Жртви

12/15/2006

Живееме во држава која систематски произведува(ла) жртви:

Жртви на сиромаштијата.

Жртви на безработицата.

Жртви на транзицијата.

Жртви на приватизацијата.

Жртви на бившиот тоталитарен режим.

Жртви на распаѓањето на СФРЈ.

Жртви на конфликтот од 2001 (загинати, мачени, киднапирани, бегалци, внатрешно раселени лица...)

Жртви на тортура.

Жртви на трговија со луѓе.

Жртви на неефикасниот судски систем.

Жртви на денационализацијата.

Жртви на партиски чистки.

Жртви на религиозна нетолеранција.

Жртви на прислушкувањето.

Жртви на тајни служби.

Жртви на домашно насилство.

Жртви на полициски малтретирања.

Жртви на „системските реформи“.

Жртви на корумпираното образование.

Жртви на „правичната застапеност“.

Жртви на сексуално вознемирување.

Жртви на партизација.

Жртви на дискриминација.

Жртви на стигматизација.

Жртви на сексизми.

Жртви на социјално исклучување.

Жртви на синдромот на жртва.

7 коментари:

Shepard рече...

да се гледаш како жртва, значи дека го оправдуваш своето ирационално дејствување под превезот на одмаздата.

а мене бар, одмаздата не ми е слатка.

послатко ми е да продуцирам жртви на позитивизмот :)

јак пост.

Анонимен рече...

Последното е најголемата демографска група во Македонија.
И некад си мислам дека Македонија е помалку жртва на истата.

Анонимен рече...

:)
А бе, жртвените јагниња у однос на нас се ...хм...милионери! Ним бар им се исплати :))
А си ги заборавил најголемите жртви - жртви на идеалите.
Ко шо пееше Бора Чорба : „за идеале гину будале“. Е таму, на тој фронт изгубивме многумина....

Unknown рече...

Има многу неспомнати жртви - жртви на лекарска негрижа, жртви на хероинот, жртви на одмаздата, жртви на национализмот, жртви на тиранијата на етничкиот идентитет...
А, како што гледам - и предлог законот за „лустрација“ се заканува да продуцира нови жртви - во името на старите жртви...

Filozof рече...

Потребна е жетва на сите жртви.
Мртви и живи, невини и криви.

Збирот ќе укаже дека утопијата е недостижна, дека нема нешто што може да ги обедини околу единствен идеал за вечност.

Треба ли тоа да значи дека човекот треба да се исфрли од природниот синџир?

Unknown рече...

Системот треба да овозможи закрепнување од траумите, и да го врати загубеното чувство на правда.
Системот треба да им овозможи на жртвите да се обидат да расчистат со минатото, со тоа што ќе ги признае сопствените неправди.
Само така може да се рехабилитира и да ја возобнови изгубената доверба.

Анонимен рече...

Potrebna e samo edna zrtva - SVETA ZRTVA.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week