Неверојатна злоупотреба на идејата за Нудистички плажи во Македонија:
„Плажата веќе ја крстивме 'Валијант бич'. На отворањето музика ќе пушта унгарската порно актерка Ники Белучи која од пред неколку години стана и позната диџејка, а гостите ќе ги загрева и атрактивната Вилма Вилок од Скопје", вели Горан Милиќ.
Тој најавува и богата летна програма со познати порно глумици кои секоја недела ќе доаѓаат со туристички тури во Охрид.“ (Нудистичка плажа на Градиште)
Каква врска има нудизмот со порно индустријата?
„Нудизмот не е порнографија“, е едно од основните начела на натуризмот.
7 коментари:
Дури сега видов дека пишал и Волан на темава.
А бе ова го има само у Македонија... Многу работи не ни се јасни. Или не сакаме да ни бидат јасни. Мислам, дај види - медиокритетска бљувотина им е кампањава...
П.С. Добар дизајн :)
Некои работи треба да се разголат, за да станат појасни :)
Ах, ти чепнаа во жичката кај што не требаше!
ПС2: Доообар дизајн. Ми доаѓа да ги (с)облечам купаќите! :-))
Ако не му текне на ВББ да направи нудистичка журка на блогот, тогаш ја ќе се погрижам за таква работа :)
Идејата на мојот пост е да потенцирам дека Охрид треба да има нудистичка плажа (ако има диви зошто да нема питоми :) )- за да прибере клиентела која тоа го сака ... а клиентелата да не се врти и трга де лево де десно ...
А порно идустрија и нудистичка плажа ... мислам дека се тоа две теми ...
Но во светот постои и порно индустрија - па ако за тоа има клиентела треба и таков бизнис да има ... се разбира од тоа државата има корист ... некој плаќа даноци ... ако плати де ...
Порното и порно идустријата не ми е тема на мојот пост ...
Нудизам е сепак нешто друго ... Нудизам е темата на мојот пост ...
Се согласуваме, темата повторно ја отвори „Вест“, ама во случајов се работи за специфична „нудистичка“ плажа.
Се прашувам само, дали на плажата ќе има и презентации на сексуалните помагала од секс-шоповите на „Валијант“?
Објави коментар