Владата не (дез)информира

5/29/2007

„Владата на Република Македонија на минатата седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка и на Кривичниот законик.“ (Утврдени измените на Законот за кривична постапка и на Кривичниот законик ...)

Драга наша владичке,

Во нашиот устав пишува дека Собраниетодонесува закони и дава автентично толкување на законите“, а дека Владата има „право да предлага донесување на закон“. Предлагач може да биде и секој пратеник, како и најмалку 10.000 избирачи.

Исто така, во нашиот устав убаво си пишува дека поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Затоа убаво ве молиме, друг пат да не ги дезинформирате граѓаните дека се Утврдени измените на Законот за кривична постапка и на Кривичниот законик ..., затоа што донесувањето на законите не е во ваша надлежност, туку во надлежност на Собранието.

Од вашата информација се добива впечаток дека Владата не е обичен предлагач, туку фактор што ги „утврдува“ измените на законите. Од вашата информација се добива впечаток дека не функционира поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска.

2 коментари:

Vladimir рече...

“Од вашата информација се добива впечаток дека не функционира поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска.“

Од кога го зборам јас ова. Уште од моите први денови на политичките студии, кога почнав да го разбирам политичко/уставниот механизам во Македонија.

Наместо прокламираната поделба на власта т.е. принципот на check and balances, кај нас фактички е на сила принципот на winner gets all.

Како?

Тој што ќе добие мнозинство во собранието е АПСОЛУТЕН господар во државата.

Никој не може да го распушти собранието. Тоа се САМОРАСПУШТА. Тоа чудо кај нас нема да го видиме.

ВЛАДАТА одговара пред собранието, и собранието може да покрене постапка за доверба на владата. Што исто така кај нас нема да го видиме. Затоа што истите луѓе т.е. партија, се мнозинство во парламентот, и од истите е составена владата. Така да тешко е веројатно собранието/владата да си направи хари-кири.

СУДИИТЕ ги избира и разрешува собранието по предлог на републичкиот судски совет.

РЕПУБЛИЧКИОТ СУДСКИ СОВЕТ го избира собранието. Итн итн.

ЗАКЛУЧОК - кога СДСМ/ВМРО ќе се дочепа до власта, тогаш мама и се е*ава на државата. Се е во нивни раце, и ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ НЕДОПИРЛИВИ!

Единствено, НАРОДОТ на избори може да ги казни, и ги казнува, но сепак не треба да заборавиме дека нашиот народ има ептен КРАТКА МЕМОРИЈА. Така да ни казната на народот не е страшна, пошто 4-ри години во опозиција и не е така страшна работа.

Unknown рече...

"...нашиот народ има ептен КРАТКА МЕМОРИЈА..."
Анамнезата е: амнезија.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week