Зошто воопшто да зборуваме за геј-лезбејски-бисексуални-трансексуални права, кога знаеме дека концептот за човековите права, отелотворен во бројни меѓународни документи, подразбира сите човекови права да им припаѓаат на сите луѓе, и тоа насекаде? Зошто не-хетеросексуалците продолжуваат да се борат за GLBT-правата, кога човековите права се признаваат и штитат со бројни меѓународни документи кои не прават никакво разграничување врз основа на сексуална ориентација?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
23 коментари:
Извадок од колумна, веројатно за „Неделно време“, напишана по покана од МАССО.
Целиот текст следи во продолжение, за оние кои се засегнати од темава.
Чуму ГЛБТ-права?
Борбата за еднакви права на не-хетеросексуалците е првенствено борба против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација. Кога зборуваме за дискриминацијата, најопшто земено, го имаме предвид секое разликување, исклучување, или ограничување кое негативно влијае на уживањето или признавањето на човековите права. Добро ни е познато дека разликувањето, исклучувањето, или ограничувањето може да биде врз основа на раса, боја на кожата, пол, статус, социјално потекло, религија, етничка припадност... За жал, помалку ни е познато дека дискриминацијата може да биде и врз основа на сексуална ориентација.
Борбата за признавање на геј-лезбејските-бисексуалните-трансексуалните права не е борба за некои специјални или дополнителни права, туку за истите човекови права што ги уживаат и хетеросексуалците. Тоа е борба за истите права што практично им се ускратени на не-хетеросексуалците како последица на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и како последица на постојаната закана од социјално исклучување.
Но, зошто воопшто да зборуваме за геј-лезбејски-бисексуални-трансексуални права, кога знаеме дека концептот за човековите права, отелотворен во бројни меѓународни документи, подразбира сите човекови права да им припаѓаат на сите луѓе, и тоа насекаде? Зошто не-хетеросексуалците продолжуваат да се борат за GLBT-правата, кога човековите права се признаваат и штитат со бројни меѓународни документи кои не прават никакво разграничување врз основа на сексуална ориентација?
Истите прашања можат да се постават и за човековите права на жените, за правата на националните малцинства, за правата на децата, и за правата на останатите ранливи и дискриминирани групи. Исто како што има потреба да зборуваме за човековите права на жените поради тоа што половата рамноправност (во смисла на еднакви права на хартија) не значи и родова еднаквост во реалноста (практично уживање на еднаквите права), така имаме потреба да зборуваме и за GLBT-правата. Имено, рамноправноста на сексуалните ориентации само на хартија (во конвенциите за човековите права) не значи и фактичка еднаквост на сексуалните ориентации, односно практично уживање на истите човекови права во секојдневниот живот.
Поинаку кажано, во секојдневниот живот, не-хетеросексуалците се соочуваат со многу повеќе неправди и предизвици отколку хетеросексуалците. Во секојдневниот живот, не-хетеросексуалците се многу почесто изложени на ризик да станат жртви на многубројни неправди, на повреда на достоинството и нивните човекови права, како и жртви на психолошко, физичко или структурно насилство.
На пример, хетеросексуалците можат слободно да ја изразат својата сексуална ориентација на јавни места, на работа, во медиумите, во друштво, без страв од социјално исклучување и без закана по човековото достоинство. Во општество каде што хетеросексуалноста се подразбира како норма, не-хетеросексуалците имаат реални причини да веруваат дека со јавното изразување на нивната сексуална различност лесно можат да станат жртви - на социјално исклучување, на најразлични повреди на достоинството на личноста, па дури и на закани по нивниот телесен интегритет. Во општество во кое преовладуваат негативни стереорипи кон било какво отстапување од хетеросексуалноста - каде што мнозинството сеуште ја смета хомосексуалноста за нешто ненормално, неморално, за психичка болест или нарушување - припадниците на сексуалните малцинства имаат реални причини за најразлични стравувања.
