По извесно време, сите наши премиери почнуваат да патат од синдромот кратко паметење. Еве и Гревски (пардон Груевски), почна да пати од селективна меморија:
„Ваквото експозе е добра прилика да се потсети господинот Црвенковски дека изборите ги доби со употреба на сила, на насилство, оружје, фалсификат и полнење на кутиите. Ова е добра можност да го потсетиме за една таква работа и една добра порака за иднината, дека тоа не е добар начин да се добиваат избори и да се користат такви средства“ изјави Никола Груевски, претседател на владата на РМ.“ (Владеачката коалиција го бојкотираа Црвенковски)
Да се потсетиме на мапата на резултатите од Претседателските избори 2004, од која јасно се гледа дека само во два града од Источна Македонија (Виница и Свети Николе) имал мала предност кандидатот Сашо Кедев.
Да се потсетиме на првичните забелешки на ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од изборите кои беа главно насочени против „демократските“ активности на ДУИ во Западна Македонија - „...ДУИ вчера масовно ги полнеше гласачките кутии...“ (Мириса на фалсификат).
Јеби га, толку ли е моќна ДУИ и во Источна Македонија, па успеала да ги наполни кутиите во прилог на Црвенковски?
Да се потсетиме и на првичните оценки на набљудувачите: „Заменик-шефот на набљудувачката мисија Даниел Фин изјави дека гласањето во 92 отсто од случаите е оценето како добро или многу добро. Тој исто така, наведе дека имало сериозни инциденти со полнење на гласачките кутии и тоа на четири отсто од избирачките места.“ (На изборите имаше сериозни нерегуларности)
Да се потсетиме и на оценката на Хелсиншкиот комитет:
„Сумирајќи ги сите повреди, не може а да не се констатира дека изјавите за над 50-процентниот одзив на граѓаните во вториот круг - не се кредибилни, а со тоа и изјавените резултати за преброените гласови по кандидат - исто така не се кредибилни.“ (месечен извештај за април, 2004)
Разликата помеѓу освоените гласови на Црвенковски и Кедев (над 220.000 гласа) беше толку голема, што никој со здрава памет не можеше да му го оспори легитимитетот на Црвенковски како претседател на Република Македонија.
Крајната разлика помеѓу освоените гласови на Црвенковски и Кедев (над 220.000 гласа) е поголема од вкупниот број на освоени гласови на коалицијата „За Македонија заедно“ на последните избори (218.463 гласа)!
Може ли предноста на Црвенковски во однос на Кедев, постигната „со употреба на сила, на насилство, оружје, фалсификат и полнење на кутиите“ во 2004 година да е поголема од вкупниот број гласови што легално ги освои коалицијата на Бучковски во 2006 година?
Премиеру, свести се што изјавуваш, оти преку глава ни е од политичари што ги користат државните функции за партиски цели, заборавајќи притоа на државните интереси!
Преку глава ни е и од „државници“ што ја користат претседателската позиција како партиски мегафон!
Дозволивте средношколци да ви држат лекции по елементарна политичка култура!
2 коментари:
Читам, и Ивица Антевски во „Шпиц“ доследно го изведува заклучокот дека ако Црвенковски е нелегитимен претседател, тогаш и Груевски е нелегитимен премиер, затоа што од него го прифатил мандатот.
И што сега ако ние, доследни на логиката на премиерот, почнеме да ја бојкотираме секоја одлука на Груевски?
(btw. комплиментот за „Тепај време“ е само за постот за Бане и Ники, а не и за акцијата против македонскиот wanna be Divine.)
wanna be Divine!!!
Најбоља компарација! Со сите живи се расправам дека он(а) е најголемо освежење на локалната естрада и камо уште 5-6 налик на него да се појават - каде каде ќе беше пошарено и повесело!
Како да се контактира Вотерс прашањето е сеа...
Се извинувам за оф топикот.
Објави коментар