Конечно да прочитам добар пост на нашето блогосферско небо, без оглед на тоа што делумно не се согласувам со тезите.
Во добрата девојка, кибер-котле протестира против цензурата на порно-канали кај нас, поентирајќи: „...пермисивноста кон содржини со насилство, и тоа документарно - реално - како смрт „во живо“ на телевизија, наспроти рестриктивноста на содржини со секс, покажува кои се квази критериумите на нашето современо општество.“
Она што не се согласувам, е дека „И „Романса Икс“ е порно“.
Јес да глуми Роко Зифреди, ама да не претеруваме - „Романса Икс“ и „Анатомија на пеколот“ од Кетрин Бреје се далеку од порно филмови.
Секое експлицитно прикажување на сексуални акти не е порнографија.
5 коментари:
Мислам дека се работи за многу зборови на кои со текот на годините им се придодадени, заслужено или не, екстра значења.
Според википедија, секое прикажување на експлицитна сцена, со цел возбудување, е или порнографија или еротика, во зависност од тоа дали се стреми кон уметнички достигнувања. Тоа мене ми е проблематично.
Јас повеќе би гледал од каде доаѓа филмот, т.е дали е од порно индустријата или од други продукциски куќи, секако имајќи го предвид и самиот филм.
Ако веќе мораме да ги употребуваме постоечките термини, а не мораме, тогаш јас би рекол дека „Романса“ користи порнографија (како метод) ама не е „порнич“.
Поскоро - режисерката на „Романса“ сака да ја надмине дистинкцијата помеѓу еротика и порнографија.
Затоа и одбира прославен порно-актер да игра во несвојствена му за него улога.
„Поскоро - режисерката на „Романса“ сака да ја надмине дистинкцијата помеѓу еротика и порнографија“
Се согласувам.
„Поскоро - режисерката на „Романса“ сака да ја надмине дистинкцијата помеѓу еротика и порнографија“
a Shuji Terayama и педофилијата во Emperor Tomato Ketchup :)
fino....што се согласувате....
околу порното....
Објави коментар