Два Илиндена – „две Македонии“

8/02/2007

„Има само една Македонија“?

„Нема и не смее да има две Македонии, една наша другата ваша, едната во Крушево, другата во Пелинце“ (Председателот од Пелинце предупреди апсењата да не бидат со политичка нарачка за маркетинг)

Не знам како било на Пелинце, ама на Мечкин камен, „џган пипл“ беше; а богами и „џган џандари“.

Еве што забележал новинарот на А1:

„Освен на бината, кадешто стоеше заедно со знамето на ЕУ, официјалното државно македонско знаме не можеше да се забележи меѓу посетителите.

Гостите на најбројната веселба на Илинден во последниве неколку години на Мечкин Камен сепак, не го послушаа повикот на премиерот Груевски, кој од Илинден порача дека Македонија мора да биде единствена.

Овации за него и свирежи за делегацијата на претседателот Црвенковски и на партијата СДСМ.“ (Груевски: Илинден е празник на македонскиот стремеж)

Новинарот на А1 малку преувеличува: имаше и државни знамиња, иако беа во убедливо малцинство; наместо „овации“, јас би напишал „аплаузи“; а и зборот „свирежи“ е премногу силен, ако се земе предвид дека многу малку луѓе реагираа на таков начин.

Еве неколку мои забелешки:

- Еколошка катастрофа – толпа народ, ниту една канта за ѓубре не видов.

- Народот немаше пристап ниту до платото пред бината, ниту до споменикот на Питу Гули. Бината воопшто не се гледаше. Полицијата обезбедуваше коридор до бината, кој го делеше народот на два дела кои немаа меѓусебен контакт. Така, испаѓаше дека „недопирливите“ политичари симболично го делат народот на два дела, со помош на полицијата.

- Политичарите се движеа со автомобили по асфалт во полициски обезбедуван коридор; контролирани од полицијата, обичните граѓани мораа да голтаат прашина одејќи пешки по поредни земјени патчиња; уште еден симбол за оддалеченоста на власта од граѓаните.

Уште еден мал куриозитет во врска со химната. Наместо „Горите Македонски шумно пеат / нови песни, нови весници“, беше испеано „бојни песни“. Пригодно, со оглед на мотото: „Секоја генерација има своја битка“.

Сепак, многу поинтересно си поминав вчера, на свеченоста на Гумења.

Ај погодете која група имаше чест да ја исполни својата патриотска нумера откако беше одиграно „комитското“?

Верувале или не, пред свитата на Груевски и великодостојниците на МПЦ, излегоа тројцата хомофобични дечки – фамозните „Македонски синови“ од „градот под кулите“. Да можевте само да им ги видите фаците на поповите и на Груевски кога почнаа со патриотскиот рап за Ченто и Македонија.

Бурлеска.

6 коментари:

Анонимен рече...

„Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“ :)

Анонимен рече...

Прво, мене не ми е јасно до кога Бране ќе тера со неговите говори во ист стил. Иста интонација, исто повторување на почетокот на реченицата во вид на словенска антитеза, исти негативни и обвинувачки мисли насочени кон нив од нас иста арогантна и осудувачка фаца. Мислам дека треба малку да следи трендови, да смени пропагандна техника, вака, уште само на зарибаните пензионери им е интересен.
Потоа не ми е јасно, не следев многу што беше работава, ама како тоа испадна делење на Македонија со двете славја, кога буквално секој Илинден е исто. Секогаш се слави и на Мечкин Камен и во Пелинце и по манастирите и црквите. Едноставно три празници се во исто време и неминовно е сите различно да се празнуваат.
Стварно не ми се сфатливи новинариве, зашто постојано смислуваат некакви политички кризи, кои не постојат во земјава и уште повеќе не ми е јасно како е можно толку лесно да бидат изманипулирани. Или можеби сум наивна, тие сакаат нас да не манипулираат.

Unknown рече...

Bi, можеби ќе ти биде изненадување, ама говорите на Бане беа оценети со многу висока оценка од еден експерт по реторика кој докторираше токму на таа тема во Холандија.
Станува збор за намерна и ефектна употреба на реторички фигури во аргументативни цели.
Инаку, мислам дека си во право за трите празници на Илинден.
Не ми е само јасно зошто не се договорат Грујо и Бане прво да одат заедно на Пелинце, па оттаму со хеликоптер да се спуштат на Мечкин Камен, и со тоа лично да се спротистават за обидите за поделба.

Анонимен рече...

Целата манифестација - стереотипна, и говори, и организација и новинари и вести......
Единствено што е прототипно годинава, е, драг Жарко, крајот на твојов текст. БУРЛЕСКА НЕВИДЕНА.. искрено кажано, долго време лепеа плакати за ВМРО-ДПМНЕ, заслужија барем настап на државни национални прослави :) МС, како што јас би ја превел оваа скратеница, Маде во Сол :)

Unknown рече...

ако лепеле плакати, стварно било заслужено :)

Анонимен рече...

Чесен збор :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week