Удри по кодошите!

12/16/2006

Замислете си дека сум бивш „удбаш“ кој директно учествувал во масовните кршења на човековите права: мачење на уапсените, изнудување на признанија, апсење на невини луѓе, монтирање на судски процеси, незаконско прислушкување, регрутирање на информатори, „цедење“ на информатори, уништување на политички неподобните личности врз основа на цинкањето на нивните роднини, комшии, пријатели, непријатели.

И не само тоа - замислете си дека сеуште работам во УБК, дека повторно правам досиеја врз основа на „информативни разговори“ од лица кои не се осомничени дека сториле кривични дела. Се според законот.

Замислете си, исто така, дека Собранието го усвоило Законот за определување услов за вршење јавна функција (популарниот Закон за „лустрација“) - во кој има одредба со која од мене се бара да ја потпишам следнава изјава:

"Јас долупотпишаниот изјавувам под целосна материјална и кривична одговорност дека не сум соработувал со органите на државната безбедност во законски определениот период [од 2 август 1945], како таен информатор при оперативно прибирање информации што биле предмет на обработка, чување и користење од органите за државна безбедност, во облик на автоматизирани или рачни збирки на податоци и досиеја, оформени и водени за одредени лица со кои се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, ниту поради тоа сум стекнал имотна корист, привилегија при моето вработување, ниту сум напредувал во службата". (чл. 5 ст. 3).

Со задоволство ќе ја потпишам изјавата. Јас никогаш не сум бил „таен информатор“ и мене ме нема во списоците за тајни информатори.

Баш сум среќен. Конечно државата сфати кој е навистина виновен за „жртвите на комунизмот“.

Па стварно, што сум виновен јас, и моите другари комунисти, кои ги праќавме предавниците на „Голи оток“, што ги помодрувавме од ќотек непријателите, што ги уништувавме политичките изроди. Ние само си извршувавме наредби одозгора. Исто и сега. Што сум јас крив кога лицето присилно доведено на „информативен разговор“ подлегнува на атмосферскиот притисок и самото решава да го отцинка својот комшија, пријател, брат...?

Стварно бе - дај очистете тоа кодошите. Органски не можам да ги поднесам.

Радосен сум што некои од нив конечно ќе платат за своите злодела.

Да можеме да продолжиме да си работиме на раат.

И онака кодоши веќе не ни требаат, со ваква современа техника на прислушкување.

5 коментари:

Анонимен рече...

Жарко, законов само ќе донесе бркање на вештерки и нови поделби. Кодошите ќе си останат.

Unknown рече...

Што би рекол Вуна, „Удри по самарот друже Андов!“ :)
Секој чест на Павле Трајанов кој бара законот да ги опфати и сите службени лица што ги злоупотребувале информациите од тајните информатори.

GoodBytes рече...

И јас сум скептичен колкави ќе бидат ефектите од законов. Би сакал да сум оптимист и да се надевам дека некои нелуѓе кои со „заслуги“ станале моќници, конечно ќе паднат од тронот. Особено и затоа што тоа се луѓе кои и немале други квалитети да понудат. Глувци.

Unknown рече...

Кога го читав законот, имав чувство како да го пишувале у ДБК.
У ствари, луѓе кои работеле со информатори најдобро знаат кои се информаторите - затоа, можда ќе ги поканат и како членови на комисијата за верификација на фактите :)
Фарса.

Анонимен рече...

Na ista linija si so Trickovski:
"Ако македонската демократија ги амнестира комунистичките министри, претседатели, секретари, амбасадори, идеолози и други личности кои го дефинираа и го легитимираа системот, ми делува, благо кажано, недоследно да ги трескаме од земја кодошите. Ако и по евентуалното усвојување на законот на Андов државните и општествени ресурси остануваат отворени за луѓето кои ги селектираа кодошите, за оние кои ги организираа, за оние кои им ја втиснуваа професионалната матрица, за луѓето кои ги користеа нивните информации и други материјали, тогаш се плашам дека во фарса ќе се претвори тоа што ние како катарза требаше да го направиме и да го доживееме тогаш кога тргнавме да градиме демократско општество."

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week