Еве што кажа во својот говор во Охрид м-р Никола Груевски, на Меѓународната конференција на тема „Македонија во ЕУ – придонес за европскиот идентитет“, организирана од Меѓународната Паневропска унија:
„Главната цел на оваа организација е постигнување на единство во Европа, и Европа која ќе биде слободна од нихилизам, атеизам и неморал...“
А на кој начин ќе се ослободите од мене како „неморален“ атеист и нихилист, г-не Груевски?
Баш ме интересира. Навистина ли нема место за мене во вашата ЕУ?
Ако ставањето на било која религија во ист кош со неморалот е скандалозно, не е ли барем исто толку скандалозно и ставањето на атеизмот и нихилимот во ист кош со неморалот?
Потенцирате, исто така: „Наша цел не е единствено членството во Европската унија. Наша првенствена цел е достигнување на европските стандарди.“
Уште да знаевте дека еден од основните стандарди на ЕУ е слободата на мислата, совеста и религијата, право кое, меѓу другото, ја вклучува и слободата да се промени религијата или верувањето. Тоа значи и слобода од Христијанин или Муслиман, да станам атеист и нихилист. Ете, тоа се стандардите на кои се темели ЕУ, г-не Груевски.
Ако го познававте овој стандард, и знаевте дека атеизмот и нихилизмот се философски гледишта, и ако имавте способности за елементарно логичко заклучување, ќе увидевте дека ЕУ „слободна од нихилизам, атеизам“ би била тоталитарна ЕУ која флагрантно би го загрозувала правото на слобода на мислата.
Вашите радикални „христијански“ изјави не се чекор кон Европа од 21-от век, туку кон средновековието, почитуван г-не Груевски.
Тие не се показател за “промена и отворање на границите на умот“, туку показател за помраченоста и заспаноста на вашиот разум.
А заспаноста на разумот креира монструми - не предупредуваше Гоја, а неодамна и Милош Форман, разоткривајќи ни ги модерните техники на произведување еретици.
7 коментари:
Ај па и ти за што се нервираш. Зарем ти личи и самиот Грујо на верник? Или пре на некој што пародира со крстови, за да ја докаже „демохристијанската„ ориентација на својата партија.
Има право Жарко, eвrопските „стандарди“ прво не се однесуваат на конзервативни вредности, туку на отворање на простор за различни погледи и нивно евентуално институционализирање, во стил на Фуко. Слободата на мисла е уште поширок поим на кој не му треба, па дури и му штети, институционализирање. Ова препоедноставено. Сепак, политички говори по непишаните правила на добра форма, се далеку од практика. Од трета страна, Евробарометарот покажува интересна слика за состојбата на неморалните, нелегалните и други интересни дејности на европските граѓани. ec.europa.eu/public_opinion/
фино би било да се каже дека паневропската унија, на чиј собир и зборел груевски, се залага баш за ЕУ како христијански клуб (и уопште не е осамена во таа смисла).
груевски уосталом од поодамна јава на христијанските бранови и тоа на долг рок можда и да му се покаже како добитна комбинација. у реал-политички рамки апсолутно е небитно дали е он верник или везе нема ни со бог ни со црква.
така да мулти култи причите со core на еу заедницата не стално имаат врска. конзервативизмот е во подем и груевски само се прикачуе на тој тренд.
"конзервативизмот е во подем и груевски само се прикачуе на тој тренд".
Се е то фино, ама да прогласиш два философски правци за неморални, а нивните застапнии за нешто од кое треба да се ослободиме?
Или, Груевски уште од старт не беше премиер на сите граѓани? :)
Vo sekoj slucaj, ima 80% poddrshka. Na nekoj nacin ke mora da se oslobodi od "nevernicite"...kakov i da e.
In the world of ethics, nihilist or nihilistic is often used as a derogatory term referring to a complete rejection of all systems of authority, morality, and social custom, or one who purportedly makes such a rejection....
А нели neocons се крстат (буквално) во моралните општествени вредности?
Вака можда повеќе има логика...Тоа едно, А друго, ако запнам веќе, е што ставањето во иста реченица на три различни термини,не значи дека истите се поистоветуваат (као што викаш ти, неморал=атеизам и нихилизам).
Трето е што ова “Европа слободна од..“ многу веројатно е да е превод од “Europe free of ...“
Четврто е што никаде не повикува на ослободување од застапниците на филозофските правци што у претходната реченица ги навел.
Во реториката нема буквални толкувања и вадења од контекст. И принципиелно зборам за случајов- Груевски го поштуем два промила.
Нена, во право си дека мојата интерпретација е малку пристрасна, и дека го толкувам Груевски најлошо што се може - за него.
Но, посебно кога си премиер, треба да си многу внимателен во говорите.
Изразот - „Европа која ќе биде слободна од нихилизам, атеизам и неморал...“ - може да се интерпретира на повеќе начини, меѓу другото и на начинот на кој го интерпретирав.
Во случајов, ме изиритира тоа што Груевски се прави „поголем католик од папата“ :)
Објави коментар