Државата генерира криза на идентитетот!

12/21/2006

Еден од показателите дека сеуште сме полициска држава е фактот дека основните лични документи ги издава МВР.

Туку, друго ми беше поентата - да илустрирам како државните институции генерираат криза на идентитетот.

Еве неколку примери:

Во барањето за лична карта има графа за - „Припадноцт на народ односно народност или етничка група“. („народност“? - еееј, СФРЈ одамна ја нема, и зошто „народ“ исклучиво во смисла на „етнос“, а не во смисла на „демос“?)

Во барањето за прием во државјанство на Република Македонија се бара „националност“. (еееј - после, 2001 година го избришавме зборот „националност“ од Уставот).

Од друга страна пак, во барањето за издавање на патна исправа и во барањето за извод не се бара ништо од погоренаведеното, туку само државјанство.

За жал, уште за време на пописот пропуштивме да ги исправиме работите.

Иако во измените на Законот за попис зборот „националности“ беше заменет со зборот „заедници“, пописот продолжи да го регистрира изјаснувањето за „националната припадност“ (анг. превод. - „ethnic affiliation“), кое остана како темелна вредност на нашиот уставен поредок.

Да потсетам и дека во пасошот во графата државјанство/nationality ни стои „REPUBLIKA MAKEDONIJA“, а не „Македонец/Македонка“, „Македонско“ или „Macedonian - што е показ дека нашиот поим за националност воопшто нема врска со европскиот - кој означува врска граѓанин-држава независно од неговото етничко потекло.

Од неодамна, некои институции, како народниот правобранител, почнаа да вметнуваат графи - „припадник на заедница“ - ама без појаснување дека таа графа е опциона, односно, дека не мора да се пополни согласно индивидуалното човеково право да не мораш јавно да го изразуваш својот идентитет, доколку не сакаш.

Она што најмногу ме иритира е што никаде не можам да се изјаснам како „Македонец“, независно од моето етничко потекло, кое си го сметам за приватна работа која не сакам да ја споделувам со другите.

Остај друго, станува збор за елементарно човеково право - правото на националност/државјанство.

Што друго да се каже за државата која не создала елементарни услови за изразувањето на граѓанскиот национален идентитет - освен тоа дека преживува и генерира длабока криза на идентитетот?

(За слична тематика пишував и во постот Консеквенците на тиранијата.)

4 коментари:

Анонимен рече...

Еднаш пробав да НЕ го пополнам „Националност или припадност на народ..“, no-can-do типот на шалтер вика пополнувај тука.

Unknown рече...

Ете, така се кршат човекови прва пријателе...
Кога ќе те пикнат у етничко трло, ќе мора да се изјаснуваш како овца...

Анонимен рече...

чекај малце... иако ова можеби и треба да го знам... ;-)

Мене отсекогаш ми беше логично под државјанство да стои (кај мене) Република Македонија.

Ти не се согласуваш со ова? Или јас погрешно те разбрав?

Анонимен рече...

да се дообјаснам..

.. мојата логика се базира на сфаќањето на прашањето. Ако формуларот ме „прашува“ кое ми е државјанството, логично ми беше да одговорам Република Македонија а не „македонско“ затоа што правниот однос ми е со Републиката (државата) а не со „македонско“.

Мислам дека се работи за проблем на превод, кој е на некој начин суштински. Кај нас постои проблем, nationality да се преведе во националност.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week