Ден против или за хомофобијата?

5/17/2007

Како што сосем прилега за денешниов меѓународен ден против хомофобијата, еден наш блогер ја промовираше песната Македонски синови - Притвор за педери: „Песнава мора да ја слушнете. Нема што закон е.“

Уште кога прв па ја слушнав песнава, во едно интернет кафуле во Охрид, најдов линк и го препратив до МАССО и до активисти на Хелсиншкиот комитет, со надеж дека веднаш ќе реагираат. Се воздржав од било каква блог-реакција, меѓу другото, и за да не соучествувам во ширење на хомофобија.

За жал, иако поминаа неколу месеци, немаше никаква реакција. Прилепските рапери, кои отворено повикуваа на насилство, не беа спомнати ниту во мониторингот на МАССО, ниту во најновиот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет соодветно реагираше на „радикалниот говор на омраза“ на ДПА – кога лицата од мешани етнички бракови беа наречени „биолошки хибриди или копилиња“. Но, изостана реакција во овој случај на радикално пеење на омраза и предизвикување на насилство и нетрпеливост: „одвратен педер“, „земам ЦЗ-99 и во него го вперувам“, „зедов газија и направив коктел, му го удрив во глава и се запали цел“, „сите вие педери, слушнете што велам, ... од градов ќе ве селам“, „за сите вас притвор – смрдливи гнаси“...

Што мислите да се викаше песната „Притвор за Македонци (или Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Евреи...)“, и сите погорни зборови да се однесуваа на некоја етничка група, дали тогаш ќе имаше јавни реакции?

Дали некои блогери ќе ја промовираа песната со зборовите, „Песнава мора да ја слушнете. Нема што закон е“. Дали ќе имаше јавен молк или веднаш ќе беа покренати кривични пријави за разгорување на национална нетрпеливост?

Секоја чест на femgerila за нејзиниот обид да ја исмее хомофобијата, преку таргетирање на песната, но мислам дека случајов заслужува бајаги посериозна реакција.

Ако Вранишковски лежеше затвор за разгорување на верска, расна и национална омраза поради едно календарче, зошто и против „Македонски синови“ да не биде покрената соодветна полициска и судска постапка?

24 коментари:

Igor Stojanovski рече...

Не знам зошто геј прајд парадите неверојатно ме потсетуваат на нацистички паради...Како може некој да биде горд на својата сексуална ориетација? Нели тоа почеток на уште една форма на нетолеранција?

Чисто ме интересира дали постои ден против хетерохобија или мизогинија?

Истражувањата на МаSSо(н) некако не можам да ги земам као релевантни посебно кога ќе се земе предвид тертманот кон вработените кои не се со поинаква („ослободена“? ) сексуална ориентација.

Не знам зошто по дифолт геј популацијата е означена како жртва на хомофобичата конзервативна средина, кога сосема истата форма на дискриминација е одлика и на елитистичката геј популација.

Зошто не се крева галама кога геј лик ќе нарече некого „стрејтерче“ или ќе му се потсмева поради неговата мажественост? Или пак кога му се потсмева поради тоа што нема пари да оди во шопинг во Бицијани или некој друг елитен бутик а? Или можеби кога ќе го отпушти од работа со причина дека е добро во неговата организација да има хетеросексуалци ама дека профилот на личноста не одговарала на онаа која организацијата ја бара?

Погледнете и анализирајте ги одностие помеѓу заедницата на гејовите и заедницата на лезбејките и веднаш станува јасно за колку нетолерантни и исклучиви групи на луѓе станува збор. Не би сакал да генерализирам, но веќе го направив тоа.

Што се однесува до МАССО тоа е организација која едниствнена борба која што ја води со огромиот буџет исцеден од фондациите на светското геј лоби е за конформирање на геј заедницата кон нормите на општество - кое е ненормално во својата бит. Борба? Јас би рекол дека од таа „борба“, „активистите“ во оваа организација создаваат прилично лесна и удобна живеачка.

Не сум хомофобик, ама не сум ни душегрижник. Се грижам за луѓето без разлика дали се геј, црни,политички коректни, жени или нешто помеѓу, се додека не се себични и алчни егоисти. Само затоа што е некој е геј и жртва на дискриминација не го прави по дифолт маченик.

Unknown рече...

"Не би сакал да генерализирам, но веќе го направив тоа."
За жал, веќе го направи тоа.

Анонимен рече...

Аман пополека малку со постовиве, не можам да те навтасам да те дочитам колку ти што можеш да напишеш. Доволно материјал за еден дневен весник имаш да исполнуваш.

