Блогерски манифест

5/16/2007

Блогерки и блогери!

Мили браќа, уште помили сестри, и најмили комшики!

Немојте толку лесно да подлегнувате на смислени провокации.

Не дозволувајте правта што се крена околу блогерската конференција да ви ги нараси очите и да ви го замати видот.

До вчера гз и гаќи, а сега Букарски против Шепард, чиниш Ејлиен против Терминатор (или Предатор ќе да беше)?

Мижи асан да ти баајам!

Се е тоа смислено сценарио.

Се е тоа разработена стратегија.

Се е тоа дел од конспиративната реклама за т.н. „блогерска конференција“.

Прво го подмитуваш Букаро со 10-тина пивца у некоја скопска кафана (шанкерката мора да е русокоса), па му потшепнуваш нешто, демек тајно – „Невладините сакаат да го стават блогерај под капа“. И - свршена работа!

Откако елегантно пополнетиот Алекс, ко што го родила мајка, и ко што го израснала Битола, ќе дрмне на екс десетина пивца, и откако ќе ќари насмевка и e-mail адреса од русокосата шанкерка, тогаш тој необично се преобразува во Суперблогерот Букарски. Со суперсонична брзина се уштекува на својот блог и дига невидена (а секому веќе позната) ЏЕЕЕВАААА, разоткривајќи ја најновата конспирација. Во стилот на Груевски, со лево кроше мава по невладините, со аперкат по блогерите што се дрзнале некаква си таму конференција да прават, а со десно кроше по коментаторите што се осмелиле по блогот да му какаат!

Дури и проникливата Би подлегна на провокацијата. Дури ни експертката по пропагандни техники не сфати дека кога Букарски е во прашање, доколку рекламата е понегативна, дотолку е истата поефективна!

Трачевите бргу се шират во усмрденото Скопје, за ескпресните понуди што ги доби Букарски после разбивањето на блогерскиот џган.

Првата понуда, велат, пристигнала од „букарашкото“ лоби во ВМРО-ДПМНЕ. Користејќи ги тајните масонски канали, „букарашите“ го ангажирале да распука со сите сили по Груевски и Владата. Оти, кога Букарски мава – лево кроше, метафора, десно кроше, цитат – тука нема промашај! Политичкиот рејтинг на „жртвата“ на Букарски експоненцијално расте. Кој не верува, нека се присети само како заврши „жртвата“ Боцевски после „Чуму“!

Втората понуда пристигна од штабот на Шеќеринска. Врската беше преку една невладина организација (ама блиска на „Владе“), која што лани упорно го билдаше писателскиот рејтинг на Букарски, спонзорирајќи ја неговата книга првенец со пари од влашкото банкарско лоби. Абер од штабот пристигна: „Аман, Букаро, плукај по Шеќеринска, маани наоѓај колку ти душа сака – сакаш за новата фризура, сакаш за новиот имиџ, сакаш за нејзините метросексуални склоности – ма, плукај за што ќе ти текне, чоече, за „влашкото лоби“, за „тутунската мафија“ - оти крајно време е скромниот рејтинг на милата ни Шеќеринска да почне да рипа.“

Третата понуда пристигна од „гробарите на македонската колумна“, преку еден бивш конзул, несуден масон, од неодамна инфилтриран како анти-блогер: „Аман бе Букар, дај почни пак да не пердашиш и „закопуваш“, оти откако престана да маваш со дрвја и камења по нас, читателите загубија секаков интерес, а уредниците сакаат буквално да не закопаат за век и вјеков. Некои од нас толку ниско паднаа, што дури и блогови почнаа да си отвораат. Аман, удри по нас со тоа сленгот Битолски, ако треба по педесет примероци од „Падобранот“ ќе ти откупиме, и по еден примерок со твој потпис лично на секоја од љубовниците ќе поделиме! Толку можеме, оти горчлив е лебот колумнистички, како што и самиот вкуси.“

Ете така, блогерки и блогери!

Ете така, мили браќа, уште помили сестри, и најмили комшики!

Не дозволувајте да ве залажат.

Конфликтот е фингиран. Играта Букаро vs. Вуна е разоткриена.

Се е тоа смислено сценарио зад кое се кријат политички интереси на влашкото лоби, на тутунската мафија, и на масонските ложи од нашите соседни земји.

Немојте да дозволите очите да ви ги мачкаат со поликолор, божемски земен на компензација од Колумбија!

И повеќе од јасно е дека сите овие „душегрижници“, сите овие „блогери“-волонтери, преку своите „невладини конференции“, сакаат да го стават под контрола нашиот блогерај! Сакаат да наметнат нов јарем во нашата слободна територија, во нашата Крушевска Република, во нашата бавча за културно сопкање на блогерите и тајно бришење на коментаторите.

Зарем ќе им дозволите да го направат тоа, вие славни потомци на Александар Македонски, внуци на Самуиловите ослепени војници, вие синови и ќерки на славните „Илинденци“, на бескомпромисните „анти-фашисти“ и на сите непрежалени борци кои ги дадоа своите животи за слободна и самостојна „Поранешна Југословенска Република Македонија“?