Борбата за ГЛБТ-правата не е само борба за сексуална слобода и еднаквост, не е само борба на сексуалните малцинства против културната доминација на хетеросексуалното мнозинство, туку и борба за почитување на сексуалните разлики и за признавање и заштита на сексуалните права. Токму не-хетеросексуалците беа први што поттикнаа кај нас интензивна јавна расправа за сексуалната еднаквост, за регулирањето на сексуалноста и за иднината на семејството. Оние земји кои не отвориле јавна расправа за споменатите теми оправдано се сметаат за недемократски и тоталитарни. Затоа, самото иницирање јавна расправа во земја каде што сексуалноста се смета за табу, каде што сеуште правно се зборува за „половост“ (наместо сексуалност) и за „полова насоченост“ (наместо за сексуална ориентација) е несекојдневен придонес во процесот на демократизација на Република Македонија. Оти демократијата, како идеал, не подразбира само остварување на принципот на контрола (или „владеење“) на народот, туку и на принципот на еднаквост. Токму поради тоа, денес не можеме да зборуваме за демократско општество кое не води сметка за принципот на сексуална еднаквост, кое не презема активни мерки за елиминирање на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, и кое не придонесува за промовирање и почитување на сексуалните разлики и права.
Нашата борба за елиминирање на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација не подразбира само измени во законската регулатива. Такви измени беа декриминализирањето на хомосексуалноста во 1996 год. и неодамнешното бришење на „хомосексуализмот“ како една од повредите на воената дисциплина. Борбата за елиминирање на сексуалната дискриминација не значи само воведување нови законски одредби - како иницијативите за донесување на Закон за антидискриминација (во кој сексуалната дискриминација ќе биде експлицитно спомената како основ за дискриминација), и на Закон за регистрирани партнерства (со кој би се озакониле и не-хетеросексуалните заедници, што би довело до можност за уживање на речиси истите права што ги уживаат и оние кои се во хетеросексуална заедница). Покрај законските измени, државата треба да преземе и конкретни мерки за елиминирање на негативните стереотипи и хомофобијата (ирационалниот страв и омраза кон луѓето кои се сексуално и емотивно приврзани кон личности од сопствениот пол). Исто така, државата треба да ги поддржи конкретните активности на здруженијата на граѓаните кои се борат за ЛГБТ-правата, и самата да изработи стратегија и акционен план за борба против хомофобијата и за елиминирање на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација.
Само со преземање на активни мерки од страна на државата можат да се создадат услови за промена на социјалната перцепција на хомосексуалноста како општествена закана, да се превенираат јавните обиди за негирање на постоењето на хомосексуалците и секојдневните случаи на културно обезвреднување како на хомосексуалноста така и на не-хетеросексуалците. Без дефинирање на јасна платформа и без изградба на широка коалиција помеѓу државните органи и невладините организации кои се борат за еднаквост, Владината политика за борба против сите форми на дискриминација ќе остане само декларативна желба пред меѓународните фактори. Најдобар начин за убедување на земјите членки на ЕУ дека над 90% од нашите граѓани се за влез во ЕУ, е итното донесување на Законот за антидискриминација и Законот за регистрирани партнерства, и дефинирање на државна политика за борба против дискриминацијата и хомофобијата.
Зашто, борбата за ГЛБТ-правата не е само достоинствена борба на припадниците на сексуалните малцинства, туку и борба на сите оние кои што веруваат дека треба да создадеме општествени услови сите човекови права да им припаѓаат на сите луѓе, а не само на некои.
Супер колега,
одличен напис, ај во другата напиши и еден за марата, ама како во анализата што сте ја правеле не знам каде, па да се удружиме со педерите, ја предлагам Ганџа Геј коалиција, победник на следните избори. 100 000 педери и 200 000 дрогераши од сите видови, тоа се 42 пратеници. тоа е моќна коалиција, а онда јебеш чекор по чекор, ти ќе станеш министер за правда и има и да реформираме полиција и затвори, и се остало,ќе станеме демократска земја
Види го постот „Возот за Кочабамба“, таму имаш линк до објавената колумна за човековите права на корисниците на дрога.
