shepard рече...

жаре, шо верна публика имаш, ти завидувам :)

Анонимен рече...

Види по бројот на коментарите колку е верна. На поголемиот дел од темите сосема коректно никој не коментира.

Unknown рече...

Шепард, секое време на грб си го носи своето бреме.
А нашава влада баш запнала да не обремени... :)

Анонимен рече...

Блогот и блогерот страдаат за нашите гревови...

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week