Во коментарот на мојот пост „Водици во Скопје“, во кој поентирав со прашањето „Кој тоа не лажеше дека комунистите биле неверници?“, еден анонимен коментатор ми укажа „Ченто не бил комунист“.
Тогаш малку гуглав, па наидов на еден текст од Илија А. Ченто, во кој реагира на поднасловот „Без разлика колку го сакал или мразел комунистичкиот режим, секој Македонец треба да знае дека македонската држава ја создале комунисти“. Синот на Ченто смета дека „Насловот на тој напис е голема навреда за личноста и делото на Методија Андонов-Ченто“ и укажува: „Догмата дека македонската држава ја создадоа само комунистите е и причина и повод некои отстрана и некои сожители да тврдат дека македонски народ не постои и дека е вештачка творба на југословенските комунисти.“
Ваквиот пристап тогаш ми го зацврсти впечатокот дека Ченто не бил комунист.
И во зборникот „Ченто“ на Архивот на Македонија се тврди истото:
„Методија Андонов – Ченто никогаш не припаѓал на комунистичката опција, иако секогаш ги симпатизирал и ги помагал напредните и револуционерни идеи во борбата за самостојна и независна Македонија. Но, токму од новата државна власт и од органите на партијата, тој ќе доживее најголем удар и ќе се најде во немилост само заради тоа што ги штитеше македонските национални интереси.“ (стр. 9).
Меѓутоа, пред некое време наидов на книгата од Крсте Црвенковски и Славко Милосавлески „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ во која се тврди дека Ченто како член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ сепак бил примен во КПМ!
Оценката на овие комунисти е дека „неговиот приод кон низа практични прашања се покажува повеќе како либерално-граѓански отколку како ортодоксно-комунистички...“ (стр. 76).
Кому да веруваме сега?
6 коментари:
Жарко, този ти постинг обяснява всичко :-)
Е, не објаснува се Стојчо, сега ќе следи уште еден дополнителен пост :)
Жарко, само така - търси сам истината и някой ден ще стигнеш до нея - важното е да не робуваш на чужди мнения.
(но за мен с този си постинг наистина си казал всичко, но още не го разбираш точно)
Поздрави!
Фала ти Стојчо, иако сум скептичен во однос на очекувањата од картезијанските проекти „во потрага по вистината“.
Хехехехе -- теолог ли стана бе, Жарко. Щом не са картезианец, значи си мистик/схоластик нали ;-)
„Щом не са картезианец, значи си мистик/схоластик нали ;-)“
Комита, во философијата има многу опции.
Ама, да не го тупам, како што не верувам во тоа дека „Има само една Македонија“, не верувам ни во тоа дека „Има само една вистина“.
Ако воопшто има некаква „вистина“ :)
Објави коментар