Али Ахмети – „европски Македонец“?

5/22/2007

Во печатот се појавија неколку контроверзни изјави, кои дополнително ја комплицираат работата во врска со „непроблематичните“ и „чистите“ идентитети во Македонија.

Мошне интересна е реакцијата на Димо Димчев во однос на јавно презентираните документи во кои „бадентеровата“ пратеничка г-ѓа Кипаризовска се има изјаснето како Македонка:

Како да е тоа некој невиден грев а не нормална работа имајќи предвид дека таа е од Македонија а и по мајка е Македонка, па има потполно право да се чувствува и Влаинка и Македонка, што има тука толку лошо?“ (Власите не треба да бидат жртви)

Но, ако е нормално еден човек да има право на два етнички идентитета, тогаш вкупниот број на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други ќе биде многу поголем од вкупниот број на регистрирани жители. Не станува тука збор за „шифтање“ на идентитети, туку за „полно право“ да се чувствуваш истовремено и како Македонка, и како Влаинка, за право да се чувствуваш како припадник или припадничка на две етнички заедници. Но, што ако едниот дедо ти е Албанец, едната баба Македонка, другиот дедо ти е Србин, а другата баба Влаинка? Дали тогаш ќе стекнеш „полно право“ да се чувствуваш како припадник или припадничка на четири етнички заедници?

Втората, не помалку контроверзна изјава ја дава Владо Перев, претставен во денешниот број на „Глобус“ како „Бугарин по чувство“:

„Види, јас сум етнички Бугарин, како што Али Ахмети, на пример, е етнички Албанец, ама двајцата сме Македонци според европското значење на тој збор.“ („Јас и Ахмети сме европски Македонци“)

Владо Перев не се идентификува како „македонски Бугарин“, туку истовремено како етнички Бугарин и како Македонец, каде што идентитетот „Македонец“ не е употребен во етничка смисла, туку според „европското значење на тој збор“.

Останува отворено прашањето дали со оваа формулација ќе се согласи и Али Ахмети: Дали првиот човек на ДУИ ќе се согласи дека е етнички Албанец и „европски“ Македонец?

6 коментари:

Анонимен рече...

Те читам и ти се чидам. Стварно не ги разбираш работите или си играш мајтап со оние коишто сакаат да ја задржат Македонија како матична држава на македонскиот народ (етнос)?
Па толку ли не сфати до сега дека ЕДИНСТВЕНА прифатлива опција за македонските албанци е Голема Албанија? Се друго се само методи до постигнување на конечната цел.

Unknown рече...

Зошто имам впечаток дека „оние коишто сакаат да ја задржат Македонија како матична држава на македонскиот народ (етнос)“ прават се што е во нивна моќ за стварно да испадне дека „ЕДИНСТВЕНА прифатлива опција за македонските албанци е Голема Албанија?“
Инаку, пријателе, ако си ги читал документите на АСНОМ, ќе си сфател дека Демократска Федерална Македонија е конституирана како држава на „народот на Македонија“ (во смисла на демос), а не како „матична држава на македонскиот народ (етнос)“.
Република Македонија ги има изневерено идеалите на АСНОМ, и во тоа е дел од проблемот.

Анонимен рече...

Жарко, дано албанците мислят като теб. Надявам се албанците в Македоня да не са толкова диви, като тези в Косово.
Поздрави!
Хесапов

Анонимен рече...

Жаре, камо среќа да беше така ко што велиш. Зборам за реалноста, а не за тоа кој што напишал во некој документ. А проблемот не е во тоа дека Македонија ги има изневерено идеалите на АСНОМ, туку што албанците никогаш не сакале да ги прифатат „идеалите на АСНОМ“

Unknown рече...

Велиш - „албанците никогаш не сакале да ги прифатат „идеалите на АСНОМ““.
Како прво, се пишува „Албанци“, со голема буква :)
Како второ, во АСНОМ имало народни претставници Албанци, Турци и др. Не велам дека сите Албанци ги прифаќале идеалите на АСНОМ, ама не ги прифаќале ни сите Македонци.
Како трето, да, проблем на Република Македонија е тоа што сите граѓани немаат чувство за ист национален идентитет. Меѓутоа, немам чувство дека најголемиот број етнички Македонци работат во насока да се реши проблемот. Напротив, некои од нив додаваат „масло во огинот“.

Развигор рече...

Основно прашање е дали нечиво неприфаќање на идеалите ги прави невредни за нив да се залагаме и „ние“.

Ако тоа што „Албанците“ не прифаќаат нешто е оправдание за „Македонците“ да не го прифаќаат, значи дека „Македонците“ немаат своја сопствена политика и визија за како сакаат да го устројат светот, туку нивните постапки се само реакција на (неприфаќањето на) некој друг.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week