Политички манипулации

5/16/2007

Што ми требаше да гледам вести, и тоа на „Сител“. Баш се изнервирав:

„Според сознанија, на Сител, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да отстапи едно место во Комитетот за сметка на СДСМ, но не и да се промени Анита Кипаризовска – Крстевска, затоа што тоа би значело повреда на Уставот во делот на човековите права. Подготвени се и да се внесе измена во изборниот законик, со кој за следните избори ќе регулира – етничката припадност да се дефинира во моментот на поднесување на кандидатската листа.“ (ДУИ ВО БРИСЕЛ ЌЕ БАРА ПОМОШ ЗА СВОИТЕ БАРАЊА)

„… повреда на Уставот во делот на човековите права“?!? Не ми се верува.

За жал, мора да потсетиме на некои работи кажани претходно:

1) „ Да потсетиме, во Уставот не станува збор за Комитет за односи меѓу припадниците на заедниците, туку за Комитет за односи меѓу заедниците.

Имено, во амандманот XII се претпоставува дека пратениците не се политички претставници на граѓани (независно од етничкото потекло), туку политички претставници на „заедниците“: „Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.“

Оттаму, легитимно е оспорувањето на кандидатурата на некој/а пратеник/пратеничка за член на Комитетот за односи меѓу заедниците, врз основа на аргументи дека тој/таа не е релевантен претставник на таа заедница.

Имено, логично е да се постави прашањето како претставникот на таа заедница ќе „разгледува прашања од односите меѓу заедниците“ ако за некој кандидат за претставник на некоја заедница се докаже дека пред неколку месеци воопшто не се изјаснувал како припадник на таа заедница?

Тоа е резултат на тиранијата на етничкиот идентитет, која го девалвираше граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот, и индивидуалните права за сметка на колективните.“ (Консеквенците на тиранијата).

2) Да потсетиме, исто така, на еден „Непристоен“ и опасен предлог од страна на Окси, кој кореспондираше со политиката на ВМРО-ДПМНЕ. За жал, власта не ги сфати сериозно предупредувањата дека узурпирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците, и поигрувањето со „Бадентеровото мнозинство“, може да биде погубно за политичките желби на Македонија. Токму затоа стоиме у место цела година, и повторно од нас се бара „политички дијалог“, „политички консензус околу приоритетите“, функционирање на Бадентеровиот механизам – како услов за „меѓународната“ да почне да се занимава со нашите желби – ЕУ и НАТО.

Што да кажам на крај – г-ѓата Анита Кипаризовска – Крстевска може да си се изјаснува како ќе посака – утре, на пример, може да осознае дека е Ескимка – ама тоа не значи дека на тој начин ќе стекне легитимитет да биде политички претставник на заедницата на Ескимите!

Нејзините човекови права нема да бидат прекршени ако се поништи нејзиниот избор, како нелегитимен претставник на Влашката заедница, затоа што со тоа нема да биде прекршено нејзиното човеково право да си ја изразува својата етничката припадност, која и да е!

Со тоа ќе се оневозможат идни злоупотреби со идните кандидати за Комитетот, без да има потреба да се воведува ступидното правило „ етничката припадност да се дефинира во моментот на поднесување на кандидатската листа“ – кое само ќе ја зацврсти тиранијата на етничкиот идентитет!

И дајте луѓе, во Уставот убаво пишува - „Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.“

Ама, ниту некој го чита Уставот, ниту пак го играат „другарчињата“ нашиот Народен правобранител, кога станува збор за човековите права.

5 коментари:

Анонимен рече...

И?
Сеа ја крива излегов,а?! :)

Проблемот кај нас не е манипулацијата со Бадинтеровиот принцип (кој сам по себе е манипулација) туку обидот тој да важи и кај што не важи - за формирање на влада и обештетувањата во „конфликтот“ од 2001ва.
Тоа е целото „дијалогизирање“ ;)

Unknown рече...

Не бе Окси, што си ти крива што не функционира парламентот :)
Поентата е во друго: ете, видовме дека може да се формира Влада која нема Бадентерово мнозинство.
Ама, што со тоа ако парламентот не може да најде кворум за реформски закони?
Прагматични се аргументите.
А од конфликтот од 2001 не се обештетени ни Арачиновци, ни Матејчани, ни Терачани ни Лешочани. За жал.

Unknown рече...

Еве, и министерот за одбрана се согласува дека не ни функционира парламентот:
„Ние треба да се соочиме со нашиот главен предизвик што се вика политички дијалог, поточно се вика функционален Парламент, а тоа е највисокиот законодавен и демократски дом во една држава“, рече Лазар Еленовски, министер за одбрана. (A1)
Многу смотана изјава, мора да се признае.

Анонимен рече...

А бе, за да биде функционален парламентот, треба функционерите да функционираат. Сите парламентарци се функционери. И тие кои формираа влада и тие кои останаа опозиција. Треба да дејствуваат за тоа за што се избрани од народот а не затоа што не се избрани од владата. Комитетот беше само ИЗГОВОР на ДУИ за спроведување на НАМЕРАТА - по секоја цена да се биде во владата. Вистински дијалог би бил оној што ќе се води во парламент со парламентарци на седници со реформи на дневен ред. Не во преговори и убедувања со уценувања за функции кои не функционираат. Дисфункцијата е во тоа што наместо да глаголиме - ние ги членуваме именките, а со тоа се губат придавките :)

Unknown рече...

„Вистински дијалог би бил оној што ќе се води во парламент со парламентарци на седници со реформи на дневен ред.“
Баш ќе пишам нешто на таа тема - за тоа како „у живо“ функционира(ше) партиската машина за мелење на пратеничко месо.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week