Македонија - „генератор на стабилност на Балканот“?

8/28/2007

Еден „бисер“ од Бледскиот говор на Груевски:

„Македонија, со сета своја разноликост, е во некој начин Европа во оревова лушпа.“

Претпоставувам дека поентата на Груевски се изгубила во лошиот превод на изразот „in a nutshell“.

Сепак, најмногу ме шокира тоа што Груевски упорно се обидува да ја шитне претставата за Македонија како „генератор на стабилност на Балканот“.

Да потсетиме - пред некое време беше гранатирана Владата на Република Македонија, а во моментов не се знае дали македонската полиција има контрола врз Танушевци кое сака да се отцепува.

6 коментари:

Анонимен рече...

за преводите за и во врска со говорите на груевски и апсурдите во таа сфера не е првпат:

http://jasnesumjas.blogspot.com/2007/05/blog-post_2976.html

:)))

шиткањето на тезата на Блед форумот,а која во моментов на никој што гледа вести во РМ не му се чини нормална, не ме засега лично. Многу повеќе ме занима кој стварно ја гранатираше Владата, што стварно се случува во Танушевци и што стварно се случувало на последниот Совет за безбедност - работи кои за жал нема да ги дознаам ни од вести, ни од весници, а ни од штанцани говори.
Успут, за говорите (една од моите омилени суб-теми во македонската политика)- моите информации викаат дека единствен кој скроз сам се грижи за своите говори (за преводите не знам) е Б.Ц. Што мислиш?

Unknown рече...

Јас пак сум убеден дека зад клучните говори на Б.Ц. стои некој професионалец, кој прилично добро се одбира од реторика.
Неколку пати му се случило на Б.Ц. да почне неподготвен да говори, и тоа на скопски дијалект, и тие „мангупски“ говори значително се разликуваат од пригодните „државнички“ говори.
На пример, „Илинденскиот“ говор на Пелинце, од формален аспект, заслужува не само внимание, туку и опстојна анализа. Речиси сум убеден сум дека тој говор не е пишуван од Б.Ц., како ни стручните пригодни говори, на пример, при отворањето на „Охридско лето“, на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, на Енергетскиот Самит на Шефови на држави од Југоисточна Европа, итн.
Говорот по повод Денот на Армијата на Република Македонија во касарната Илинден-Скопје, како и говорот во Ресен од 30.06 се прилично досадни, пишувани од некој кој многу помалку се одбира од реторика, па може да се и „домашна работа“ на самиот Б.Ц.
Што се однесува до изјавите, некои од нив се релативно добро подготвени од реторички аспект, како што беше денешната оценка за едногодишната работа на Владата. Во случајов, се апстрахирам од ликот и говорот на телото на Б.Ц., кој многу често не соодветствува на она што го кажува.
Некои негови политички изјави делуваат прилично ad hoc, па изгледа дека Б.Ц. има многу различни лица. :)
Знам дека некои не можат да го смислат Б.Ц., и дека воопшто не обраќаат внимание на она што го зборува, ама тоа не е сериозен пристап кон институцијата Претседател (зад која би требало да стои цел тим професионалци), особено ако имате амбиција да се занимавате со политичка анализа.

Unknown рече...

Еве уште нешто за нашата „политичката стабилност“:
„Што се однесува до ноемврискиот извештај на Европската комисија за Македонија, дипломатските извори за А1 ги издвојуваат неимплементирањето на договорот со ДУИ и неформирањето на Судскиот совет како критични и поразителни токму за извештајот.
Едни од најголемите причини за негативните оценки во него - политичката нестабилност и судскиот систем, за кои досега и од Владата и од опозицијата се бараше зрелост и одговорност. (А1 - „Можно е да не добиеме покана за НАТО во 2008-ма“)

Testing рече...

ја па баш мислам дека не беше уопште владата гранатирана. локацијата од која што се пукало остана така опскурна, што све си мислам дека нема везе. секој нормален шо нешто гранатира барем малку ќе цивне :)

Unknown рече...

Можно е да не била Владата гранатирана. Можеби гранатите само залутале од некоја „приватна журка“ во околината.
На насловната страница на денешен Lajm го видов командант Хоџа, покрај споменикот на паднатите УЧК-и од Танушевци. Насловот беше „Мобилизација“ - ако добро разбрав.
Можда и Хоџа се обидува да ги мобилизира УЧК-ите за некоја нова „приватна журка“, пошто ептен тапа стана у Македонија. Ни Груевски, ни Тачи, ни Ахмети ни Црвенковски (Шеќеринска да не ја спомнувам), немаат појма како да организираат добра журка.
А бива ли добра журка без огномет? :)

Анонимен рече...

Апел Влади и Председнику Републике Србије


Апелујемо* на Владу Србије, Премијера Србије и Председника Србије да у Генералној скупштини Уједињених нација предложе Резолуцију којом би се прогласило супротним међународном праву свако једнострано или мултилатерално признање Косова као независног или полу-независног међународно-правног субјекта. Сматрамо да би свако једнострано или мултилатерално признање Косова било супротно основним нормама и принципима међународног права, а посебно ако би ово признање наступило мимо процеса који су у току у Савету безбедности Уједињених нација. У циљу онемогућавања да до признања Косова дође од стране неких држава чланица Уједињених нација, предлажемо да текст следећег Нацрта Резолуције хитно буде упућен у процедуру у Уједињеним нацијама:

Н А Ц Р Т Р Е З О Л У Ц И Ј Е

Генерална скупштина

позивајући се на члан 2. Повеље Уједињених нација;

позивајући се на члан 24. Повеље Уједињених нација;

позивајући се на члан 25. Повеље Уједињених нација;

подсећајући на Декларацију о принципима међународног права која се односи на пријатељске односе и сарадњу између држава сагласно Повељи Уједињених нација, из 1970. године;

узимајући у обзир Резолуцију Савета безбедности 1244. из1999. године;

тражи од држава чланица Уједињених нација да унилатерално или мултилатерално не признају независност Косова, док се не донесе Резолуција Савета безбедности Уједињених нација у којој се утврђује коначни статус Косова.



* Тим истраживача Института за политичке студије у Београду, којим координира др Игор Јанев, виши научни сарадник Института (постављено на сајт 29.9.2007.)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week