Ужас

12/14/2006

Вкупно 192 деца од ромска националност од Скопје, на возраст од четири до 14 години за државата официјално не постојат бидејќи не се запишани во матичната книга на родените иако секој ден може да се видат како питачат на улица.“ (Двесте Ромчиња во Скопје невидливи за државата)

Зошто државата не го заштитува елементарното детско право на националност/државјанство (член 7 од Конвенцијата за правата на детето)?

- Нема пари во буџетот за ваква намена е образложението на државните институции. Државата дури ја укинала и еднократната помош што социјално загрозените семејства ја добивале токму за трошоци за добивање извод од книгата на родени.

Како тоа нема пари за социјална помош на најзагрозените деца, а има пари во буџетот за крстот на Водно?

И каде се вистинските христијани да организираат донаторска конференција за најзагрозените деца?

5 коментари:

Анонимен рече...

А парите за компјутерите колку се?

За кои деца се тие?

Фројд. рече...

Жар, би требало да прашаш „Каде се вистинските верници“ ваљда, а не каде се Христијаните... да не те знаев, ќе помислев дека го фаворизираш христијанството како религија :)

Е,да: за жал, во право си... ситуацијата со детските права во Македонија е ужас

Unknown рече...

Ај Дарко, кажи ми, како може детето да се запише на школо ако нема извод од матична книга на родените?
Бајкобиограф, тука станува збор за монополски однос од страна на православно-христијанските верници на МПЦ. И за капиталистите кои фрлаат по 10.000 евра за простување на транзициските гревови.

Анонимен рече...

Токму тоа ми е муабетот, дека се фрлаат пари во ветер на многу места, а не онаму каде треба да се почне од почеток.

Unknown рече...

Инаку, пристапот на децата до компјутери е друга тема, исто така интересна.
Да видиме што ќе се постигне на тој план.
Досега, многу компјутери застареа по магацините или заклучените кабинети - „за да не ги расипат учениците“.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week