блог - з’ш да не?

Жарко Трајаноски

„Зошто постираш секој ден? Каква смисла има блогирањето?“ – ме запраша пред некој ден син ми.

Читајќи една интересна книга, наидов на неколку редови кои може да послужат наместо одговор на „смртните прашања“:

„Обратниот редослед – првин пишуваш, а потоа сфаќаш за што пишуваш – можеби е чуден, па дури и перверзен, но мислам дека тоа е, барем во повеќето случаи, стандардна постапка во културната антропологија.“ (Клифорд Гирц, „Толкување на културите“)

Ете, така и јас - првин постирам, а потоа дури се обидувам да сфатам за што постирам – тоа е мојата стандардна постапка при блогирањето.

Најчесто пишувам на прва топка, инстинктивно - без колебање и без авторефлексија.

„Од многу мислење глава боли“ – убаво си кажал народот.

„Што е пост?“, Што е блог“ – чуму такви прашања?

Ако добро паметам, еден постар наш философ, честопати споменуваше некој си Журден - човек што цел живот пишувал проза, а не знаел дека пишува проза.

Дали знаењето што е проза воопшто му било потребно за да пишува проза?

Дали ви е потребно да знаете „Што е пост?“, Што е блог“, за да постирате и блогирате?

Паметам, имав една познаничка која цело време решаваше задачи во библиотека. Еден ден, откако решила цела збирка задачи, се доближила до еден колега, и му го поставила следново прашање: „Што значи ова знакчево овде?“

„- Тоа е знак за интеграл“ – одговорил колегата.

Ако можеш да решиш цела збирка задачи со интеграли, без да знаеш што е интеграл, тогаш можеш и да испостираш илјада поста, без да знаеш што е тоа блог.

7 Responses to "блог - з’ш да не?"
GoodBytes said :
2:25 AM
Ха, блог натуризам. So true, и мене ми е на ниво на пиши па сфаќај што пишуваш. Raw dump на био-струја која се врти низ невроните, како камион кипер кога исфрла цел песок одеднаш.

Зш да не?
ribaro said :
2:52 AM
На релација со коментарот на Goodbytes... Сосема следствен тек ти има постов, ако се земе во предвид поднасловот на блогов: „Будуќност је у натуризму!“ :)
oksimoron said :
10:05 AM
Еден виц:
-Тато, како летаат авионите,како не паѓаат?
-Не знам сине.
-Тато, а зошто снег врни само во зима, а не и во лето?
-Врска неам.
-Тато,тато... зошто океаните се со солена вода, а реките не се?
-Појма неам, сине.
-Тато, јас може те нервирам што прашувам?
-Не, бе, сине,таман работа. Кого ќе прашаш ако не мене? И како инаку ќе научиш ако не прашуваш?!

:) :) :)

Сеа троа посериозно.
Кога нешто те интересира, ти привлекува внимание и чувствуваш потреба да го правиш тоа - што се важни дефинициите за истото?! Следи го инстинктот и делувај, наместо да се замараш со теоретизирање за формата. ;)
Државник said :
2:56 PM
Блогирам, значи постојам.
Блогирам, значи сум! А дали постојам, прашањето може да стане ептен ирелевантно, од cyber перспектива. :)
Окси, фала за вицот - поучителен е.
Fisher, уште да најдам нудистичка у Охрид.
Goodbytes, ако ти се пие кафе, јас ќе бидам у Охрид следнава недела :)
11:09 PM
И ја така праам, си пишувам ко да ги извршувам сите останати функции на празнење, ама после ме обвинуваат дека сум медиокритет и исфрустрирана особа...ете, ме исфрустрираа да не можам да престанам да мислам на тоа...:))))

BTW, Жаримире, мене не ме викаш на кафе у Охрид? :)))))