Да се купи или не – прашање е „Сега“!

4/30/2009

Честитки до Геро и екипата за новиот неделник „Сега“.
Интервјуто со Црвенковски е прилично „жешко“. На едно место, Црвенковски експлицитно го амнестира Груевски за Букурешт: „Сакам да бидам крајно објективен и да кажам дека за таквиот неуспех во Букурешт виновник не е Груевски, туку пред се крајно непопустливиот став на Грција. (...) Ќе повторам уште еднаш: ниту непосредно пред, ниту на самитот во Букурешт, Груевски не направи ништо со што би придонел за таквиот негативен исход.“
Да не испадне работава: „Аман, Бане, немој толку да ме браниш?“
Сепак, има уште поконтроверзни четива.
На пример, во текстот „Името договорено! По операцијата триумф следи операција компромис“, Благица Иванова сугерира дека Македонија водела тајни преговори со Грција, и дека „...пакетот е веќе спакуван... двете страни чекаат погоден момент за „продажба“ на компромисот на сопствените јавности.“
По читањето на текстот, добив впечаток дека никој од нас не ја разбрал легендарната изјава „Разумен компромис е разумен компромис“. Дали ќе бидеме сведоци и на уште една слична изјава: „Двојната формула е двојна формула“? Ако мислите дека станува збор за уште една тавтологија, се лажете. Мене поскоро ми личи на контрадикција.
Ако сте по мистериите, тогаш текстот „Операција лорандит“ има да ви „легне“ како споменикот на Аце на плоштад. Конечно се разрешува мистеријата „зошто Аце бил непобедлив во битките“ и научно се демантираат хипотезите дека причината била „затоа што војската му била составена од топли браќа, што би се рекло денес „самодискриминирани“, па тие се бореле ко луди, зашто ги врзувала топла (братска) љубов.“
Ако не сте влегле во рударско окно, имате прилика да го сторите тоа преку репортерот на „Сега“, кој прави успешен профил на македонскиот рудар.
Ако сте за цепки, тогаш мора да ја прочитате рубриката „Кој ќе ја укака, прашање е сега!“ Одамна се немам толку газено од смеа.
Има и за критикување, ама критиките ќе ги оставиме за понатаму.
Трк у трафика – кога, ако не сега?

6 коментари:

Анонимен рече...

Ништо брат, не ве бива. Спаднавте на читање меѓусебе и коментирање ти кај Героски, тој кај тебе, Канализатор кај тебе ти кај него и слични комбинации, ниеден страничен подјебнувач не ви коментира...ако удирајте се по рамо сами, ете Геро ќе ти рече мастерпис, па ти на канализаторот, он на Героски, Најче Пајче на тебе...еми знаеш ли за кого сеа пишуеш на блог? А? Курац знаеш брат, не ве бива, прочитано новинарско четиво сте! Џабе текст ако нема кој да го чита, а ако нема кој да го чита значи нешто не е во ред или со текстот или со поентите на кои цели тој што пишувал-размисли за ова...

Пријателски Анонимен Совет: пиши си ја таа колумната во весникот, земи си паричка за тоа и ич не се мачи да пишуеш блог постови. Така бар нема да се доконтаминираш, не биди други Геро! А уште малце ти фали да се клонираш во „Луѓе не се заебавјте работава е сериозна!“ :)

Олабави се малу, ебни нешто настрана па можеби ќе ти се отворат нови видици, вака делуваш ко најлојалниот комунист од Кумровец.

Блогерски анонимен поздрав, амин! :)

Нено Богдан рече...

Што имаш па ти толку против Александар Велики?

Претпоставувам дека немаш ништо... ефикасно.

Еве ти, читај моја книга за него, образувај се http://blogatash.blog.com.mk/node/215974

Новица рече...

секогаш купувам нов број од кој и да е весник, па така и овој пат.

а и овој пат, како и други пати, впечатокот е шунд.

Анонимен рече...

Анонимен батка, еден анонимен совет до тебе: иди ебни нешто на страна, не си троши време на коментирање по блогови. Оти контаминираш простор без потреба. Жарко можда никој не го чита, тоа зборува за нивото на популацијата. Ама ако тебе те читаат, е тоа веќе е стравично. Оти ти си ко пелеза од Кумровец, они така кажувале кој што да прави и како да го прави. Ај стварно, иди ебни нешто. Што помалку како тебе коментираат, толку поубаво. Всушност, тоа е само доказ плуз дека напишаното вреди.

Goch рече...

Значи вака: Александар не чини, името Македонија не чини, нашето знаме (државното, не она од Кутлеш) не чини.
Чини ли Гоце? Или Самуил? Или Кирил и Методиј? Или Гемиџиите? Или Ченто? Ај напиши за секој по нив по 10 причини зошто треба да ги има на плоштад!

Анонимен рече...

Браво Геро! Во првиот број интервју со Црвенковски, во вториот анализа (напад) на Груевски. Каде е тука рамнотежата? Каде е тука новинарската објективност? Што беше тоа???

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week