„Монаштвото е eден од највиталните национални интереси“ – објавува Канал 5.
Нели тоа беше „многудетното семејство“ – како што тврдат „пастирите“ на нашата преродба во 100 кампањи?
Одлучете се мили браќа и чесни сестри – или монаштво или многудетно семејство – ем монаштво, ем многудетност не оди!
„Не за абортусот. Да за за многудетните семејства“ – ти била пораката на МПЦ (според „Вечер“). Многу пологично би било: „Не за монаштвото. Да за многудетните семејства!“
Ако МПЦ навистина го поддржува повикот до родителите да раѓаат повеќе деца, тогаш нека ги повика монасите и монахињите да ги соблечат мантиите и активно да се вклучат во сексуалната „преродба“.
Стварно нема смисла толку многу сперматозоиди и јајце клетки да умираат залудно.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
„Човек“, не ти е доцна да запишеш курс за основна култура и почит!!! Каков борец за човекови права си ако самиот не си човек!?
Соколе, овој приговор треба да им го упатиш на тајните лепачи на плакати „Абортусот е убиство“ и на гласноговорниците на МПЦ кои ги нарекуваат жените што се одлучиле на абортус „чедоморки“.
„Геноцид“ е токму термин од меѓународното хуманитарно право и мојата реакција е токму на неговата злоупотреба од страна на т.н. „Центар за биоетички истражувања“ (на кој се повикуваат плакатите, и кој ја има изработено маицата - мојата интевенција е замена на „Abortion“ со „Celibacy“ ).
Ако абортусот е геноцид, тогаш и целибатот е геноцид!
(извини што морав вака ко на учениче да ти објаснувам, оти очигледно не си ја сфатил поентата)
Zarko dzabe mu odgovarash na "choekot" shto te otpisha kako choek!
Ocigledno, vo Makedonija se povekje lugje gubat smisla za humor.
Логиката ти е, видам, силна страна.„Ако немаш аквариум, педер си“
I think your blog is really interesting ... especially this post :)
Da, monashtvoto e 'genocid', definitivno! Spremni li se plakatite?:-)
Ama sho se odnesuva na kontradiktornosta na monashtvoto i mnogudetnoto semejstvo, tuka ne se slagam. Pa tie dve idei se totalno komplementarni vo taa hierarhiska 'vizija' za svetot. Zarem logikata na pastirstvoto ne gi iziskuva i dvete 'kasti'. ;)
Сокол, што значи зборот „целибат“?
Abe batka ti se poveke i poveke zabeguvas,daj malku so usul majko mu.Sto ti napravija tolku loso ovie od vladava,ovie de od VeMeRoTo, pa "mama im rasplaka" so tvoite postovi,sto i da napravat - ti kontra niv,eve neznam koja replika t.e. sto ke ttresnes i ke ostanes ziv,sto ke kazes za najnovite 70 mil.spremni za zemjodelcite i.......ziti majka prekini so glupostite sto gi pisuvas i da se glupiras...celibasot bil genocid....abe aj ne zaebavaj....koj idiotizam....a sto se odnesuva do ona - Abortusot e ubistvo - i za toa imase pisuvano(mnogu sakas da pisuvas,neli?ali nemoj da treskas gluposti) ama imase eden batka ti odrza ubavo predavanje,kako sto vikas ti ,kako na malo dete,ti teknuva?Za zacetokot,za prvite nedeli od zivotot.......ti teknuva sega??????/Prilepcanec legnuvaj si porano,posle polnok ne si u forma.....
Добро е Соколе, гледам не си загубил смисла за хумор :) Што се однесува до логиката, трк прочитај што значи reductio ad absurdum, можеби тогаш ќе сфатиш зошто насловот е „Монаштвото е геноцид!“.
До последниот анонимус: не сум Прилепчанец, ама блиску си. И ми ласка тоа што темелно ги читаш моите постови и што прилично те нервираат.
Pa dobro ne si prilepcanec ali od prilepsko si,ne e bitno batka......ne preteruvaj sega,do tolku temelno ne te citam(umre cigankata sto te falese pa sega.....) inaku si gi citam site blogercinja........sekoj si gi gleda rabotite od svoja gledna tocka,sto e sepak za pocit ama ti batka imas posebna prizma niz koja gledas.....ke imas uste 3 god.fora da gledas niz taa prizma......ti teknuva?
