Правен водич за „траваџии“

2/28/2006

Бидејќи се шират доста полуинформации, не е лошо да укажеме каков е правниот однос на земјите членки на ЕУ во однос на најпопуларната дрога во ЕУ - канабисот: „...некои земји или региони толерираат извесни форми на поседување и консумирање; други земји применуваат административни санкции или глобa; додека некои други применуваат казнени санкции“ (уште)
Каков е заедничкиот тренд: „...развој на алтернативни мерки наместо кривичното прогонување во случаите на употреба и поседување на мали количества на канабис за сопствена употреба доколку нема отежнителни околности...“ Општо земено, правните санкции во однос на употребата и/или поседувањето дрога се делат на санкции кои што вклучуваат лишување од слобода, и санкции кои што не вклучуваат (повеќе)
На пример, во Луксембург за прекршоците во врска со канабис се плаќа глоба од 250 евра, до 2500 евра. Меѓутоа, за употреба пред малолетник, пред школо или на работно место може да се добие и затворска казна од 8 дена до 6 месеци.
Во Холандија истрагата и прогонувањето за поседување на канабис за сопствена употреба (до 5 грама), има најмал судски приоритет; продажбата до 5 грама во кафулиња обично не се истражува.
Во Шведска, иако постои и затворска казна, во практика корисниците добиваат парична казна, која што може да се замени со советување врз доброволна основа.
Исто така, треба да се има предвид дека во неколку земји членки на ЕУ употребата на било каква дрога правно не се казнува (Данска, Германија, Италија, Австрија), во некои е само делумно забранета или декриминализирана, а во некои се санкционира како кривично дело (Грција, Франција, Финска, Шведска).
Што се однесува до илегалното поседување дрога, во принцип, „Поседувањето на дроги за лична употреба (во смисла на поседување за неовластени цели) експлицитно е забрането во сите земји на ЕУ“. Но, во практиката среќаваме најразновидни решенија - на пример, во некои земји тренд е да не се гонат и казнуваат оние што поседуваат незначителна количина канабис за сопствена употреба - на пример, до 3 грама (Белгија) или до 5 грама (Холандија) или пак да се изрекуваат само парични казни (без лишување од слобода).
Канабисот се смета за „наркотична дрога со мали-до-средни особини на зависност“ (поскоро психолошка, отколку физичка). Свеста за терапевтските особини расте, и медицинската употреба на канабис се смета за значајна тема во Европските политики за дрога. Меѓутоа, поарно да не ви треба канабис за медицинска употреба - се препорачува за ослободување од хронична болка како резултат на „мултипл склероза“, СИДА, хемотерапија, и при смртно болни случаи.
Сите линкови се од Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги (EMCDDA).
Ај, толку засега!

4 коментари:

Анонимен рече...

А како е ситуацијата кај нас?

Unknown рече...

Кај нас, и поседувањето трева, и „оддавањето на уживање“ се прекршоци за кои можеш да добиеш парична казна, но и да одлежиш затвор.
И покрај тоа, уживателите на трева на големо се апсат и третираат како криминалци од МВР, и се регистрираат како „зависници“.
Како што знаете, уживањето на канабис може да доведе до психолошка зависност, но тоа не значи и дека секој што пробал трава треба да се дијагностицира (од МВР) како „зависник“!

Анонимен рече...

Cool blog, interesting information... Keep it UP creating a domain Job title contains perl web developer jobs

Анонимен рече...

Keep up the good work defense attorney

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week