Го гледам премиерот на „Наша ТВ“. Што бара премиерот на два часа пред крајот на кампањата за локални и претседателски избори?
Колку што знам, ниту е кандидат за градоначалник, ниту е кандидат за претседател.
Го гледам, се појавува и на плакатите покрај секој кандидат за градоначалник.
Му дава смисла на слоганот „Заедно можеме повеќе“.
Очигледно, граѓаните беа во заблуда дека тоа „заедно“ било порака до нив.
Груевски изгледа не е свесен дека со неговото појавување на плакатите ја минира децентрализацијата и поделбата на власта.
Најстрашно од се, премиерот зборува со човекот кој пред неколку дена поттикнуваше на верска нетрпеливост против атеистите и ширеше говор на омраза против хомосексуалците!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Појавувањето на премиерот на телевизија е во функција на кампањата на неговата партија, кој ако не претседателот на партијата што учествува на избори е поповикан да дава интервјуа? Мене тоа не ми е чудно бидејќи нормално е да секој кој учествува на избори сака да победи па нормално ќе го испрати својот најистурен човек да се појавува во медиумите.
Мене почудно ми е што вд претседателот на СДСМ не се појави во ударен термин на некоја од погледаните телевизии за да ни посочи зошто да гласаме за кандидатите на нивната опција.
Јас лично не сум убеден ни од едните ни од другите така да.... но сум потполно разочаран од најкилавата опозиција што било кога се појавила на избори во последниве 18 години
KOJA OPOZICIJA BRE DECKO TOA E JADA OD MORONI I PREDAVNICI,VERUVAJ DEKA TAKVI KAKO STO SE SEGA......SVETOT KE BIDE PODOBAR BEZ NIV.
Настрана егоизмот на Груевски, мислам дека во овој контекст можеше слободно да се спомене и честото појавување на претседателот Црвенковски на дебати и слични манифестации каде што настапува во функција на претставник на политичка партија (СДСМ) а не како претседател на сите граѓани. Нејсе.
Во денешниот Дневник има интересен текст за бришењето на македонските придавки во прирачникот на ЕУ, може да се најде на следниов линк: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=20C9BFF9DB52534A8A3838BBE3BA3238
Тоа што ми западна во очи е следниот пасус: „Образложението со кое Грците ја барале и ја добиле оваа интервенција во веќе усвоен документ е дека земјава во сите документи на ЕУ се ословува со референцата и од тоа име треба да се изведуваат и придавките и називите поврзани со нашата земја.“
Дали според ова можеме да очекуваме ако утре го прифатиме Северна Македонија (или било која друга варијанта) како конечно решение на спорот, Грција да се повика на истиот став и да побара сите придавки да се изведат од тоа име? Дали можеме некако да се заштитиме од тоа? Дали при евентуално прифаќање компромисно име Грција би прифатила во соодветниот договор да потпише дека народот и јазикот ќе се именуваат како македонски? Би ги замолил сите поупатени во тематикава да размислат и да го дадат своето мислење. Однапред благодарам.
"можеше слободно да се спомене и честото појавување на претседателот Црвенковски на дебати и слични манифестации каде што настапува во функција на претставник на политичка партија (СДСМ) а не како претседател на сите граѓани." - во право си!
Zoshto ne se postavi i prashanjeto: dali Gruevski e premier na site gragjani vo Makedonija, ili e samo na Vmrovcite????
А за вториот дел на мојот коментар?
со дозвола, малку ќе ја отклонам дебатава. минимално го гледав груевски, и ми падна во очи неговата експликација,во делот каде го опишуваше иванов, дека они бирале кандидати, за сите места општо, не само според професионалноста туку и според личните човечки квалитети...да не должам, во тој контекст жарко, две спротивставени филмски препораки за тебе : The Contender , наспроти The last debate (многу по лоу профајл од првиот).
Прашањето кое ми е интересно деновиве е : има ли мера за тоа колку треба јавноста, гласачите итн. да знаат, судат и вреднуваат во давањето на својот глас според личните својства? Има ли лимит, црвена линија во тоа разоткривање?
Поздрав.
Груевски е потполно свесен дека ја минира децентрализацијата и поделбата на власта.
Fasces... Така ли се викаше снопот врз кој што е поставена секира и кој симболизирал заедништво во Римската империја?
Од него ли се испили оној збор Фашизам?
Зошто се уште ги носиме нараквиците на раце, кога Fasces Feces веќе одамна ги симнаа.
Објави коментар