Хммм... се подзагрцнав, мил Жаре. Не за друго, туку затоа што знам дека си човек кој секогаш го поддржува правото на избор: деца или не - прашање на избор, заедница или не - прашање на избор, сам во пустина или ’групиран‘ во политичка џунгла - прашање на избор, стандарден семеен drive или трансцендирано канализирана приказна на соживот и размена - прашање на избор. Е, сега, прашањето на избор може да се толкува и како прашање на нужност во одредени од погоренаведените ‘ситуации’... Нејсе... Она што ме прави многу тажна е тоа дека се потврдува онаа страогрчката „силата раѓа насилство“. Се потврдува дека грубоста и непромисленоста на јавниот говор веќе фронтално сите, без исклучок, не’ става под заеднички именител: и онаа булумента од неписмени, срамно агресивни и непромислени самонаречени политичари, а богами и нас, критички настроените, очиклените, насочените, столчените, повредените.Тажно е нашето општество каде што никој никого не слуша и никој никого не гледа, а уште помалку некој за некого се грижи... Ad hominem... Тоа е начинот на битка и полемика. Како што сите бевме избезумени од тајната владина кампања против абортусот, како што сите сме свесни за карикатуралноста владината заложба за многудетно семејство, која се пласира на ниво на ентузијазам и на ниво на филмски журнал за некоја идеална посакувана земја, така, морам да кажам дека поприлично се избезумив и од твојот повик до монасите за сексуална преродба. Како што сметам дека за жената е ad hominem удар кога некој си дозволува да ја нарече чедоморка, така мислам дека и за оние, кои избрале да не раѓаат телесно туку духовно да се обидат да вполдат, е ad hominem удар да се повикаат на сексуална преродба, и да им се наложи во име на владината кампања да ги соблечат мантиите. МПЦ нека повикува на многудетност, тоа и е нели работа. Ама оние мажи и жени кои одбрале на еден би рекла маргинализиран начин темелно да влијаат на рабовите на општетсвото, кое не им дозволува ни основна здравствена нега,треба барем малку да ги запознаеме и погледнеме однатре... па после да им даваме совети, ако увидиме дека е тоа е потребно. Непознатото од секогаш било баук... Монасите и монахињите се разбира дека не се од национален интерес, исто како што ниту еден граѓанин на оваа земја не е од национален интерес, доколку нема партиска книшка. Но тие се од еден многу поважен интерес: тие се потсетник за посветеноста, за истрајноста и за храброста - нешта кои патем транзиционо ги загубивме... и така мил Жаре... има уште многу, ама во друга пригода... ова колку заради апел да не станеме како родителите против чии особини се бунтуваме.
Искре, убаво велиш - „Како што сметам дека за жената е ad hominem удар кога некој си дозволува да ја нарече чедоморка, така мислам дека и за оние, кои избрале да не раѓаат телесно туку духовно да се обидат да вполдат, е ad hominem удар да се повикаат на сексуална преродба, и да им се наложи во име на владината кампања да ги соблечат мантиите.“
Токму тоа е и мојата поента - да тврдиш дека абортусот е геноцид, е исто како да тврдиш дека целибатот е геноцид!
Е, сега, кај беа монасите да се побунат кога нивните колеги од МПЦ си дозволуваа жените да ги жигосуваат како чедоморки?
Се надевам дека монасите (како дел од МПЦ) ќе се спротистават и на обидите да бидат јавно злоупотребувани како „eден од највиталните национални интереси“.
Е, сега - треба ли нешто да не погоди лично, па да се помрднеме од место?
Почитувана Гешоска можете мирно да спиете затоа што монасите СЕ од национален интерес. Да не беа од полза на политичарите и мафиозите како ќе имаа пари да си купат џипови да носат мантии поскапи и од вашите вечерни хаљини и да ждерат кавијар за време на постите. Па грев е при толку пари што ги имаат да не направат и да не исчуваат и некое дете!!!
Објави коментар