Каква е оваа глупост? Уставниот суд се дрзнува да става сопки на преродбеничката политика на нашата влада! Па, каде го има тоа, ви се молам? Предлагам прво да се укине Уставниот суд, па дури потоа да се смести во археолошкиот музеј.
Еве зошто треба да се укине главниот кочничар на преродбата:
1) Заради укинувањето на глобата во износ од 200 евра во денарска противвредност за физичко лице кое купува алкохолни пијалоци од 19:00 часот до 06:00 часот наредниот ден: „...казнувањето на физичките лица – купувачи на овој вид стока (…) значи неосновано навлегување и повреда на достоинството и угледот на граѓанинот и неговиот морален интегритет.“
Од каде ли му е таа идеја на Уставниот суд дека граѓаните имаат достоинство, углед, и морален интегритет?
2) Заради укинувањето на дискриминаторските одредби во Законот за заштита на децата:
„Со оглед на тоа што (…) се определува правото на родителски додаток за дете да го остваруваат (…) само една група мајки во рамките на определени општински граници или според територијален принцип, тие законски одредби не важат на целата територија на Република Македонија, создаваат нееднаквост меѓу граѓаните на Република Македонија кои се во иста положба односно имаат второ, трето и четврто дете, како и не се во функција на заштитата на мајчинството и на децата бидејќи не се однесуваат на сите мајки и деца во државата, Судот оцени дека наведените делови од законските одредби не се во согласност со изнесените уставни одредби.“
Од каде ли му е таа идеја на судот дека правото на родителски додаток за дете треба да важи за сите мајки и на целата територија на Република Македонија?
3) Заради укинувањето на „патриотските“ фискални сметки:
„Воведувањето, односно пропишувањето на прикажување на прометот на македонските производи на фискалните сметки, заедно со логото „да купуваме македонски производи“ (кое исто така е аплицирано на фискалните сметки) според Судот, претставува (…) стимулативна мерка, која (…) доведува до нарушување на принципот на слободата на пазарот и со истата (…) не се обезбедува рамноправна положба на субјектите на пазарот.“
Што знае Уставен суд што е слобода на пазар? Од каде му е таа глупа идеја дека „субјектите“ на пазарот треба да имаат рамноравна положба? Има ли патриоти во Уставниот суд?
4) Заради укинувањето на верското образование во државните училишта!
Ова е капак на се! Па имаат ли појма тие судии што прават? Од каде им е идејата дека црквата треба да биде одвоена од државата?
Што им е пак сега крив на новинарите студентот Ѓорчев што кажал дека станува збор за „неразумна одлука и апсолутно политички мотивирана“? Ѓорчев убаво си објасни дека без веронаука тешко ќе можеме да ги оттргнеме младите од зависностите: „Вистинскиот проблем е што во земјата има околу 25-30 илјади зависници од дрога“, рече Ѓорчев.“
Не треба да се укинува веронауката, туку зависниците од дрога!
Треба да се укине и уставниот суд, затоа што со неразумните политички одлуки ги стимулира младите на зависност од дрога!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
14 коментари:
Izvini, da ne zaboravi deka treba da se ukinat i kriticki nastorenite blogovi. ;)
Podocna verojatno sledi i ukinuvanje na blogerite, a bogami i citatelite-neplukaci.
mozebi treba da se ukineme site a?
Zagrme i dedo Stefan, tek shto izlezen od ilegala!
G.G. ke menuva ustav?! Zoshto mislam deka Nikolche se ke napravi da mu udovoli...
Јас одамна си се укинав.
Многу тешко ми паѓа додуше, па повремено некој ваков коментар ќе напишам.
Денеска е ден на жалост - им ја укинаа веронауката...
Сакаа кутрите школите у цркви да ги претворат, оти ретко кој оди у црква верски да се образува...
„Поглаварот вели црквата ги преживеала најтешките времиња, кога не била признавана, кога храмовите наместо место за молитви биле претворани во свињарници и говедарници, ќе го преживеела и ова. Г.г. Стефан смета дека ако веронауката не е уставна, тогаШ треба да се смени Уставот.“ (Вест)
Како прво, ваквите изјави се многу недолични за еден црковен поглавар, и тоа во време на пост.
