Бива ли нација без енциклопедија?

5/27/2007

Некои викаат не бива.

Сте ја виделе ли МИ-АНовата енциклопедија – општа и македонска, со околу 8.000 одредници што „се однесуваат на Македонија во нејзините историски, географски и етнички граници“?

Денеска прв пат ми падна во рака, и еве ги првите разочарувачки впечатоци:

1) Еден од најголемите гафови на редакцијата е пропуштањето на АСНОМ, одредница која е додадена дури во дополнувањата на четвртиот том. Бруки невидени!

2) Има дури две одредници „МАКЕДОНЕЦ“ – едната е за некојси што напишал анонимно писмо во 1923 година со псевдонимот „Македонец“, а другата е за весникот „МАКЕДОНЕЦ“ издаден во Русе, Бугарија 1880 год.?!? Сепак, најсмешна е фотографијата под која пишува „Македонец“ со која се илустрира единствената одредница за „Македонија, Република Македонија (РМ)“!

Што е поентата? Има само една Македонија?

Затоа одредницата МАКЕДОНЦИ има „дури“ три значења: 1) „име на античко племе“; 2) „древномакедонски народ“; 3) „словенски народ (денешните Македонци...)“, кој е „формиран во втората половина на X век“!

3) Дизајнот на државниот ни грб во одредницата „ГРБОВИ“ се разликува од дизајнот во одредницата „МАКЕДОНСКИ ГРБОВИ“! Зошто не ме чуди?

Што ќе прават сега учениците, кој грб ќе го прецртуваат за домашно?

4) Нормално, нема одредница за „сексуалност“ и „хетеросексуалност“, ама има одредница за „хомосексуалност“ во која пишува: „...сигурно е дека хомосексуалноста не може секогаш да се сфати како психичка дегенерација, бидејќи голем број уметници, научници и државници биле хомосексуалци.“ Исто така, на крајот се укажува и дека „во голем број земји, хомосексуалното однесување е забрането и се казнува како кривично дело“.

5) Има многу дилеми околу тоа кого има, а кого нема.

Немам листано многу, ама од прва се гледа дека:

Од музичарите: го нема Феруз Мустафов, кралот на ромскиот џез, а ја има Ратка Димитрова.

Од философите: го нема „непознатиот“ философ Ферид Мухиќ, ама затоа го има „прочуениот“ Коле Јовановски, кој е и еден од авторите на одредниците.

Од политичарите: го нема Амди Бајрам, а ја има Весна Јаневска.

Од глумците: го има Владимир Ангеловски, а го нема Димче Мешковски.

Најпосле, го нема великанот од Македонските народни приказни - Ѓорѓи Колозов, а го има Петар Мирчевски.

Бива ли нација со ваква енциклопедија?

7 коментари:

Анонимен рече...

хомосексуалноста не може секогаш да се сфати како психичка дегенерација, бидејќи голем број уметници, научници и државници биле хомосексуалци.“

аха.
а ако занаетчии, студенти и невработени биле хомосексуалци, тогаш хомосексуалноста ќе можеше да се сфати како психичка дегенерација?!?
јад и беда од аргумент!

Анонимен рече...

Еј видовте како го јадеа у Москва денес педерите хахахаха лудница браво Руси

Unknown рече...

Знаеш Нена, и алкохолизмот и „наркоманијата“ не може секогаш да се сфатат како психичка дегенерација, бидејќи голем број уметници, научници и државници биле алкохоличари и „наркомани“ :)

Анонимен рече...

каква држава таква енциклопедија :(

Unknown рече...

Енциклопедијава не е државна, туку приватна (иако е спонзорирана од Министерството за култура).
Ај да почекаме, па да видиме што ќе испадне од скратеното издание на МАНУ, кое треба да излезе до есен.

GoodBytes рече...

Уште еден доказ дека Министерството за култура треба да ги сведе помагањата на минимум (па и нула, што да не). Ако едно уметничко или културно дело нема економска вредност, во повеќето случаи нема ни вредност, зависи што под „вредност“ ќе сакаме да сфатиме.

Или обратно кажано: тешко тој бизнис (печатење енциклопедија) на кој му е потребна постојана државна донација за да успее.

Unknown рече...

"тешко тој бизнис (печатење енциклопедија) на кој му е потребна постојана државна донација за да успее"
Тоа важи и за печатењето некомерцијални книги.
А што да им кажеме на „литературните дејци“, да почнат да си отвораат блогови? :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week