„Ако Вранишковски лежеше затвор за разгорување на верска, расна и национална омраза поради едно календарче, зошто и против „Македонски синови“ да не биде покрената соодветна полициска и судска постапка? „
- Од истаата причина што не постои закон против дискриминација врз основа на сексуална определба. Сексуалноста не ја третираат за вродена, туку за особина/постапка, и згора на тоа грешна.

Во секој случај, во право си, иако мене како на хомосексуалец, песнава ми е пред се смешна. Или треба да глумам шокиран, како да не знам каде живеам мајко му.

Анонимен рече...

А што правиме со слободата на изразување? Особено слобода на уметничко изразување?

Ania рече...

а што со јавното повикување на геноцид и убиство?

Анонимен рече...

И тоа е слобода на говор.
Секој уметник има право што сака да каже, без да се плаши дека ќе биде нападнат поради тоа.
Што мислиш за карикатурите на Мухамед? Добро беше што ги цензурираа?
Кажи што е поважно, да се цензурира полека и етапно се што може да навреди некого, додека не се дојде до ситуација да не можеме ништо да кажеме од страв за реперкусии и судски тужби?
Слободата на говор е најважното нешто, се друго е споредно.

Анонимен рече...

Кога го видов постот сабајлево искрено многу се изненадив на реакциите. Како прво песната во МАССО ја слушнавме пред месец дена, а не пред неколку месеци како што пишува во горниот пост. Второ никој не може да реагира на песна затоа што во долгата историја на музиката во песните се спомнува се и сешто и никој досега не реагирал. А и никој нема право да се меша во слободата на “уметничкото“ изразување без разлика за што да се работи.

Во врска со вториот пост би го запрашала Игор дали го имаше ова исто мислење што го пишува кога работеше за МАССО, а на чие место сум сега јас?
Веќе еден месец и дваесет дена работам како лице одговорно за јавност и сум стрејт и морам да кажам дека досега не сум работела во попријатна средина и со по пријателски луѓе од оние што работат во МАССО (а имам 10 годишно работно искуство во разни сектори). Иако сум стрејт (повторно ке повторам)во текот на мојата работа никој во МАССО не ме нарекол “стрејтерче“ или ми се потсмевал за тоа каде одам на шопинг и дали носам скапа или евтина гардероба. Иако сум цел ден на работа со овие луѓе, задоволство ми е кога ќе излеземе навечер во некое кафуле, на изложба, на концерт....
АЛООО, Игор проблемот не е во луѓето во МАССО туку во тебе!!!!! и мислам дека треба конечно да си ги излечиш фрустрациите, бидејќи помина еден месец, а ти сеуште се замараш со МАССО
Игор мислам дека во МАССО ти дадоа шанса еден месец и ако не си ја оправдал, запрашај се себеси зашто и џабе е СЕ. За тој еден месец требаше да научиш дека ако не постоеше МАССО на геј луѓето сеуште ќе им беше непријатно и страв да кажат дека ЉУБАТ личност од ист пол. Па нели љубовта е една од најважните работи во животот, ама по се изгледа ти нити го познаваш нити си го почуствувал тоа чуство.
МАССО ВЕ САКАМ
Огнена Поп-Андонова

Анонимен рече...

Najprvin izvinuvanje do Zarko sto ke moram da mu go iskoristam blogov za edna vakva tazna rasprava, no veke so meseci slusam kako cirkuliraat izvisni iskazi generirani od Igorthze. So ogled na licnata priroda na celiov negov komentar, moram da reagiram na itiot nacin. Navistina otsekogas mi bilo najtazno koga gledam kako luge se teteravat vo sopstvenite kozuvki, kako luge paranoucno trcaat vo lavirintite na sopstvenite duvla, bez vidik, gluvi za glasot na Drugiot vo celosno otsustvo na samosvest. A da se potsetime na Hegela deka zelbata za prepoznavanje od Drugiot e osnovna zelba koja e nuzen preduslov za samosvesta na subjektot. Da bideme malku samokriticni Igorthze. No, dobro ajde vo malku sprotivna nasoka. Nietzche! Kakov napad na reaktivni sili, kakov negatorski stav kon zivoto, kon fluksot koj producira, kreira i generira impolsi na sreka i kopnez po zivotot vo seta negova razlicnost. Poleka, se obiduvam samo da te oslobodam od vina za site ovie komentari, da go dekonsruirame tvojot subjekt i da mu ja prepiseme seta ovaa iskazuvacka aktivnost na RESANTIMANOT koj tolku mnogu te maci i zatvora. Kakov gnev, kakva omraza, kakva zelba za odmazda.Nerecikliran resantiman. Loso varenje. Disfunkcija na metabolizmot. Losa digestija.Terapija: Novolax ili Dulkolax. Kakov teret na memorijata. Minatoto- breme.Igorthze, pa daj oslobodi se od minatoto. I nemoj da ni prodavas filosofija (vo najpogrdnoto i najmanipulativnoto znacenje na zborot)kako rezultat na kvazikontemplativnost i rasuduvanje. Da li se zaprasa zasto go pisuvas tolku histericno seto ova tolku vreme.Ova e navistina veke paranoidno, kakvi megalomanski pozicioniranja na sopstvenoto ego; kakov strav; kakva nesigurnost! Pa daj pocni da zivees.
I nemoj te molam da mi prodavas feminizam (zenata= kastriran penis, se sekavas deka ti go kaza ova?).
Koj bi mozel da te slusa, ako samo pomisli deka nekoj koj zboruva vaka sega, pred nepolni dva meseci se deklariral kako nevideno tolerantna licnost koja zastanuva zad interesite na homoseksualcite. Suetata ke te unisti. Poltronizmot zad maskata na avantgardata lesno se prepoznava. Ti treba edna prosetka po modelot na sizofrenicarot. Oslobodi se od sopstvenoto ego, taka ne se ljubi covek, taka ne se ljubi zivotot, taka ne mu se raduvame na kosmosot, na tekot, na fluxot na rizomata na zelbata i razlikata.
I za kraj, slusnav cela net mreza dozna deka si polozil kaj Muhic? PA CESTITKI.Sega veke moze da sednes i da citas, a ne samo da polagas ispit.