Можеш да го видиш и годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет (www.mhc.org.mk), каде што исто сум придонел со една страничка на таа тема.
Не бери гајле, не мислам да станувам партиски пиун. Белки може и поинаку да се сменат некои работи.
Pisci koje volimo skrolati
Književnost blogerske scene otkriva svoje lice u Močvari
Program "Književnost u Močvari" koji vodi pisac i književni urednik Roman Simić Bodrožić ugostit će u četvrtak 9. veljače "zvijezde hrvatske blog scene", kako stoji u prioćenju kluba Močvara. "Oni pišu i sapunaju, peru i deru; duhoviti su, zajedljivi, svijet je njihovo igralište, a oni koji u njihovoj igri uživaju polako postaju (glasna!) većina. Blogeri u Mochvari i u živo večer je koja će pokazati dio sile koja hitro osvaja mrežu i okolne predjele!" Tramtinčica, Jesus Quintana, Lebowski, Porto, Levijatan, Wrunga i Eugen Vidrić otkrit će kakvi su blogeri performeri i koja se lica kriju iza kojih imena. Močvara, četvrtak u 20 sati!
Blogoslav Krleža i Miljenko Blogović
Natječaj za priče objavljene isključivo na blogovima
Naklada Zoro pokrenula je natječaj za najbolje priče objavljene na blogu, koje će objaviti u zbirci u vlastitoj produkciji. Kao što je najavljeno na blogovima grupe B.O.R.G. i Bookaleta za novu zbirku mogu konkurirati samo priče objavljene na blogu, koje su još uvijek dostupne na blogu, te ne smiju biti dosad objavljene nigdje drugdje osim na blogu, a u obzir dolaze svi blog-serveri. Iscrpnije...
http://www.fusnota.com/
Фала етна, како и обично, ме просвет(л)уваш! Читав од тоа хрватските блогер(к)и, ама нешто не сум „раздушевен“.
Освен, разбира се, од новиот бран хрватска блог-поезија, од типот -
„Jazzie, Jazzie da te jebem lezi“ :)
ah. ova pošto geroski spomnuvaše mesečnik so regruti od blogovE: blogerstvoto treba da si go najde sopstveniot najefikasen medium - ?!?!??!
ama sea vidov deka voopšto ne mora da se pomesti, da se premesti taa forma, medium is da msg, nali ovaj, i da i se dade soodveten... prodolžetok... namesto pak da vrakjame nazad.
se osekjame btw, što praev bar muabet so nekoi od... kolegive: )).-.. iskoristeni... mnogu somneži ima, zošto odednaš ne vikaat po sostanoci...
da si izguraat proekti, ili celta e blagorodna kako što ni ja prezentiraat... zatoa i pejstuvav.
ja sum standardno na bosanskite navlečena... osven na makedonskiot zglobnik, neodoliv mi e andol ce: postmortizam arhitekture
http://vitaminmen.blogger.ba/
"naime, počinjale su reklame i on tu nije ništa mogao"
eve ushe eden sho može kje ti se svigja
Muljholjand Drajv...
ŽeminŽeBao: Tamam sam sinoc stigo zraknut onaj film na koji me Seaman upozorijo...nema sta, scena je sama po sebi antologijska i s pravom zasluzuje da se nadje u kucnoj kolekciji svakog zdravog i mladog boshnjaka...film je ziva karina, mislim da ga raja gleda samo zbog onih lezbi, cak se nisam ni trudio da skontam ostale likove...kao komparativni reper bih istaknuo scenu iz filma starsky&hatch, sa karmen elektra i onom plavom malom...krovno filozofsko pitanje cijele ove price (pitanje svih pitanja, sto bi rekli zastupnici stranaka koje redovno ne ispunjuju cenzus za parlament) je zasto se loziti na lezbe, kada po definiciji nema izgleda da te teznje budu uzvrachene? Kao odgovor cu ponuditi nasu romantichnu hemingvejsku notu, po kojoj je onaj glupi starac teglio ribu iako je bio nacisto da ce ju ajkule pojest, ali on je teglio i teglio, i sanjo o lavovima..
