„Ние сме католици, но нашето дете воопшто не се интересира за религија. Се прашувам, од каде знаел и со кое право професорот по веронаука уште на првиот час го посочил моето дете како католик, друго дете како протестант, а другите како православни. Сега сите му велат: „ти си католик, ти си католик...“ како да е тоа престап или дијагноза. Се чувствува обележан, а не знае ни што значи католик, ни протестант ни православен. Детето е истрауматизирано.“ (Дневник, Веронауката ги распнува децата)
Уште пред година и пол, во постот Веронаука за човекови права?, предупредив:
„...верското образование во основните училишта не може да придонесе за изградба на систем на вредности чиј темел се почитувањето на човековите слободи и права, еднаквост, толеранција... Напротив, историјата на религиите покажува дека религиозните догми се извор на нетолеранција, дискриминација, социјално исклучување и непочитување на елементарните разлики.“
Потсетувам и на заклучокот: „Доколку во изготвувањето на програмите за верско образование не бидат вклучени и експерти за човекови права, лесно може да се случи верското образование во основните училишта да придонесе за изградба на систем на вредности чиј темел се непочитувањето на човековите слободи и права, нееднаквост и нетолеранција.“
Уште еднаш се прашувам: кој ќе не' спаси од спасителите што проповедаат дека веронауката ни е единствен спас? (Ајнштајн веронаучник?)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
Jas pak veruvam deka tokmu efektot shto go naveduvash na pocetok od postot e i celta na celiot proekt - mislam zar nekoj bi ocekuval bilo kakov drug razvoj. A malite 'katolicinja', 'protestantcinja' ... brgu ke ja razberat porakata koja na nivnite roditeli bar od 90-ta navamu im e verojatno poprilicno jasna.
Да не испадне пораката „сиктер од православна и библиска Македонија“?
А зошто јас цело врене сум убеден дела целта на проектот не е дискриминација и создавање поделби кај децата по верска линија, туку промовирање на човековите права? :)
Da ne si ti optimist?!?
:)
Оптимист сум - „Колку полошо, толку подобро“ :)
Објави коментар