1) „Following elections on 5 July, government passed to a coalition of the Internal Macedonian Revolutionary Organization-Democratic Party for Macedonian National Unity and the Democratic Union for Integration (DUI).“
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ? Не заебавај, како сум го пропуштил тоа.
2) „The DPA, which won more seats than the DUI, protested atits exclusion from government by blocking roads and holding mass demonstrations. Party leaders alleged that the Ohrid Agreement, which concluded the 2001 internal conflict, had broken down.“
ДПА освоила повеќе места од ДУИ? Мора и тие избори да сум ги пропуштил.
3) „On 3 March, Zoran Vranishkovski, bishop of the Serbian Orthodox Church in Macedonia in Ohrid and prisoner of conscience since July 2005, was released from the charge of allegedly inciting religious and ethnic hatred, but remained in detention pending trial on further charges.
Каков бе „Зоран“ Вранишковски, кога и во небулозните пресуди убаво си пишува дека човекот се вика Јован? И неговата црква не се вика ниту „Српска православна црква“, ниту пак е во Охрид. И колку што се сеќавам, не беше ослободен од обвинението за „религиозна и етничка омраза“, туку му беше само редуцирана казната затвор.
Инаку, нашата држава е заведена под М како „
Бруки невидени.
6 коментари:
За истиот извештај сме пишале, само ти за Македонија, јас за Бугарија. :-)
За тоа под првата точка, со тоа „passed“ да не мисли дека „пропуштиле можност“ за коалиција, а не дека формирале коалиција? Не сум и јас сигурен.
За втората точка, очигледно ги измешале лончињата (ДУИ и ДПА).
А за третата точка, неточно е дека тој е понатаму задржан во притвор, туку напротив, е осуден за проневера на пари. Нејасно е зошто тоа е преќутено во извештајот, а нема ни апдејт како на други места. А и тоа „allegedly“, односно „наводно“, се користи до пресудата - Јован е ОСУДЕН за поттикнување верска омраза, значи правно нема веќе „наводно“. :-)
АИ има некои чудни извори на информации, ама и критериуми. Ете, на пример, за Грција повеќе не спомнуваат дека не го признава македонското малцинство. Којзнае зошто.
„government passed to a coalition of...“
„владата премина на коалицијата од...“
"е осуден за проневера на пари"
Поточно кажано, за „затајување“.
Грешиш. Неговата црква сепак се вика Српска православна црква, а тој раководи со охридската архиепископија на Српската православна црква.
Колку што знам, неговата црква се вика ПОА.
Е, сега, едно прашање: дали ако МПЦ се согласи на автономија (како прв чекор до афтокефалност), дали во тој момент и таа ќе стане Српска православна црква?
Неговата црква се вика СПЦ, а во тие рамки е и ПОА (Православна Охриска Архиепискоија) како една од епархиите на СПЦ. Значи не е Македонска, туку Охридска.
А ако МПЦ се согласи на автономија (како прв чекор до афтокефалност), во тој момент и таа ќе (о)стане дел од Српската православна црква.
пеки, се разбравме :)
Објави коментар