Медиумски сеир со деца

5/16/2007

Не знам што е поужасно, дали настанот или пак самата вест:

14-годишно момче силувало седумгодишно дете во Браилово“.

Новинарот, демек, го прикрива идентитетот на момчето, објавувајќи само иницијали.

Но, колку ли 14-годишни момчиња, со иницијали X.X., живеат сами со својата баба во Браилово?

Што ако утре се испостави дека осомниченото момче е невино?

Или, „пресумпцијата на невиност“ е одамна мртва во Македонија?

Криви сме, со самото тоа што сме живи.

10 коментари:

Анонимен рече...

ako inicijalite se problem, togash probaj bez niv: kolku 14 godisni momcinja ziveat so svoite babi vo toa selo? ako i vozrasta e problem, probaj i bez nea: kolku momcinja voopsto ziveat so svoite babi tamu? daj svoja formulacija a ne samo blesavo da se uzasnuvas.

Unknown рече...

Еден од нас двајцата е „сакам кажам, не знам речам“. :)
Можеби сум јас.
Или требаше да кажам, можеби јас-не-сум-јас? :)

Анонимен рече...

Или пак, малолетниот Х.Х.
Па „подолу:)))“ во прилогот, родителите (со име и презиме)

Анонимен рече...

ne se budali. fino ti ponudiv namesto tvoeto 'ah, ah, kje stane li ovaa zemja neka svedska' da dades svoja formulacija na vest za siluvanje vo brailovo a pritoa da ne se narusi identitetot na licnostite & presumcijata na nevinost.
ajmo zare, posle tolku otstancani faksovi valjda mozes i da gi poducis glupite novinari na nesto svoe.

se citame?

Unknown рече...

Анонимно пријателче,
Ако новинарот не е во состојба да го заштити интегритетот и достоинството на жртвата, и да ја почитува пресумпцијата на невиност на осомниченото лице, тогаш би требало да се откаже од веста. Особено кога станува збор за малолетни лица.

Анонимен рече...

Не ме загрижува толку пресумпцијата на невиност што не била испошитувана (големи мадиња! На детето за тоа нешто последно му е гајле, откако вакво нешто му се случува), туку што ќе се случува со него од сега, откако ќе го дадат на „службите„. Не е бре тоа дете престапник, се уште не, али ќе направат, и тоа голем.

Анонимен рече...

Денес како навалија со тоа кој кого силувал.. веќе претерано е. Што дека ќе го кажат на вести? тоа треба да се прикрие. Има институции што ќе судат, а медиумите веќе пресудија: Доживотна етикета! Песната притвор за педерите треба да е притвор за новинарите, море голи оток.

Unknown рече...

Кога прво пресудува полицијата, па медиумите - а судот испаѓа само формалност - може ли воопшто да стане збор за демократска држава?
(прашањево е реторичко :)

Анонимен рече...

"We taint them today, we make them look good on Saturday. Everybody's happy. "
Neznam dali ste go gledale The paper so Michael Keaton,..tamu bas prikaznata bese za nesto vakvo

Unknown рече...

Фака за препораката, не се сеќавам дека сум го гледал.
Ама Роберт Дивал ми е омилен актер - ете што ќе барам у видеотека следниот пат :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week