Анонимен рече...

Umetnicka sloboda? "Makedonski Sinovi", boze moj, jas ne bi rekla deka ovde se raboti za sloboda na govor ili izrazuvanje. Imam da poracam dve raboti:
Aj, shto nejame zakon protiv diskriminacija(shto e nedzvolivo i strashno za edna drzava(ako se narkuvame drzava)),pa nema "bolnite sinovi" kade da odgovarat, pa ushte se vikaat i makedonski???mi ja sramat nacijata.

Predlagam MASSO i Helshinski, da napravat edena pesna odogovor na ova taka u po hip-hop fazon:)

Mislam stvarno tie,koi i da se nezaslvaat duri ni vnimanie.
Barem ga gi kaznime so paricna globa, da moze GAY Pride da organizirame:)
A, "niv" da gi vidam razigrani u tangi na stage!i toa na rimejkot!

Анонимен рече...

Ха, ха, хааааааааааааа. Жаре ти стварно си навлечен на тоа на се да лаеш. Другарче олабави малку. Песнава е таков shit, што се пукнав од смеење, а вие сите се препукувате едни со други.

ОК, Игор стварно има некои проблеми, ама луѓе, нема никаква потреба од употреба на "философски" "аргументи" во искажување на прилично јасни ставови (кои, патем, си ги знаете едни на други од порано).

Анонимен рече...

Другар. Песната не ја промовирав туку само ја ставив на блог кај мене. Сега го извадив постот повеќе нема да постои.

Unknown рече...

СМРТ ЗА ПЕДЕРИТЕ... ЕБАВЕ СИТЕ ОБРАТНИ... ТУЖЕТЕ МЕ!

Анонимен рече...

Другар ја вратив песната. Што сакате зборувајте мој блог е и што сакам ќе правам. Ај да видам нека ме запре некој.

Анонимен рече...

Со го замарате Горан ја нашол ја постирал не ја иработил. Видете ако има некаде законска пречка покренете акција. Имате јавен правобранител, обвинители адвокати терајте ја работата. Инаку јас мислам дека е мислење на типот кој рапува амо не ти се допаѓа не ја слусај песната.

Unknown рече...

Еве еден интересен цитат и линк за бранителите на „правото на изразување“:
“Inciting murder is a criminal offence…Free speech does not include the right to encourage the criminal act of murder.”
REGGAE STAR UNDER POLICE INVESTIGATION
Ако прогуглате малку, ќе видите дека ЛГБТ движењето вложи огромен труд да се забранат хомофобичните песни, кој исходуваше и со откажување концерти, па и до договор со „реге индустријата“ во кој „no more songs containing violent lyrics sent towards the gay and lesbian community will be included on the records produced by these companies or onstage by the artists associated with these companies, while performing.“
Што сакав да кажам?
Одамна не сум прочитал понаивен став од овој: „...никој не може да реагира на песна затоа што во долгата историја на музиката во песните се спомнува се и сешто и никој досега не реагирал. А и никој нема право да се меша во слободата на “уметничкото“ изразување без разлика за што да се работи.“
Дајте луѓе - немојте да ширите ваков дефетизам, туку напишете барем по едно протестно писмо до сите форуми каде што може да се симне рапот. Хомофобичната песна се шири по мрежа, а вие си пиете чај!
Ако повикувањето на насилство, на селење, на притвор - го браните како уметност - тогаш било каква борба против хомофобијата е бесмислена, оти секој хомофоб ќе може да се брани со аргументот дека е перформативен уметник.