Како второ, со изјавата г.г. Стефан директно се меша во државни работи, и само потврдува дека Уставниот суд бил во право.
da, izlezeniot od ilegala zboruva za progon na religijata! kakva zamena na teza. Pa i deka vo komunizmot crkvite bile pretvarani vo svinjarnici i govedarnici!? Bash me interesira da posochi barem 1 crkva koja bile skvernavena! Kolku shto se sekjavam, vo vremeto za koe zboruva beshe VOZOBNOVENA MPC i beshe formiran Zavod za zashtita ili restavracija (kako li se vikashe) kade rabotea i seushte rabotat struchni kadri (gi prakjaa i vo Rim na usovrshuvanje, normalno za toa vreme, na drzhaven rachun) koi rabotat na zashtita na crkvi, ikoni i freski. Vlezi mu na nekogo vo finansiite i ke mu go visish vistinskiot lik! Da ne ja meshame tuka verata, toa e neshto sosema drugo
Жарко,
прво, оти е недолично времето во кое стефан се намерачил да ни се обрати за темава? Што ти засмета тебе баш времето?
Второ: зошто не е ОК Стефан да се вмеша во државните работи (бај да веј во работите на државата каде и тој самиот е граѓанин)?
Наместо одговор, еве еден цитат од Катерина Блажевска, од нејзиниот коментар во „Дневник“:
„Неодамна една анкета на „Галуп“ покажа дека Македонците најмногу и' веруваат на Црквата. Но, кога Македонците мислат на „црква“, ни случајно не мислат на храмовите како објекти, а уште помалку на нејзините земски посредници со Бога. Тоа само значи дека Македонците се молат на севишниот да ги избави од невработеност, од сиромаштија, од зло и од лажни проповедници. Во тој корпус спаѓаат и дел од владиците на Светиот архијерејски синод, бидејќи токму тие станаа антипод на се' што е синоним за вера и духовност. Напротив, тие се клерот кој сведочи за бескрајна љубов кон материјалното и за високосвештенство паднато на најниски морални гранки. Нив нема да ги препознаете по љубовта кон ближниот, туку по среброљубието, по претприемаштвото, по луксузниот возен парк, по рентирањето билборди пред храмови, по љубовта кон хотелиерството, по „духовновото“ пилјарство, по осветувањето дупки, курбани и камен-темелници, како доказ за еден материјализиран пагански бизнис.“
Го прочитавте ли текстот на Влатко Ѓорчев во Дневник, форум? Е, тоа мора да се види :))) Најмногу ми се допадна делот каде што образлага дека ако има веронаука во училиштата, ваљда ке исчезнат појавите како што се, цитирам: “мажите одат во јавни куќи, жените по швалери...“
Жарко,
а втора на листата, веќе две децении ни е армијата. И Катерина во текстот првин се повикува на истражувањето, а после си шпекулира по свое убедување. Кое и мене ми се чини исправно, ама, за волја на вистината, малку ми е изместено поставена тезата (од каде информации дека луѓето и веруваат на Црквата заради она што Катерина мисли, а не заради нешто друго?). Токму тука ми е и главната замерка на твоето повикување на очекуваната религиски предодредена моралност на Стефан. Тоа прашање на таа моралност, по редот на нештата, си се решава внатре во групата (црквата, верниците, засегнатите...). Додека пак, кога Стефан ќе ни се вмеша во јавните работи, ние треба него да го прифатиме како и секој друг граѓанин. А, не да го третираме како света крава дури и кога го критикуваме. Ме разбираш ли?
„Додека пак, кога Стефан ќе ни се вмеша во јавните работи, ние треба него да го прифатиме како и секој друг граѓанин. А, не да го третираме како света крава дури и кога го критикуваме.“
Боро, ми се чини дека те разбирам. Но, исто така, ми се чини дека Стефан не настапи како и секој друг граѓанин, туку како црковен поглавар - а тоа има сосем друго значење.
Во јавноста некој почна да креира атмосфера дека некоја мала политичка партија се дрзнала да го укинува Бог, со помош на атеистите од Уставниот суд (избрани од Б.Ц.). Ако ова не е манипулација, тогаш не знам што е.
А поглаварот само додаде масло на огнот - демек ете - досега што не сме издржале - па и ова ќе го издржиме.
Жарко, се согласувам со тебе, Уставниот суд треба да се укине, а потоа, логично и самиот Устав. Можеби прво треба да го укинеме Уставот, па потоа Уставниот суд, ама ... нема врска, кај нас не важат никави уставни начела, па камоли правила. Потоа наместо Устав. на референдум, „доброволно„ сите да гласаме за „преродба„ во милион чекори ... наназад!
Објави коментар