Seeeeman: Egzekli maj frend… ideal međuženske ljubavi zarad ljubavi između žena i muškaraca (koja je i raison d’etre ovih pseudonastranih eksperimenata) zaslužuje da se nađe na tronu najcool ideala postmodernizma… aj min, zar se u toj međusobnoj razmjeni nježnosti čiji cilj biva zadovoljenje ničeanske Čelične Volje Muškarca ne nazire neki bolji svijet, dunjalook usmjerenih strasti i nekontrolisane sreće? Znaju li te žene da upravo onakvom razmjenom tečnosti, onakvim ekstatičnim dvobojem klitorisa doprinose unaprijeđenju egzistencije kao takve? S jedne strane stvaranjem opće sreće i zadovoljstva, te hegelijanskog liberalnog pomirenja suparnica istog spola koje stvara svijet kakvog je sanjao nekoć ostarjeli Seneka, a s druge strane, doprinose ostvarenju stoljećima sanjanog trojnog (jedan muškarac + dvije žene) koncepta, ideala i sna tisuća bošnjaka (što u dijaspori, što u domovini) o boljem seksualnom sutra, o svijetu gdje ljubav muškarca i žene ne prepoznaje ograničenja stupidnih tričarija i socijalnih okova koji ne dopuštaju pridruživanje i ženine drugarce u ljubavnu igru… to je san o boljem svijetu, Europskoj Uniji, NATO-u i Partnerstvu za mir, maj frend… nema tog sna bez prelijepe lezbijske ljubavi koja nagovještava metafizičku slobodu i kozmički sjaj ustreptale kože i nabreklih bradavica, koje se sudaraju u naletima toplote i uzavrele ženske krvi…
Scena u filmu je THE SCENE u kontekstu cijele kinematografije… Respect!
http://seamanteinz.blogger.ba/arhiva/?start=20
Mulholland drives me crazy! :)
eve i od mene edna preporaka:
http://seks.blog.com.mk/
Draga Etna, ne shiri paniki vo vrska so eden obichen obichen sostanok! Tokmu za toa i se pravi: da si kazhat lugjeto stavovite, koj saka da bide "iskoristen", koj ne saka, koj da slushne nekoj drug, da se inspirira, da se povrze so nekoj tret, da si sozdade svoj proekt, a drugive da go pomagaat, da se fura! Mozh nekoj da dojde i da kazhe: "abe, marsh vie jebani kapitalisti i lazhni menuvachi na svetot, iam blog, iam svet, ko Vitgnshtajn sum, ko podvizhnik vo peshtera, toa dojdov da go kazham aj zdrao..." A mozhe i dopis da prati, do sostanokot :) Nie imame par idei i sakame da gi delime. So samoto toa, barem mene toa mi e podrazbirlivo, znachi deka sme otvoreni i nie da spodelime nechii tugji idei. Radi toa go organizirame sostanokot, no stvarno treba da go sfatite epten epten nepretenciozno :) Na krajot, ne se menuva opkruzhuvanjevo tuku-taka, so sostanoci i dobra volja (mada tie se neophoden uslov :). Treba da se zasukaat rakavi, drugarchinja! Najposle, dojdete ko shpiuni, da vi ebam toa nepodvizhnite deca zalepeni za kompjuterite! Dojdete da go zapoznaete neprijatelot, kakvi ste smotani&izgubeni, ne gi znaete ni osnovnite voeni veshtini! Aj zdrao!