Анонимен рече...

Жаре и јас како Сатаниел мислев. Толку е самореферирачка песнава си велев што нема потреба да кажеш ништо повеќе- таа самата ќе си ја заврши работата. Можеби и беше грешка до некаде, особено затоа што најпрво мислев дека е токму пародија на хомофобијата, а после си реков ма неее ова се клинци шо се зезаат во своите лавиринти на первертирана шега и на крај богати дознавам дека се тоа некоја етаблирана прилепска група што настапува по фестивале. Еееееј човече??? И после МАССО наместо да се извинат што ја забоштиле работата со Игорче некојси овде се препуцаваат.
Тој па дошол да ми соли памет за уметничката вредност наспроти цензурата. Е јебалоте било каков став ако тргнува од позиција уметност во песнава.
Па МАССО? Што е следното? Уф како се изнервирав ама изгледа од сите јас и Жаре испаднавме душебрижниците. Се обидувам да не бидам пожустра во прекорот. Барем некаде бре со став да излезевте!
А Игорче баталете го! Тој сам себе успеа низ 1 коментар да се побие илјада пати повеќе отколку што било кога ќе можете вие.

Unknown рече...

femgerila, и јас бев во дилема дали веднаш да реагирам, или само под услов ако песната се рашири.
Самиот бев сведок, како во интернет-кафето во Охрид, песната се пушта неколку пати навечер - со барања од клиентите - „ај пак“.
А еве и еден илустративен коментар од Стоичо кај Горан Андреев: „Песента имаше страхотен успех в нашия офис и всички питат за текста?“
Пак ќе потенцирам - сменете во текстот наместо „педери“, и ставете „Македонци“, „Албанци“..., „жени“, „мажи“, „стрејтери“, „христијани“, „муслимани“... „блогери“... - и преиспитајте ги пак вашите ставови за уметноста!

Анонимен рече...

денес на ѕвон, емисија за деца, и млади, се јави една загрижена баба: нејзиниот 3годишен внук си играл со шминки и „женски„ кукли.
професорката Диана и' рече да не ја гонат зли мисли, „децата се импулсивни„ и и' препиша детето да го носат на фудбалски натпревари и да се дружи со татко му, да биде во машко друштво... ех... му нема крај.

Testing рече...

Јас песната ја немам слушнато, и можда не ни треба да се мешам у залауфанава дискусија, ама не можам а да не забележам дека работите тргнале многу повеќе на препуцавање, него ли на конструктивно дискутирање.

Call me extreme, ама сметам дека решенија (онака, најутопистички гледано) има две, кои сосема меѓусебно се косат: значи или максимална ригидност во изразување на сопствените ставови во однос на СЕ' (сексуалност, вероисповест, политички ставови...) т.е. нивно НЕизразување, ако треба и со закон регулирано; или апсолутна слобода на говорот, каде сите (простете) гомна ќе изгубат на значење и на сила.

Сето останато е нефункционално, кога станува збор за човештвото и нивото на неговата интелигенција as we know it.

Unknown рече...

Можда треба да се консултираме со професорката Диана - се чини дека таа има рецепт за се :)
Incontinentia, во случајов или-или размислувањето е непродуктивно.
Како што спомена Сатаниел, лекот е во закон за анти-дискриминација.

Дамјан рече...

Хмм.. па песнава не претставува дискриминација. Дискриминација ќе беше ако некого го отпуштеле заради сексуалната определба.

И не се слагам дека треба да се цензурира песната, ниту пак како облик да биде забранета со закон... ниту гледам како тоа ќе го реши проблемот.

Unknown рече...

Дамјан, во законите за заштита од дискриминација постојат и вакви одредби:
„Article 5
The harassment on the grounds referred to in Article 4, Paragraph 1, sexual harassment, instigation to discrimination, persecution (persecution) and racial segregation, as well as building and maintenance of an architectural environment hampering the access of people with disabilities to public places shall be deemed discrimination.“
(Бугарскиот LAW ON PROTECTION AGAINST DISCRIMINATION)
Според австралиските закони, „Discrimination occurs when someone is treated unfairly because they happen to belong to a particular group of people or have a particular characteristic.“

Дамјан рече...

Thought crimes .... middle ages welcome back.

Анонимен рече...

Ицко said...

СМРТ ЗА ПЕДЕРИТЕ... ЕБАВЕ СИТЕ ОБРАТНИ... ТУЖЕТЕ МЕ!

Skroz se soglasuvam so tebe drugar.Tie so se pederisuvaat treba da se kaznat.I da mu ebam krvta na toj so rece deka raperive ni go sramat imevo.Slusnete gi drugite 9 pesni ako ste mazi.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week