Еден за сите – Чак Норис за Македонија!

4/06/2009

Каква врска има Чак Норис со Македонија?
Е, има!
Чак Норис му помогна на Ѓорге Иванов да стане претседател на Републи
ка Македонија.Тие што мислат дека се шегувам, нека ги погледнат подобро резултатите.
Според официјалните резултати на ДИК (што стоеја сабајлево во 3:23), Иванов има 449830 гласа, а Фрчкоски има 262453 гласа. Вкупно двајцата имаат 712283 гласа, што е недоволно за да се постигне цензусот од 716833 гласа (40% од 1792082).


Цензусот е постигнат благодарение на 44029 неважечки гласови – од кои извесен дел му припаѓаат и на Чак Норис.


Заклучок: Ѓорге Иванов не треба да му заблагодарува само на својот колега Љубомир Фрчкоски за постигнатата победа.
Ѓорге треба јавно да му се заблагодари и на Чак Норис.


Сите што гласаа за Чак Норис, му помогнаа на Ѓорге да стане „претседник“.
Ако му веруваме на Ниче дека Бог е мртов, тогаш - Чак Норис нека и е напомош на Македонија!

13 коментари:

Стойчо рече...

Жарко, с тази снимка нарушаваш тайната на вота:-) В БГ това е криминално престъпление:-)

Мирјана рече...

Јас бев против тоа да не се избере претседател.
1. Ако не се избере должност привремено ја врши претседателот на Собрание (значи повторно ВМРО, а ма со ептен послушник)
2. Ѓорге може да ги изненади ВМРО (исто како што ги изненади и Борис Трајковски)
3. Мислам дека земјата е истоштена од многу избори
4. Едноумието најдобро се руши кога ќе ја достигне крајната граница на сопствената концентрација
5. Нема некој посалам кој навистина може да му биде пандан. Секој друг кој е во игра е само помало зло

Unknown рече...

Стојчо, снимката не е моја, преземена е од „Утрински весник“, а другите две снимки со Чак Норис се преземени од форуми.
Најче, нека ни е честит новиот претседател. Се надевам дека има смисла за хумор и дека ќе му подигне на Чак Норис споменик.

Стойчо рече...

хехехе, значи Утрински е...;-)

Unknown рече...

Јас морам да се извинам, ама во меѓувреме ДИК се „коригираше“:
Според ДИК имало 718.118 важечки гласови за Ѓорге Иванов (од 99,93 % на гласачки места), од кои 453.426 за Иванов, а 264.692.
Срамота е тоа што во извештајот на ДИК не стои вистинскиот процент, колку се 453.426 од 1.792.082.
Тоа се само 25,3% од гласачкото тело.
Сепак, честитки, затоа што нашиот изборен систем сега овозможува претседател и со 20,00% (+ 1 гласач) од гласачкото тело.
Значи, има надеж - уште не сме го допреле демократското дно :)

Анонимен рече...

Eve shto veli "Most" „- На повеќе места на граѓаните не им беше дозволено самостојно да решат за кој тип на избори ќе гласаат, туку беа принудувани да ги потпишат листите и од претседателските и од локалните избори за да го остварат правото на гласање, рече Алексов.“
Znachi, ushte edni neregularni pretsedatelski izbori...
Ushte edna crna demokratska damka...

Анонимен рече...

Koga VMRO-DPMNE ja dobi vlastta vo 2006-ta godina pobedi so 17% od vkupnoto glasachko telo. I shto im fali na Makedoncite? Ako povekjeto ne bea zadovolni, spored site normi na ovoj svet, trebashe da promenat, neshto ili nekoj! Iako se vo apatija, rezignacija i se' pomalku veruvaat vo instituciite, seushte ne e dojden kritichniot moment koj ke se pretvori vo pobuna. Makedonecot toj moment predolgo go odlaga poradi toa shtio, ili ne go prepoznava ili se plashi, dobro de, nema muda, neznam....No, namesto akcija shto pobrzo da si sozdade dobri uslovi za kvaliteten zhivot tuka i sega, malku po smelite begaat, ja napushtaat drzhavata, a ostanatite zhivotinjarat!

Анонимен рече...

Много добро! Искрено се смях:)

Анонимен рече...

albaniak do bugrina...a koga ke ja delime makedonijata?

Анонимен рече...

Koga na moja zabeleshka deka, ako ne drugo, barem na ovie izbori ke se prebroime: kolku sme za evropska Makedonija, a kolku Hunzi, eden moj prijatel reche, vednash ke ti kazham- 10% evropski Makedonci! Izleze deka beshe vo pravo

Анонимен рече...

По тешкиот период македонците масовно и жестоко гласаа за промени во 1998.
По тешкиот период македонците масовно и жестоко гласаа за промени во 2002.
По тешкиот период македонците масовно и жестоко гласаа за... истото во 2009?!?

Стойчо рече...

@ анонимен, а за какво ти е да я делиш? не разбирам

Александар рече...

Почитувана Најчевска, во врска со Вашето мислење:
1. Се сложувам...
2. Нема шанса да ги изненади.... обична восочна фигура...
3. Партал е направена...
4. Да... ама границата на нашиот народ е прилично високо...
5. Мало морген... има има за тоа не се секирај и не си ја кревај многу цената...

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week