znachi etna, mnogu sum ti blagodarna shto navistina tvoeto slobodno vreme, vo koe gi istrazzuvash regionalnite blogovi, go spodeluvash (polu)javno so nas, ostanatite, redovni i sluchajni patnici niz ovoj, ne sekogash, no sepak chestopati zanimliv vmrezzen svet. Velam (polu)javno oti blogerajstvoto, sepak, e polujaven i ne taka dostapen medium... barem vo ovaa zemja kade shto neogranichenite internet uslugi mozzat da si gi dozvolat onie shto imaat finansiska komocija! (Patem, zzalam shto kje zastranam od prvichno postavenata tema, ama zar ne e toa obichajot na blogerskiot dijalog?!)Mnogu mi se interesni "filozfskite" i "etichkite" dilemi shto na blogovive se pojavuvaat okolu idejata za "zdruzzuvanje", "konstruktivna i nasochena razmen", "artikulacija na nafrlenite strasti i idei"... Gledam, nekoj se za (iako malkumina), a nekoi "drugi od istite" se protiv. Super! Ne gledam nikakov problem. Ama gledam drug problem: kakvi se tie, pobogu, anahroni paranoi, deka sekoja inicijativa razlichna od onaa koja ni e konforna i bliska, mora da e "demonski", koristoljubiv chin koj kje gi skvernavi chistite "osameni" blogerski dushi. Aman ve molam! Pa, ako insistirate deka mediumov e beskrajno demokratski, bidete otkacheni i slobodni, ko shto pretendirate da se prikazzete, pa obidete se da sfatite deka tamu nekade postoi svet razlichen od vashiot, no sepak ako ne isto, bar priblizzno "neizvalkan" (ako voopshtpo postoi neshto neizvalkano. a bashka ne veruvam vo malte ne religioznite principi na "nie chistite i nevinite i vie valkanite i premachkani so site boi". koj znae koj e volk a koj e jagnje. identitetite se fluidni i postojano menlivi.)Koga sme vekje kaj triiljadi pati poprosvetlenite od nas Hrvati: zar ne znaete deka imaat celi kampanji za nezavisnata kulturna scena, koja poprilichno uspeshno go menuva nivniot javen prostor, a vo koja spagjaat i blog-magovite. Drzzat seminari za blogerstvo, pravat manifesti, javno i ZDRUZZENO nastapuvaat, i toa se' vo kontekst i poddrshka na poshirokite vlijanija na nezavisnata kulturna scena, a ne za da "dobijat ushte nekoe proektche, i da si stavat nekoj denar vo dzeb". So toa istapuvaat kako nekoi koi ne teraat samo eskapistichki film (protiv koj nemam nishto protiv, oti i samata chesto go teram!)tuku i kako nekoj koj chija subverzivnost ima podalekusezzni efekti. Ama, da, daleku sme nie od toa nivo na svest.inaku proektite postojat ne samo za kradenje pari tuku i za realiziranje nekoi idei, osobeno koga nema "mama i tato" shto kje gi sponzoriraat ideite do bessvest.
Ako tolku ste zagrizzeni nekoj da ne ve izmanipulira, prvo trgnete se od stranite na Gerovski ili barem pobunete se za krajno neadekvatnata prezentacija na "blogerajskite citati" na stranite od nedelno vreme. (ova ne se odnesuva na kolumnite na Bukarski i Vangeli, bidejkji tie si se kolumni, si postojat zasebno od blogerskata filozofija). Zboruvam povekje za neshto drugo: kako nikomu od vas do sega ne mu tekna deka Gerovski vadejkji od kontekst na cela blogovska diskusija samo parchinja koi nemu mu konveniraat, ve manipulira do daska! Shto saka si prai (ili mozzebi ima pomoshnik urednik koj e regrutiran od redovite na blogo-posednicite?!)! Pa, zar ne sfakjate shto se sluchuva na stranite nanedelno vreme! Nekoj pravi pachvork i vi go "ureduva" blogerskiot zzivot, afirmirajkji stavovi koi nemu mu odat na raka, a ignorirajkji ja diskusijata. Lugje, pa razgovorot, diskusijata, se smislata na blogot. a vie mirno si kuckate po blogovite i ponatamu, i mu se voshituvate na gerovski koj saka da "ve afirmira" bez da vidite deka ve manipulira.
