Министер за правда или за конфузија?

5/02/2007

Минаха години, а „врелите костени“ од Хаг никој не сака да ги прифати:

„Ние сега се наоѓаме во спроведување една програма, која треба да значи едукација на судии и јавни обвинители, судска полиција, судски преведувачи и судски службеници, тоа е еден комплекс на прашања, тоа не е само едно прашање, од аспект на потребните услови за судење, од онаа судница што е направена, од аспект на просторот што е создаден во затворот во Шуто Оризари“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.“ (Ново одложување за враќање на Хашките предмети).

А еден од тоа преведувачите да иде постојано со министерот за да ни преведува што всушност сакал да каже?

Или и тоа спаѓа во „комплексот прашања“, што „не е само едно прашање, од аспект на…“?

Има ли подобар показател од конфузната изјава на министерот за тоа дека Република Македонија всушност нема капацитет да ги суди „Хашките предмети“?

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week