Бил ли Македонецот – словен Ченто, марксист и атеист?

5/30/2007


Во својата автобиографија, Ченто раскажува како дошол во судир со црквата во однос на правото да живееш во невенчан брак:

„Летото 1929 година, кога бев во посета кај мојата свршеница Василка, кај поп Атанас дојде еден помлад поп Јован Грдановиќ, кој во разговорот ми префрли дека се занимавам со политика и тоа со погрешна марксистичка политика, која ја негира црквата...“
„Извесно време пред тоа читав дека во Војводина се склучува и граѓански брак пред општински матичар, а не во црква. Затоа на попот му реков дека луѓето можат да живеат во брак и без да бидат венчани во црква од попови, кои што проповедаат еднаквост, а најмалку прават неа да ја има, проповедаат да не се греши, а први грешат... Кога ми се закани дека ќе размислат дали да ме венчаат, му одговорив да не размислуваат, оти решив да склучам граѓански брак, а не да се венчавам во црква.“ (Ченто, Зборник на документи, стр. 498-499)

И така, Ченто склучил граѓански брак (со внука од поп!) во Нови Сад на 25 март 1930 год., ама веднаш бил казнет (заедно со жена му) од страна на полицијата со 20 дена затвор поради вонбрачен живот.

Ченто повел судски спор, и откако го добил (поради ненадлежност на полицијата), црквата продолжила да го прогонува и анатемисува. Цели 6 години му биле потребни на Ченто за да им докаже на судовите и на црквата дека неговиот брак бил полноважен.

Покрај неговиот отпор кон црквата, Ченто е познат и по својот отпор кон бугаризирањето и де-словенизирањето на Македонците. Еве што пишува за неговата посета на Софија во 1935 со соколското друштво:

„Бевме многу срдечно пречекани и уверувани дека ние сме Бугари. За тоа кусо време се уверив дека како што се разликуваме од Србите, така се разликуваме и од Бугарите и дека сме нешто посебно – Македонци, и тоа Македонци – Славјани. Пред тоа, честопати некој не поврзуваше како потомци на Александар Македонски, што е разбирливо, затоа што немаше историја напишана објективно, а вистината повеќе се прераскажуваше и притоа се правеа грешки. Верувајќи и неверувајќи на такви прераскажувања, во 1934 година, отидов во Грција – Солун и Атина и наполно се уверив дека нашите прадедовци немаат никаква врска со Александар Македонски.“

Еден ден пред да стапи во црковен брак, побожниот Груевски отиде да положи цвеќе на споменикот на Ченто и истиот ден ја величаше Македонија како библиска земја. За време на неговото „владеење“, скопскиот аеродром беше прво преименуван во „Александар Македонски“, па во „Александар Велики“, а се најавува и изградба на огромен споменик на Ацета среде плоштадот во Скопје.

Зошто имам впечаток дека Ченто се превртува во гроб?

14 коментари:

Анонимен рече...

темплејтов е крш, макпетрол зомбифицирана маслодајна :)

Анонимен рече...

кој го издал овој зборник? Зошто вадши работи од контекст? И дури и да бил атеист и дури да имал поинакво мислење во врска со историското потекло на Македонците, Ченто бил голем Македонец и патриот и верувај не се превртува во гробот бидејќи сега се оставарува неговиот сон за слободна Македонија. Инаку Ченто настрада од комуњарите токму поради идејата за независна Македонија. А како успеа да ги измешаш Груевски и Ченто и бракот на Груевски алал да ти е уште малце ќе го стигнеш оној забеганион како се викаше Коља мислам -)

Анонимен рече...

btw...не знам која ти е целта да го валкаш ликот на Ченто кој е еден од ретките Македонци кој отворено се спротиставил и на Србите и на Бугарите па и на негови сонародници Македонци кога почувствувал дека работат против македонските национални интереси. Бил ова бил она...Ченто бил патриот кој бил затворен а како последица на тоа и умрел, сето тоа во режија на комунистите. Не знам што не ти е јасно и на кого да веруваш? Верувај им на тие што го суделе ако не? Сега што ќе ја извадиш и пресудата од 50 година и ќе прашаш на кого да верувам на судот или на Ченто?

Unknown рече...

Како прво, никој тука не сака да го бербати ликот и делото на Ченто. Баш напротив. Идејата е да го запознаеме подобро и да дадеме одговор на прашањето: За што се борел Ченто?
Велиш - „...верувај не се превртува во гробот бидејќи сега се оставарува неговиот сон за слободна Македонија. Инаку Ченто настрада од комуњарите токму поради идејата за независна Македонија.“
Грешиш пријателе. И тоа многу грешиш.
Сонот на Ченто се нема остварено со „Република Македонија“, и Ченто не настрадал само „поради идејата за независна Македонија“, туку првенствено поради идејата за „Обединета Македонија“, а тоа се две различни идеи.
Еве што вика неговиот син, за сонот на Ченто, во неговата реакција во Утрински весник : „Единствено точно е дека мојот татко сметал дека, како Македонец, има долг да се бори за обединување на Македонија и дека искрено му верувал на Кузман Јосифовски оти исполнувањето на сонот на македонскиот народ може да се оствари во борбата против фашизмот.“
Еве ги клучните политички изјави на Ченто, пренесени од син му:
"Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг спрема својот народ. Обединувањето на македонскиот народ, односно целосна Македонија, сметам дека е можно да стане на два начина: или по пат на договор на балканските држави, кои треба доброволно да се согласат Македонија да се обедини и обединета да се приклучи во сојуз со некоја од трите балкански држави, кои сега држат по еден дел, т.е. Југославија, Бугарија или Грција, или ако тие не се согласат, тогаш големите сили, во интерес на балканскиот мир, треба да ја обединат како независна држава, која според мое мислење треба да биди јатката околу која ќе се оствари балканското единство. Ако не може со договор, тогаш Обединетите нации треба да организираат плебисцит во цела Македонија за да се види желбата на народот, не само во него во интерес, туку во интерес на балканскиот и на светскиот мир.“
Како што може да се види, приоритет на Ченто било обединувањето на Македонија, а независноста била земена предвид како опција под услов Македонија да не се обедини во рамките на „некоја од трите балкански држави, кои сега држат по еден дел, т.е. Југославија, Бугарија или Грција“.
Значи, не само КПМ и СДСМ, туку и ВМРО-ДПМНЕ ги има изневерено идеалите на Ченто за „обединувањето на македонскиот народ, односно целосна Македонија“.

