Ромите се криви за се?

5/10/2007

Ако добро укапирав, читајќи меѓу редови, според прилогот на А1 испаѓа дека Ромите го уништиле земјоделието во Овчеполието:

„До илјадници хектари не може да пристигне вода со која би се спасиле земјоделските површини, бидејќи крадци украле хидранти, железни цевки, вентили, со кои се регулира и доставува водата од магистралниот канал. (...)

На огромните земјоделски површини не може да функционира стражарска служба, велат земјоделците, кои често забележувале група на Роми со искршени автомобили како непречено се движат по магистралниот пат М-5, во близина на каналот.“ (Овчеполието пред катастрофален губиток на жито и луцерка).

Иако е доста веќе кажано за непрофесионализмот на Маре Стоилова, последнава клеветничка вест во која се криминализираат „група на Роми“ е просто скандалозна!

Пред десетина дена шетав во Струга покрај бистите на поетите кои беа украдени. Го прашав чичкото што продаваше семки пред бистите што станало со бронѕените „поети“.

„Сиромаштија“ - рече. „Луѓето крадат бронѕа и железо за да можат да купат леб и да ги платат сметките“.

Интересен феномен. Нема пари за борба против сиромаштијата. А од некаде се наоѓаат пари за тони и тони железо што се фрлаат на крстовите, црквите и џамиите, и тони бронѕа за новите споменици што никнуваат на секој чекор.

1 коментари:

Testing рече...

А се викало "бронЅа", а не "бронЗа" !? Хмммм...човекот учи додека е жив ;))))))

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week