Znachi koj saka da se zdruzzuva neka se zdruzzuva, koj ne saka da se zdruzzuva neka ne se zdruzzuva, koj saka da go menuva svetot sam (svojot, a so toa i na drugite) neka go pravi toa, koj saka da bide telo neka bide, koj saka da bide vozduh neka bide, koj saka da bide solza neka bide, koj saka da bide nozz neka bide, koj saka da bide neka bide, koj saka da ne-bide neka ne-bide, koj saka neka saka a koj ne ne... site opcii se vo igra, samo dobro da se chuvstvuvame vo niv. a shto se odnesuva do glbt pravata, vo slednata epizoda...a mozzebi i vo ramkite na nekoj drug medium.
sea koga gi pročitav kolja i iskra, vaka zaedno, nagonot da otidam i da si go izbrišam blogot beše zaslepuvački.
ednaš kaj žare, vo6-7 sabajle, bobi&abov&žare se obiduvaa nešto da mi kažat, koga žarko konečno zakluči " samo ne sakame i tebe da te fati prokletsvoto koe nas ne ima pogodeno"
da sediš doma da go drkaš i da nemaš hrabrpst ništo da napraiš.
sea se potsetiv ubavo koj ambient go ovozmožuva odigruvanjeto taa na taa unikatna tragi-komedija.
koja finansiska komocija ma? možeš ti i bolje da udriš, samo ako se ohrabriš dovolno. slobodno od site tračevi što gi znaeš izvadi nešto pomrsno, i zavitkaj go vo blagorodniot jazik na humanosta...
da ti se pravdam? koga zadnji pat na -20 si idela peški do doma. od centar. kolja znae kaj živeam. a?
i toa ne kako isklučok, tuku povekje kako pravilo.
a toa deka site si prilagoduvaat celi sistemi na "vistini", koi logički sovršeno funkcioniraat, onaka kako im e udobno i kako im čini, toa ne e ništo novo. ona lamentot mama i tato. na smetka na ostanatite kutri dušički koi nemaat za adsl ama imaat za karti za dario, ceca, da go napunat trgovski i da se pijančat so four roses sekoja večer...
ič ne mislam da im sudam, na tie toa što go pravat, ama onie licemerni preseravanja od tipot a1 storii za teškiot život na tutunarot od bogomila ne gi pušam. tie zagriženite neka stanat monasi i neka odat peš, po zemjata i neka im podavaat čaša voda na usnite na lugjeto koi se stari a živeat sami po selata, ako se tolku zagriženi. samo edna odluka od toa ve deli.
da ti go donesam refus u točka, ređo balić kako kje izreagirate o vie kulturni rabotnici? i zošto on nejkje da doagja? zošto ne saka? ne! zošto vo finata i topla i kulturna atmosfera ima se osven razbiranje za toa deka on ne može sekoj den da gi mie do krv racete od uljeto, pošto e automehaničar. e ređo balić and friends, tie se mojot vistinski luksuz.
koj e vašiot?
geros(v)ki ja prv pat doznav koj e pred edna nedela. i koj kur zboruvaš u množina?
i preku kurot od tapšanja blogot e ovo blogot e ono... toa megju drugite raboti e i e-zaednica. a kako funkcioniraat zaednicite si znaete vie pametni ste.
i koj kur u množina mi zboriš?
i na krajot: slobodno vreme?
vremeto e mojata edinstvena opcija, ne davam da mi go odzemaat vremeto taka lesno. ne znam što znači toa. osven kon obvrskite prema sebe si, osven taa najgolema odgovornost, ne prifakjam drugi! kako šo mi kaža golemiot Ilias Marmaras so nesmasno izbrani termini: bidi sebična taka kje bideš najkorisna za site drugi.
