Новиот пасош и грбот на Македонија

5/19/2007


Една работа ептен ме изиритира кај новите пасоши.

Грбот во боја на главната внатрешна страница на пасошот се разликува не само во боите, туку и во дизајнот, од грбот на Собранието - кој се разликува од - грбот на страницата на Претседателот - кој се разликува од - грбот од страницата на Владата - кој се разликува од - грбот на Службен весник.

И не само тоа, грбот во боја на главната внатрешна страница се разликува по дизајн од грбот на корицата (најмногу во формата на петокраката и кај чушките мак)!

Фураме единство на различности, нема што!

Најинтересно, грбот ептен се разликува и од грбот објавен на македонска Википедија, а дизајнот изгледа како да е преземен од англиската Википедија!

Не е лошо да се потсетиме дека според нашиот Закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија,

1) „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.“ (чл. 4)

2) „Изворникот на грбот на Република Македонија се чува во Собранието на Република Македонија и спрема него се врши обликување на грбовите.

За чувањето и употребата на изворникот на грбот на Република Македонија одговорен е секретарот на Собранието на Република Македонија.“ (чл. 11)

3) Истиот закон предвидува парична казна за прекршок од 50.000 до 300.000 денари на правното лице кое го употребува грбот во поинаква форма и содржина од онаа утврдена со законот.

Дополнителна информација: според собраниските служби, Собранието не поседува изворник на грбот на Република Македонија според кој би требало да се врши обликување на грбовите!

Во постот Откријте ги разликите! го поставив прашањето: кој е автентичниот грб на Република Македонија? Ако нема оригинал, дали тоа значи дека сите грбови се фалсификати, или пак сите грбови се автентични? Дали тоа значи дека секој може неказнето да го менува грбот?

Пак прашувам, кој треба да биде казнет за менување на грбот - Собранието (претседателот или секретарот), Претседателот, Владата, Службен Весник, Министерството за внатрешни работи кое го издава пасошот, сите, или никој?

За крај, малку иронија: ебате лустрацијата и рехабилитацијата на „жртвите на комунизмот“ со петокрака на чело!

5 коментари:

Unknown рече...

Еве и нов изглед, за сите што се бунеа поради црната позадина :)

Анонимен рече...

Грбот е 15 годишната болка која толку е едноставно да се реши со вадење на петокраката и ништо повеќе.
Но. ние сме борбен народ, Гроаррр - лавови сакаме.. сакаме да ископликуваме и меѓунационални односи и балканска хералдика и се‘ па уште сме со како што викаш ти, петокраката на чело.

Според мене стариот дизајн беше подобар, овој многу блед некако, но голем си, си знаеш :)

By Jove рече...

Hi Zare,

eve moj pridones vo
IZ-OPAKO-LICUVA-NJETO NA OPACINATA
(t.e. grbot)

Zarem mislis deka nekomu mu e gajle
Za imeto,znameto,grbot,drzavata
Se gleda sto pravat i sto naprajle
Onie sto mislat so kolenicite,namesto so glavata

Mene vece mi e macno da zboruvam
Za makedonskata glupost i beda
Mene mi se smaci da se povtoruvam
I da ja cepkam ranata od starata povreda

Mene mi pukna filmot od komunistite
Za tro ce povratev od nacionalistite
Zatoa se drzam podaleku od istite
A se somnevam vo onie na race cistite

Site grbovi odamna go izgubile svojot lik
Denes opacinata so likot svoj se gordee
Samo novite pagjaat na stariot trik
A marsalot,toj i dendenes od grobot ni se smee

Pionerski pozdrav,

Jove.

Unknown рече...

"Me ne mi pukna filmot od komunistite
Za tro ce povratev od nacionalistite
Zatoa se drzam podaleku od istite
A se somnevam vo onie na race cistite".
Не е лошо ко за химна на „независните“ :)

Unknown рече...

Рибар, како што кажа - „Грбот е 15 годишната болка...“
Грбот со петокрака стана симбол на недостатокот на политички консензус околу нашиот државен идентитет.
Нашиве политичари се прават наудрено кога од страна им удираат заушки за недостатокот од политички дијалог, ама дијалог на Запад не значи само да седиш на иста маса и за ништо да не се договориш.
Глумат само дека „нациналниот идентитет“ им е битна работа, а за еден грб не можат да се договорат.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week