„На осудениот ... морале да му стават уште една доза смртоносни хемикалии за да умре. (...) Според портпаролот на казнениот оддел, ... умирал толку долго време бидејќи страдал од болест на црниот дроб, која наводно го забавила дејствувањето на хемикалиите.“ (Погубен убиец во Америка, умирал 34 минути)
Малку им е тоа што го погубиле како крив за убиство.
Сега им е крив и што останал толку жив!
Не ти бил проблемот во инјекцијата со хемикалиите, проблемот да ти бил во болниот црн дроб.
Тие сакале хумано да ти го егзекутираат, ама црниот дроб ги осуетил во нивните благородни намери.
2 коментари:
црн дроб против црн гроб :(
Треба да се воведе посебно подрачје во логиката - „американска логика“.
Што ако, да речеме, болеста на црниот дроб беше причинета од преголема количина на алкохол?
Тогаш, нели, алкохолот ќе беше прогласен за најголем противник на хуманите егзекуции.
Објави коментар