Пред некој ден, купував нешто во една трафика во центарот на Скопје. Бев сведок како една млада и симпатична девојка го убедуваше недоверливиот сопственик дека ич не е забрането да се ставаат светлечки реклами на цигари. Упаднав во разговорот, и го предупредив сопственикот дека според законот е забрането не само рекламирањето со паноа, табли, и светлечки реклами, туку и индиректното рекламирање на цигари.
Тогаш добив неочекуван одговор, од кој сфатив дека најверојатно доаѓа од рекламна агентка за цигари – „Дури и ако ние ја платиме казната?“
Според законот, казните воопшто не се ниски, и се движат од 100.000 до 250.000 денари за претпријатија, или од 20.000 до 45.000 за правни лица.
Е, сега, прашање е колку се спроведува законот, затоа што видливо е дека налепници за рекламирање на цигари и рекламни паноа има насекаде низ градот.
Ако им проаѓа таа финта на рекламните агенти, и ако тие стварно се подготвени да рекламираат и по цена да ги плаќаат високите казни, тогаш станува збор или за софистицирано изигрување на законот или пак за пасивно „попушување“ на државата. Корупцијата не ја исклучувам како можност.
Предлог акции по повод Светски ден на непушење:
- Пријави ги до државната пазаришна инспекција сите трафики на кои има налепници за цигари и реклами. (телефон 3220547) ;
- Пријавување на сите таксисти кои пушат во своите возила.
- Рушење со динамит на огромните реклами закачени на Тутунскиот комбинат – Скопје, со оглед на тоа што се видливи од јавно место.
1 коментари:
A1 се генијални, нема што:
„Од 40 до 50% Македонци се редовни пушачи на 15 години, годишно се консумираат 2.310 цигари по жител.
Законот за пушење кај нас стапи на сила минатата година. Досега не е изречена ниту една казна.“
31 мај - Светски ден на непушењето
„Законот за пушење“? :)
Какви казнени одредби има во „Законот за пушење“? Ако не пушиш, добиваш казна?
Објави коментар