Увод во тоталитаризам ?

5/14/2007

Отворам јавна блог-расправа по повод тоталитарниот Предлог за донесување на закон за прекршоците против јавниот ред и мир со Предлог на закон , во однос на следниве членови :

1) „Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедниците или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 1000 евра во денарска противвредност.“ ( чл. 17)

„Кој на јавно место со малтретирање на друг или со вршење присилба спрема друг, предизвика негодување на граѓаните, или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.“ (чл. 9)

Каква е оваа логика : три пати поголема глоба ако се подбивам со знаме, отколку ако малтретирам некого или ја загрозувам неговата безбедност?

2) „Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ 100 до 400 евра во денарска противвредност. (член 6)

Со оглед на тоа што јавно место „се смета местото на кое е слободен пристап на неопределен број лица без какви и да било услови“ (член 3), а во кафеана може да влезе кој сака, дали тоа значи дека секој што се пијанчи у кафана може да биде казнет и со 400 евра ?

3) „Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.“ (член 19)

Зошто во овој член нема исто „јавно место“ ? Дали тоа значи дека полицијата ќе може да ги глоби и тие што приватно, по дома си уживаат, и тоа според закон за прекршоци против јавниот ред и мир ? И зошто глобата е поголема отколку за оддавање на пијанство, ако се земе предвид дека и алкохолот е дрога ?

4) „Кој дава аудиовизуелни слики и други предмети со порнографска содржина или со изразено насилство на малолетни лица, ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.“ (чл. 21)

Веднаш да се укинат вестите, и мноштвото филмови што се даваат по телевизија и кино.

5) „Кој се затекне да пита ќе му се изрече глоба во износ од 15 до 50 евра во денарска противвредност.“ (чл. 23)

Вака ли Владата ќе се бори против сиромаштијата ?

6) „Кој неоправдано престојува или неоправдано се задржува во заеднички простории (столбиште, подрум, заграден двор) на станбена зграда во која не е населен, во двор или простории на училиште во кое не е ученик или во простории на друга јавна зграда ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност (чл. 25)“

Што мислите, дали оваа одредба ќе важи за партиските војници пред избори, кога делат пропагандни материјали од врата до врата ?

7) „Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 1000 евра во денарска противвредност.“ (чл. 16)

„Кој на јавно место физички нападне друго лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска протввредност.“ (чл. 11)

Што е поентата ? Поевтино ти е да маваш по човек отколку по споменик ?

5 коментари:

Анонимен рече...

„WHY MUST I BE A ZOMBIE IN LOVE?„ видов па иислев можеби ќе ти фати око...

утре идеме на терен во кривопаланечко и баш ми е многу жал, требаше да се видиме на муабет па и консултации...ама ајде откако ќе се вратам...

Анонимен рече...

„Веднаш да се укинат вестите“
ВЕДНАШ!!!

Анонимен рече...

Интересен пост... во последно време сум се поуверен дека Република Македонија убедливо чекори кон некои матни води и тоа во повеќе сфери, а сето тоа е обезбедено со законите кои се во сила...

Unknown рече...

Убаво да си поминете на терен, па да дојде ден и со здружени сили непознати села да освојуваме :)
За жал, укинувањето на весстите не е толку лесно, лаки :)
Котле, и малите деца знаат дека искусните политички „сомови“ најдобро ловат во матно :)

Unknown рече...

И „Вечер“ реагира на истава тема со мошне чуден наслов: „НОВИТЕ КАЗНИ ЗА ПРЕКРШОЦИ ОД МАКЕДОНЦИ ЌЕ НАПРАВАТ ШВЕЃАНИ!?“
А тек да видите колку се соодветни фотките за прилогот:
1) полугола девојка со чашка алкохол во раката, во домашна атмосфера, со спуштени ролетни ?!?
2) машко детенце љубопитно гледа у подотворените гаќички на неговата другарка?!?
И каква врска имаат фотките со прекршоци против јавниот ред и мир?
Или имаат врска со Швеѓаните? :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week