Nema da bidam od onie lugjeto što se javuvaat kaj janko u emisija da kritikuvaat, da ja kritikuvaat "vlasta" ili što gi sretnuvaat na pazar.
i ebete se, koga upadnavte vie, ne možam ni dva zbora da napišam.
a što se odnesuva do linkovite, seaman teinz, mi go preporača u mail, peđa, libert, http://brlogar.blogger.ba
kako i khatam šud. a za ovie što čitaš i elektroničke knjige.. pa zar ne znaete za tie sajtovi???
ne znam što znači toa. - kategorijata slobodno- neslobodno vreme. eeeee
zzal mi e shto imash tvorechka kriza etna. ama izvini, ne sum sigurna deka ti e od mene. kje treba da si se preispitash podlaboko od kaj te spopadnala. od druga strana mnogu me raduva shto si zzestoka so mene. super bi bilo istata zzestina da ja primenish i kon nekoi drugi. ama ako, sekogash treba da se najde bar eden "neprijatel" - koga sme nemokjni ili vo tvorechka kriza toa pomaga.
vo mnozzina zboruvam oti sakam da ja voopshtam, proshiram temata. izvini, ama razlichni sme. za mene shirenjeto na temite e predizvik, a lice vo lice maalska raspravija, i ne bash. ama, ete, prosti, shto sum napravila greshka. oti gledam ne trpish ich greshki i razlichnosti.
ne znam za kakvi trachevi zboruvash. znachi, pak kje treba sama da si ja ishnesh muvata na kapata. dali si odela peshki do doma ili ne, e tvoja rabota. a ich ne e tvoja rabota kako jas sum se "dvizzela" niz zzivotot.
isto, ama bash ich ne mi e gajle koi ti se drugari. a ich i nemam namera da ti podnesuvam izveshtaj za toa koi se moite prijateli i so kogo jas komuniciram i ne komuniciram. a ona za sporedbata na nechii tragichni prikazni na a1, i moite zabeleshki za zdruzzuvanjeto mi e totalna nebuloza i nejkjam da go komentiram.
bash ja izbanalizira celava prikazna!
ama ako, toa e shlag na celata banalnost vo koja so arogancija zziveeme.
vo sekoj sluchaj, drago mi e shto se vidovme denes i shto mozzebi kje sorabotuvame. oti veruvam deka ima shto da spodelime.
ushte neshto. zzarko vchera eksperimentiral so mozznosta za ureduvachka politika na blogovite, pa zatoa nemav pojma deka kolja napishal ovde svoj komentar. mojot komentar se nadovrza ne na komentarot na kolja tuku na onoj etna shto go dava. zzarko ne si igraj vekje so vakvi raboti oti stvarno i ti ko gerovski sozdavash razni vpechatoci i neprirodni razvoi na dijalogot. gledam so kolja sme se poklopile vo nekoi stavovi (shto ne e bash chesto!) ama bezvrska e shto mojot post e posle negoviot a jas ne sum go ni prochitala.
nema veze, mala digresija... ionaka blogerajstvoto e celoto vo digresii... shto e super :-)
:)
Позитивна дискриминација? Афирмативна акција?
Повеќе сум за „афирмативна акција“, затоа што зборот „дискриминација“ го употребуваме строго во негативен контекст - на пример, Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените...
Тоа значи - конкретни мерки за постигнување de facto сексуална еднаквост помеѓу хетеросексуалното мнозинство и не-хетеросексуалните малцинства.
Знам, ама не разбрав баш дали сте за примена на афирмативната акција во конкретниов случај! Конкретни и ,по дефиниција, привремени мерки, додека не се постигне фактичката еднаквост! Дали мислите дека по принципот на правна акултурација, имаме плодна почва за овие мерки во таа сфера? Па сепак имаме едно , според мене не така сјајно, искуство со мерките од овој тип.
Искуството не е сјајно затоа што „правичната застапеност“ се толкува еднодимензионално - етнички. Потребно ни е повеќедимензионално толкување на правичната застапеност - со што би се омекнала тиранијата на етничкиот идентитет, и би се создал простор за други политики на идентитет - родови, сексуални, итн.
Објави коментар