Раскрстување

12/11/2006

Крстоносната блогерска војна ме потсети на старите блогерски „гревови“ - на „Ѓаволска“ работа?, на Крстоносците го возвраќаат ударот?, на МКЦ.

И сеуште се прашувам: зошто симболите (религиозни, етнички, партиски...) отсекогаш кај нас предизвикувале толку конфликти и поделби?

Од каде толку недоразбирања?

Чисто заради емпатија, ве поканувам на неколку мисловни експерименти:

1. Замислете си, наместо крст на Водно, огромна полумесечина.

Дали како христијанин ќе ви биде мило да гледате накај Водно?

2. Замислете си, наместо крст на Водно, огромна фашистичка свастика.

Дали како евреин ќе ви биде мило да гледате накај Водно?

3. Замислете си, наместо крст на Водно, огромна комунистичка петокрака.

Дали како анти-комунист ќе ви биде мило да гледате накај Водно?

4. Замислете си, наместо крст на Водно, огромен споменик на Тито.

Дали како внук на голо-оточки робијаш ќе ви биде мило да гледате накај Водно и вашето дете да учи во гимназија „Јосип Броз - Тито?“?

5. Замислете си, наместо крст на Водно, огромна жичарница која ќе ви овозможи за 15 минути да дишете свеж планински воздух и лете и зиме!

Уште сега слушам: зошто си толку против православието? Зошто си толку против МПЦ?

Не сум ниту против православието, ниту против МПЦ. Сакам само посвеж воздух.

Високо го почитувам мислењето на еден владика на МПЦ кој изјави дека „На Македонската православна црква и на нејзините верници не им се потребни мегаломански крстови, кои во последно време почнаа да се подигаат на секакви места.“

Наместо толку крстови и џамии, да изградевме фабрики, училишта, кина, театри, спортски сали, патишта - Македонија немаше да биде сиромашна земја со толку невработени и необразовани.

За оние, што веќе ме прогласија за жив „ѓавол“ - еве им една соодветна реплика: „Satan has been the best friend the Church has ever had, as He has kept it in business all these years!(The Nine Satanic Statements from The Satanic Bible, by Anton Szandor LaVey)

Не ли е крајно време да раскрстиме со крстовите и „ѓаволите“?

5 коментари:

Анонимен рече...

Ne da go otshtrafime, tuku da mu "turime krst" na krstot na Vodno :)

Анонимен рече...

Проблемот е баш во свежиот воздух..

Постоечките вент-илациски машини со векови ги проветруваат Симболните одаи, па секој напад врз железото претворено во Железо се доживува како промаја од катаклизмични размери, своевиден личен deluge...

Веројатно При-каска-та не дозволува скокање chapter-и....
Па, дија-хронијата на фразните режими генерира луфт-а која не само што е проветрена, туку е и изветреана, и дотолку поопасна затоа што фигурира како безсодржински јаз...празно азно...

"Centuries do not follow one another, they coexist"

Дија-логот е борба за Воз-дух,
ама реактивниот нихилизам на Вакуумот изискува исклучителна внимателност
на до-пирот....

Фројд. рече...

Знаев дека нема да издржиш да не пишеш троа за џихадов у блого-Македонија :)

Овај... види, не сакам многу да навлегувам, тоа што сакав да го кажам, го кажав кај мене. За тоа што сакав да спорам, спорев кај Анастас и Ивица. Се работи за симболите на чичко Ф. де Сосир, за контекстот и за нивното значење. Тука се работеше за судир на идеали попрво, него конкретно за Крстот. Во таа линија, ти држат сите замисли и мисловни екперименти!

И, да: секако дека популизмот излезе од граница, и се напишаа испадите што се напишаа. Ај, да завршам по христијански: Луѓе сме, грешни сме

:)

Анонимен рече...

Високо го почитувам мислењето на еден владика на МПЦ кој изјави дека „На Македонската православна црква и на нејзините верници не им се потребни мегаломански крстови, кои во последно време почнаа да се подигаат на секакви места.

Те молам да ми кажеш кој владика го изјавил ова.
И, дали го почитуваш и владиката (претпоставувам едно име)или само дотичното негово мислење? :)
Однапред захвална.

Unknown рече...

за жал, неговото име не се дозна - беше само цитиран во еден напис на „Дневник“, „МПЦ не сака крстови на секое ритче“, вторник, 11 април 2006.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week