Од каде пак сега „Амнестија за пивото“?
Зарем пивото не е алкохол?
Какви се овие глупости: „Секаде во светот виното се смета за храна, а не за алкохол, но нормално ако се пие во умерени количества.“
Зарем оние муслимански земји, во кои алкохолот е целосно забранет, не се дел од светот?
Дали со прохибицијата на виното се оневозможува правото на Христијаните да ги следат зборовите на Исус, Евангелие според Јован, глава 6:
„53 Тогаш Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Човечкиот Син и не ја пиете Неговата крв, не ќе имате живот во себе.
54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55 Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинско питие.
56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв - останува во Мене и Јас во него.“
Еве го мојот силогизам.
1) Виното е алкохол.
2) Алкохолот е дрога.
3) Библијата ги поттикнува луѓето да се дрогираат.
Ако нашите закони се за забрана на секаква злоупотреба на дрогата, тогаш целосно треба да се забрани поседување и консумирање на алкохол, вклучително и на „Исусовата крв“.
Според Светската здравствена организација, „консумирањето на алкохол носи ризик од штетни здравствени и социјални последици поврзани со неговите својства –интоксицира, токсичен е, и произведува зависност.“
Затоа сум за целосна прохибиција на алкохолот и другите дроги, како што е тутунот.
Сегашната забрана за продажба на алкохол до 19.00 е бесмислена.
Таа може да доведе до зголемување на консумирањето на алкохол во текот на работното време или пак до зголемување на побарувачката на други забранети супстанци, како што се канабисот, екстазито, кокаинот, хероинот.
Со целосната прохибиција на сите дроги ќе се намали дискриминацијата помеѓу оние кои што сега легално се дрогираат со алкохол и никотин и оние што нелегално се дрогираат, а се социјално жигосани и исклучени како „наркомани“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Хахахахахаха... Браво Жаре! И иронија, и благ цинизам, а сепак јасно како ден и Straight to the point!!!
Ти си класичен комунист. Џабе ти се сите обиди за прикривање. Бизмарк беше во право.
Бидејќи се викам Жарко, тогаш сигурно сум „србо-комунист“. :)
Објави коментар