Unknown рече...

„макпетрол зомбифицирана маслодајна :)“
фала ти за идејата, можда ќе сакаат да ме спонзорираат ако ги рекламирам :)

Анонимен рече...

Кај нас луѓето најмногу се плашат да се соочат со фактите. Слично какошто децата, кога некој аргументирано им кажува дека згрешиле тие ги затвораат уште и велат, немој да ми збориш, не сакам да слушам. Е големите пак тоа го викаат валкање на ликот и делото:-)
Или кусо, некои луѓе едноставно не можат да се издигнат и да почитуваат некого со различни ставови од нивните.

Unknown рече...

„...некои луѓе едноставно не можат да се издигнат и да почитуваат некого со различни ставови од нивните.“
Има и такви кои не можат ни да си претстават дека некој може да почитува некого, и покрај различните ставови. :)

Анонимен рече...

Значи тебе целта ти е подобро да го запознаеме ликот и делото на Ченто но уште еднаш те прашувам од каде ти се тие податоци за Ченто како атеист? Кој го напишал тоа?Дали е тоа пишувано за време на комунистичка Македонија? И еве да прифатиме дека тоа е вистина, зошто е потребно да направиш цел пост за една изјава на Ченто кој ете може во тој период не бил во добри односи со црквата? Кога сакаме да го запознаеме ликот и делото на еден човек треба да се концентрираме на неговите идеали и постапувања. Ченто нема да биде запаметен како борец против црквата како што сакаш ти да го претставиш туку како патриот и борец за обединета Македонија. Човек кој успеал да се спротистави и на српските монархисти и на бугарските фашисти а подоцна и на македонските и српски комунисти. Затоа сметам дека постот ти е злонамерен. Можеби таргетот не ти е Ченто туку Груевски но во секој случај не е во ред да го злоупотребуваш Ченто.
Што се однесува до втората поента во право си. Но поентата ми беше дека Ченто ќе беше сигурно пресреќен затоа што постои независна македонска држава, инаку не се секирај знам кои биле неговите идеи ја имам и книгата посветена на Ченто. Уште еднаш да повторам дека дури и да се вистинити тие негови изјави за словенството и за атеизмот, Ченто со сигурност денес не би се спротиставувал на именувањето на скопскиот аеродром во Александар Велики или пак за црковниот брак(овој проблем можеби бил поттикнат и од тоа што црквата била под контрола на српските власти).

Unknown рече...

Цитатите се од Зборникот документи „Ченто“, издание на Државниот архив на Македонија.
Автобиографските белешки се диктирани од самиот Ченто, на неговите синови, пред неговата смрт.
Инаку, една од поентите на постот е токму да се разобличи злоупотребата на ликот и делото на Ченто од страна на денешните политичари.

Стойчо рече...

Жарко, търси истината САМ! Без да се поддаваш на външни внушения
Успех!
Но, честно казано, сега не знаеш с какво си се захванал - ще получиш неочакван от теб резултат

Unknown рече...

Стојчо, се надевам и дека ќе припомогнете во „потрагата по вистината“, кога ќе ја посетам некогаш Бугарија - штом визите ќе ни ги укинете :)

Стойчо рече...

Ами ние с Комитата отдавна призоваваме някой (ама наистина) независим изследовател от Македония да дойде и да проучи нещата - за да престанат глупостите, които се пишат по мак-вестниците и мак-блоговете за България.
И за това призовавахме и преди 01 януари - ама и тогава никой не искаше да го направи.
Иначе визите ще паднат, но е тема на друга разговор кога :-)

Анонимен рече...

А може Ченто само имал отпор ко тогашните српски свештеници бидејќи Македонија била под Српска окупација, а со самото тоа и под СПЦ??? А може и не, чисто онака, како опција, дека човекот нели бил целосно посветен на македонштината, па може и преку црквата го искажувал својот отпор против српската окупација???

Unknown рече...

И во однос на самостојноста на црквата Ченто бил визионер. Еве што истакнуваат некои хроничари тука тука
„На првиот Црковно-народен собор, одржан на 4 и 5 март 1945 година во Скопје, во името на државата делегатите ги поздравил Методија Андонов - Ченто, претседателот на президиумот на АСНОМ, кој истакнал дека македонскиот народ има полно историско право да си има своја автокефалност и своја Црква, изнесувајќи ја историската и културно-просветната улога на македонските просветители и учители. Ченто го подвлекол фактот дека македонскиот народ денес е слободен и како таков сам може да си ги разрешува своите проблеми. Македонскиот народ страдаше. Со него страдаа и гинеа и свештеници. Во борбите што се водеа за слобода на Македонија во првите редови се најдуваа и народните свештеници. Од името на Президиумот на АСНОМ, поздравувајќи го овој Собор, Ви пожелувам успех во Вашата работа - истакнал на крајот Методија Андонов Ченто, првиот човек на Првиот македонски парламент и неговиот извршно-политички орган - Президиумот.“

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week