14 коментари:

Анонимен рече...

tuu ama paranoja okolu konferencijava :))))))))

Unknown рече...

Можда затоа што го нарекле настанот „конференција“, а не конгрес. Читнете кај Букаро, „Првиот Блогерски Конгрес - 08.05.2005“ :)

Анонимен рече...

мислам дека навлегуваме пополека но сигурно од Рамо 1 (еден против цело село полицајци) во Рамбо 2 (еден против сите)и пињау пињау тррр пукаај..не е битно во кој , сите се лижачи на НГО! . :)

Анонимен рече...

од друга страна пак, да не се зансуваме,.. јасно дека кај нас НГО се некаков културен пулс во општеството.
ПРоблемот е, што не може една изложба, настан, собир, филм, да се пушти а да тоа не го организирала некоја НВО (со тоа се подразбира дека делумно го платила истото) .. и дека се’ што се случува во градот и пошироко конците ги мрдаат овие нво-овциве.

Unknown рече...

roxane, ме потсети со твоите соледувања на едно тврдење на еден професор дека развојот на невладините во „пост-комунистичките земји“ бил процес на „институционализирање на слободата“.
Се сеќавам дека тогаш му поставив две прашања?
1) Каква е таа „институционализирана слобода“ кога регистрирањето на здружение на граѓани оди по принципот на Микрософт: притисни „I agree“ на веќе наметнатите правила на игра, или нема воопшто да постоиш?
2) Како да се објасни феноменот дека „андерграундот“ од осумдесетите умре заедно со растежот на „невладините“ во 90-тите години од минатиот век?
Но, и покрај оправданите критики на адреса на „граѓанскиот тоталитаризам“, бесмислено е да се фрлаат дрвја и камења по сите „невладини“.
Финтата е како да направиме најразлични „невладини“, кои нема да бидат структурирани по ист образец (со пополнување на празните места во формуларот за „статут“), и кои ќе промовираат најразлични начини на организирање и одлучување.
Еден таков успешен граѓанско-блогерски проект беше и „Електролит“.
Ич не ми е јасно зошто и тогаш супер-блогерот Букарски не почна да фрла со дрвја и камења по „невладините“.
Ич не ми е јасно зошто принципиелниот Букарски протестно не ја врати наградата од 1000 евра, откако не беа расчистени сомнежите околу тоа дека „конкурсот“ на „Новите“ бил само формалност, затоа што книгата на Букарски веќе била испечатена, и однапред се знаел победникот?

Анонимен рече...

во македонија нема веќе андерграунд. иако не сум сигурна дека го немало и на почетокот на деведесеттите. белки “маклабас“ ерата, на пример, не ја лоцираш во осумдести?
во секој случај, никогаш не би ми текнало да ги врзам подемот на нго-ата со падот и бедата на македонскиот андерграунд.
или можда не сум упатена во некои нови текови откога отидов “overground“ :)

Анонимен рече...

"Maklabas" e veke svedoshtvo za smrtta na kvazi-andergraundot...

Unknown рече...

Има една слика од Станковски, мошне апокалиптична - Хитлер се фикса, а Сталин му подава лажиче, на тераса во една чаршиска куќа.
Откако рокна чаршијата - некаде 1993, а и пред тоа и се гледаше крајот со тоа фенси-чајџилниците ала „Багдад кафе“, и плимата од опијати, навистина тешко може за андерграунд да се збори.
Се до појавата на блогерајот :)
Затоа е и „отпорот“ против „конференцијата“. Страв и ме на некои блогери да не го уништат „невладините“ филингот на блогерски андерграунд.
Детски болести, ама мора да се прележат. :)

Анонимен рече...

Откако рокна чаршијата...
...па се до изложувањето на Станковски во МАНУ :) (иако лично тоа сакам да си го толкувам како симболичен шамар до нејзините станари, потопло ми е така на душа:)
Ниедна невладина не може да го уништи андерграунд филингот колку што го тоа може самиот “андерграунд естаблишмент“. Ако не е имун на шарените лижавчиња на мејнстримот.:)

Unknown рече...

Ако не се лажам, самиот Ацо Рембрант тврдеше дека во Македонија нема андерграунд - оти, за да има андерграунд, треба прво да има мејнстрим!
Откако Ацо влезе во МАНУ, сега сигурно има мејнстрим - значи, дури сега имаме претпоставки за андерграунд :)

Анонимен рече...

хаха, одговор на ниво. Браво!

Анонимен рече...

Ништо нема да ми пречи Ацо да е мејнстрим. Јас би му дала и поголем и медиумски и секаков простор, и жал ми е што веќе не пишува почесто како порано. Еве, одма ми текнува кој може да му го отстапи вторничкиот простор во Утрински! ;)

Unknown рече...

Ах, за тоа ли се играла прочуената партија
шах?
После МАНУ во конзервативниот „Утрински“?
Ништо не се знае. И онака дневната политика ни е теорија на конспирација, а во таков контекст Ацо одлично се снаоѓа.

Анонимен рече...

ххахаха, не ја бев знаела сличкава!
штета. вторничкиот термин ми имплицира дека коља победил.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week